четврток, септември 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Во штипско училиште забранети телефоните, чипсот, смоките и обоените сокови

by Redakcija
24.09.2026
in Република

Нови правила воведе ООУ „Димитар Влахов“ во Штип, каде што околу 930 ученици од оваа учебна година имаат ограничувања за користење мобилни телефони, но и за внесување одредени видови храна и пијалаци.

Мерките биле договорени со родителите уште пред завршувањето на минатата учебна година. Целта е учениците да бидат повеќе насочени кон наставата, дружењето и создавањето поздрави навики.

Телефоните смеат да ги носат само учениците на кои навистина им се потребни, на пример поради организација на превозот и враќањето дома. Во тие случаи уредот треба да биде без интернет, исклучен и предаден кај класниот раководител веднаш по пристигнувањето во училиштето.

Новите правила се однесуваат и на исхраната. Во училиштето не е дозволено учениците да носат чипс, смоки и обоени сокови. Наместо тоа, трипати неделно им се обезбедува свежо овошје.

Училиштето, во соработка со локални пекари, подготвило и мени со јогурт, печива и други оброци, додека од пијалаците се дозволени вода, млеко и домашни сокови.

Директорот Дејан Здравков вели дека со ограничувањето на телефоните се очекува да се намали зависноста од електронските уреди и да се поттикне поголема директна комуникација меѓу учениците.

Одлуката е поддржана од Наставничкиот совет, Училишниот одбор и Советот на родители. Од раководството на училиштето велат дека веќе по првата недела се забележуваат позитивни промени во однесувањето на учениците.

…

Related Posts

Општина Битола: Околу 500 ученици учествуваа на „Есенскиот крос“

24.09.2026

Падна првиот снег во Македонија – Ова е среќната планина

23.09.2026

Коњановски: Битола ја одбележува Европската недела на спортот со младински футсал турнир

23.09.2026

Проданоски: „Гентерм“ 10 години создава работни места и можности за прилепчани

23.09.2026

Коњановски со австралискиот амбасадор: Фокус на инвестициите и македонската дијаспора

23.09.2026

Проданоски: Отвораме нови можности за австралиски инвестиции во Прилеп

22.09.2026

Препорачани Вести

Попова Шапка се отвора за инвеститорите: Нова жичарница од Тетово ќе овозможи целогодишен туризам

9 месеци ago

Гостивар празнично украсен во пресрет на Велигден

6 месеци ago

Популарни Вести

  • САД го одбија условот на Иран за Ормускиот теснец: „Вие не го контролирате“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Јадранското Море пуштаат илјадници октоподи: Имаат само една задача

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ураганот Поло достигна категорија 5: Се следи и можен редок ефект со друг ураган

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во штипско училиште забранети телефоните, чипсот, смоките и обоените сокови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве од кога граѓаните ќе можат да имаат лична карта и возачка дозвола на телефон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

Здравје – Вистинското има вкус
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.