четврток, октомври 15, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Милошоски: Едно вето е доволно за блокада на македонскиот јазик во ЕУ, тоа се „успесите“ на СДСМ и Филипче

by Redakcija
15.10.2026
in Македонија, Топ Вести

Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ, објави Антонијо Милошоски на својот фејсбук профил, кој го пренесуваме во целост.

„Една од тезите со која Филипче ја манипулира јавноста дека бугарското барање за уставни измени не носи ризици по националниот идентитет е тврдењето дека преговарачката рамка гарантира дека македонскиот јазик ќе стане и еден од службените јазици на ЕУ. Ова е голема манипулација која има за цел да создаде чувство на лажна сигурност и обид политички да се покрие грешката со која владата на СДСМ го прифати бугарското билатерално прашање како составен дел од “францускиот предлог”.

За жал, демантот на ваквото лажно тврдење на претседателот на СДСМ доаѓа токму од документите на ЕУ, меѓу кои е и последната стратегија “Preparing for a wider Union”, каде се нагласуваат членот 55 од Договорот за ЕУ и чл.342 од Договорот за функционирањето на ЕУ. Правилото е едноставно: официјалните јазици на институциите на ЕУ, без исклучок, се определуваат со едногласна одлука од страна на Советот на ЕУ! Односно, ЕУ може да добие нов службен јазик ако тоа биде побарано од земјата кандидат која преговара, но под услов ниедна земја членка да нема приговор/ вето на таквото барање.

Ваквата методологија на одлучување во комбинација со Декларацијата која официјална Софија ја достави до Советот на ЕУ во јули 2022 со нагласување дека споменувањето на македонскиот јазик во преговарачката рамка не може да се толкува како негово признавање од страна на Бугарија, е доволна и за политички аматер да може да погоди која ќе биде земјата која ќе стави вето за впишување на македонскиот јазик како официјален јазик на ЕУ, при евентуална можност за зачленување во Унијата. За жал, тоа се “плодовите” од сервилните потписи на владата на СДСМ и ДУИ ставени на Договорот за добрососедство од август 2017, како и на вториот протокол и анекс на Договорот од јули 2022 година. Евтините потписи на Заев и Бујар Османи, скапо ќе ја чинат Македонија и ќе бидат постојан ризик за официјалната промоција на македонскиот јазик во рамките на ЕУ.

Користењето на терминот македонски јазик во преговарачката рамка на ЕУ не е ист правен акт со потребата од нова едногласна одлука за негово вклучување меѓу официјалните јазици на ЕУ во иднина. Тука ветото од Бугарија, според досегашниот однос на официјална Софија, е кец во кец.

Затоа, кога станува збор за идентитетските прашања и македонскиот јазик, важно е да се знае реалноста, а тоа е дека со ниту еден документ досега не е потврдено, уште помалку загарантирано дека македонскиот јазик би добил едногласна одлука за да биде впишан како еден од службените јазици на ЕУ при евентуалното членство во сојузот. Од страна на Македонија ќе биде потребно да се вложи огромен политички напор, континуиран дипломатски ангажман и сериозни сојузници за да се поправат овие трасирани грешки на претходната влада.

И на крај во контекст на оваа тема, добро е да се напомене дека во моментов во Брисел се водат преговори дали да во подготвувањето на нацрт пристапниот Договор за евентуалното членство на Црна Гора во ЕУ да се впише и црногорскиот јазик како нов службен јазик на Унијата. Без да се прејудицира исходот, засега дипломатски може да се рече дека за оваа тема кај најмалку една земја членка постојат лингвистички дилеми. Дилемата пак за буџетските трошоци и логистиката за превод во секоја ЕУ институција на уште еден нов официјален јазик е дополнително присутна кај уште 2-3 членки. Но, за неколку месеци ќе има и појасна слика за оваа тема, како и за политичката клима дали во ЕУ постои едногласност за нови официјални јазици.

Компаративно, без разлика на нивните историски спорови и конфликти, сепак рационалноста на Шпанија и Португалија, на Германија и Полска, како и разумноста на Данска и Шведска, за жал, сеуште се далечни стандарди во споредба со (не)прагматичноста на Бугарија во односот кон Македонија“.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Димитровски: Битола работи на зелени решенија и искористување на обновливите извори

15.10.2026

Русески останува на ставот и по три рочишта: Во „Пулс“ имало уредување, а не реконструкција

14.10.2026

Тоневски: Проекти од над 100 милиони денари во Пробиштип, следуваат уште 70 милиони

14.10.2026

Работодавачот на загинатиот Бесим Дурмиши бара правда: „Беше искрен, чесен и многу вреден“

14.10.2026

Ќе ја предаде ли Софија Ива Михаилова? Бугарското МВР се повика на нејзиното државјанство

14.10.2026

Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, нема поместување ниту милиметар

15.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Кривична пријава против фирма и одговорно лице: Со фалсификувани документи заработиле речиси 1,5 милиони денари

4 месеци ago

Уметноста на живеењето како заедничка вредност: Diners Club и Драмски театар во нова ера на соработка

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Димитровски: Битола работи на зелени решенија и искористување на обновливите извори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Милошоски: Едно вето е доволно за блокада на македонскиот јазик во ЕУ, тоа се „успесите“ на СДСМ и Филипче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од купување станови до градежни фирми: Нов потег на данскиот инвеститор во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Песните на Тоше ќе одекнат во Сплит: Концерт во чест на неговото музичко наследство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До пет години затвор во Чешка за поддршка на комунистички движења што ги потиснуваат човековите права

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.