вторник, септември 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Божиновска со добитниците на „Инженерски прстен“: Вашите идеи се потенцијал за Македонија

by Redakcija
22.09.2026
in Економија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се сретна со годинешните добитници на престижното признание „Инженерски прстен“, при што разговарала со младите инженери за нивните идеи, проекти, интереси и визии за професионалната иднина.

Божиновска истакна дека знаењето, иновативноста и идеите на младите инженери можат да имаат значајна улога во развојот на Македонија, охрабрувајќи ги да продолжат да учат, создаваат и своите идеи да ги претвораат во конкретни решенија.

„Нивниот успех не е само личен успех, тој е и потенцијал за напредок на Македонија“, посочи Божиновска.

Таа нагласи дека институциите имаат обврска да создаваат услови за развој на младите и да бидат нивен партнер во реализацијата на нивните идеи и иницијативи.

Од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Божиновска порача дека младите инженери имаат место и можност да ги претстават своите идеи, иницијативи и проекти.

Признанието „Инженерски прстен“ годинава се доделува по 23. пат, а досега со ова признание се закитиле 257 млади инженери.

Божиновска упати честитки до годинешните добитници, посакувајќи им успех, храброст и истрајност на патот на знаењето и иновациите.

…

Related Posts

Дизелот поскапува од полноќ – Ова се новинте цени

21.09.2026

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,41 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

21.09.2026

Божиновска: Природата ни го подари богатството, институциите создаваат систем што ќе му даде вредност, заштита и препознатливост

21.09.2026

Рударство.мк: Европа ја зголемува побарувачката, нова можност за македонското рударство

21.09.2026

Пад на цените на нафтата на најниско ниво во последните десет дена

21.09.2026

Бензинот и дизелот во ЕУ најскапи во последните 20 години

19.09.2026

Препорачани Вести

Радовиш повторно ќе дише во ритамот на борењето

4 месеци ago

Нетанјаху најавува зголемување на израелските напади врз Иран

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Им свирел на полицајците да забрзаат, а потоа завршил во затвор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заборавете на класичното греење: Овие системи можат да ја намалат потрошувачката на струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Овој зеленчук е подобро да го купувате замрзнат: Готвачите велат дека така е повкусен и поквалитетен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Три години издавал лажни решенија за приватизација на земјиште – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АфД подготвува средба со пратеникот на Путин за враќање на рускиот гас во Германија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.