Мислите поврзани со Сигмунд Фројд и денес често се користат за објаснување на човечкото однесување, односите меѓу луѓето и различните карактерни особини.
Една од пораките што често му се припишуваат на Фројд се однесува на начинот на кој треба да реагираме кога нечие однесување ќе нè изненади, разочара или посрами.
Кога ќе се соочиме со постапки или изјави кои тешко ги разбираме, наместо веднаш да влеземе во конфликт, важно е да застанеме и да размислиме со каква личност имаме работа.

Луѓето кои имаат потреба да ги омаловажуваат другите често се обидуваат туѓото мислење да го прикажат како неважно или бесмислено. Во такви ситуации нема потреба од бескрајни расправии, ниту од постојано докажување дека сте во право.
Не мора да се спуштате на нивно ниво
Доколку сметате дека разговорот има смисла, можете да ги објасните своите ставови и да ѝ помогнете на другата личност да ја согледа ситуацијата од поинаква перспектива.
Сепак, не треба да се инсистира по секоја цена. Некои луѓе едноставно не се подготвени да признаат дека згрешиле, без оглед на аргументите што ќе им ги понудите.
Во таква ситуација, понекогаш најдобриот избор е да се дистанцирате и да го зачувате сопствениот мир.
Однесувањето на другите не треба да биде причина да ги намалувате сопствените стандарди или да прифаќате постапки кои не ви се прифатливи само за да добиете нечие одобрување.
На крајот, нема потреба да го жртвувате сопственото достоинство за да го добиете прифаќањето или довербата на некого. Некои расправии едноставно не се вредни за времето и енергијата што ќе ги потрошите на нив.
…












