четврток, септември 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Воздушна тревога во Романија: Дрон падна кај Солка, во акција Ф-16

by Redakcija
24.09.2026
in Балкан

Screenshot

Дрон падна во близина на градот Солка, во округот Сучеава, Романија, откако претходно влегол во романскиот воздушен простор, соопшти романското Министерство за национална одбрана.

Инцидентот се случил рано утрово, на 24 септември. Радарскиот систем на романското Министерство за одбрана првично регистрирал воздушна цел на украинска територија, во близина на границата со Романија, во северниот дел на округот Ботошани. Според радарските податоци, целта потоа влегла во романскиот воздушен простор. 

Два романски борбени авиони Ф-16 полетале од воздухопловната база Бoрча за да ја следат ситуацијата. На населението во окрузите Ботошани и Сучеава му било испратено предупредување преку системот RO-Alert. 

Според дополнителното соопштение на Министерството, воздушната цел се движела околу четири минути во романскиот воздушен простор, по што се урнала во близина на Солка.

Екипите на Министерството за внатрешни работи го обезбедиле местото и идентификувале мал дрон, а на местото на падот немало пожар. Во инцидентот нема жртви ниту материјална штета. Подоцна во областа бил испратен и хеликоптер IAR-330 SOCAT за дополнително набљудување. 

Романските власти засега не соопштија дека дронот бил руски или дека станува збор за „самоубиствен дрон“. Потеклото и точниот тип на леталото се предмет на дополнителна истрага.

…

Related Posts

Вози 160 км/ч, има Wi-Fi и работи на два погона: Хрватска го покажа новиот воз

24.09.2026

Европскиот пат на Црна Гора под знак прашалник: Хрватска бара решавање на старите спорови

24.09.2026

Шефицата на албанската тајна служба во притвор: Пронајдени и документи со државна тајна

23.09.2026

Претседателот на „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, на средби со претставници на ФУЕН

21.09.2026

Грција ќе дава до 10.000 евра помош за семејства кои ќе се преселат во пограничните области

21.09.2026

Македонците во Мала Преспа го одбележаа Раѓањето на Пресвета Богородица на островот Мал Град

21.09.2026

Препорачани Вести

Италијански готвач ја откри грешката што речиси сите ја прават при варење тестенини: Поради неа вкусот никогаш не е совршен

3 месеци ago

Продолжува политичкиот ќор-сокак во Бугарија

8 месеци ago

Популарни Вести

  • „Тиквеш“ ја лансира Lyxa, линија премиум македонски вињаци насочена кон извозните пазари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема линеарно покачување на пензиите: Еве за колку ќе се зголемат септемвриските пензии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Воздушна тревога во Романија: Дрон падна кај Солка, во акција Ф-16

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • БУЛЕВАР ПОБАРА ОДГОВОРИ ОД АХВ: ВРАТЕНА ПРАТКА ОД НАД 11.000 ПАКУВАЊА МАКЕДОНСКО КИСЕЛО МЛЕКО ОД БУГАРИЈА – ИМА ЛИ РИЗИК ЗА ДОМАШНИТЕ ПОТРОШУВАЧИ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вози 160 км/ч, има Wi-Fi и работи на два погона: Хрватска го покажа новиот воз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

Здравје – Вистинското има вкус
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.