вторник, ноември 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

ЕУ исплати нови 2,9 милијарди евра за Украина: Вкупната поддршка надмина 32 милијарди

by Redakcija
05.10.2026
in Свет
zelenski

Европската комисија исплати 2,9 милијарди евра на Украина за поддршка на нејзините финансиски потреби и функционирањето на јавната администрација, откако Киев спроведе неколку клучни реформи.

Исплатата е реализирана во рамки на Инструментот за Украина, финансиски механизам на Европската Унија наменет за закрепнување, обнова и модернизација на земјата, како и за нејзино приближување кон Унијата.

„Со денешната исплата помагаме да се зачува финансиската стабилност на Украина и ги поддржуваме инвестициите кои ќе бидат темел на нејзиното идно закрепнување“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Од вкупно 2,9 милијарди евра, 800 милиони се обезбедени преку заем за поддршка на Украина, додека преостанатиот износ е исплатен преку Инструментот за Украина.

Ова е осма транша исплатена во рамки на овој инструмент, кој беше воспоставен во 2024 година како повеќегодишна програма во вредност од 50 милијарди евра за периодот од 2024 до 2027 година.

Исплатата на средствата е условена со спроведување на конкретни реформи. Украинската влада има изработено план со реформи и конкретни чекори кои треба да бидат реализирани за повлекување на средствата.

Со најновата исплата, вкупната финансиска поддршка што Европската Унија ѝ ја исплати на Украина во рамки на овој план надмина 32 милијарди евра.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

ВОЈНАТА СЕ ШИРИ НА ДВЕ МОРИЊА: Украина нападна руски бродови од Финскиот Залив до Либија

24.11.2026

Ле Пен категорична: Украина нема што да бара во Европската Унија

24.11.2026

Масовни депортации од Германија? Лидерот на AfD излезе со предлог за 2,6 милиони странци

24.11.2026

Русија со сериозно предупредување до Естонија: „На работ сте да предизвикате отворена војна“

23.11.2026

Масовна евакуација во Украина: Зеленски побара помош од САД

23.11.2026

Путин: Крајот на војната зависи од Украина – Киев мора да ги прифати компромисите

23.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

„Ефтина струја, скапа безбедност?“ Ново видео ја разгоре дебатата за кинеските електрични автомобили – ВИДЕО

10 месеци ago

Субвенции за адаптација на домови за лица со попреченост во Општина Битола

9 месеци ago

Популарни Вести

  • Цигарите треба да станат „изгор“ скапи: СЗО бара драстично зголемување на цените во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трипати се обидела да пушти лажна банкнота од 50 евра: 66-годишна тетовчанка заработи кривична

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски пред Американската стопанска комора: Дигитална држава значи развој и просперитет, одлучивме државата да ја движиме кон патот на развојот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Средба на министерката Божиновска со шведскиот амбасадор Солстром: Силна поддршка за првиот форум за енергетска дипломатија и интензивирање на инфраструктурната соработка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВОЈНАТА СЕ ШИРИ НА ДВЕ МОРИЊА: Украина нападна руски бродови од Финскиот Залив до Либија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.