Connect with us

Инфо +

(Видео) HATO вojници yпaднаа во бугарска фабрика – Радев ифpит лyт

Published

on

Бурна реакција од страна на претседателот Румен Радев предизвика упадот на НАТО војниците кои по грешка влегоа фабрика во близина на градот Пловдив, при што предизвикаа страв кај сопственикот и вработените.

– Апсолутно е недопустливо животот и спокојството на бугарските граѓани да бидат изложени на ризик од страна на воените формации, без оглед дали се припадници на бугарската или на странска армија – изјавил денеска Румен Радев на средба со министерот за одбрана Георги Панајотов и на генерал-потполковник Љубчо Тодоров.

Причината за средбата бил упадот на американски војници за време на вежба во производствена работилница во близина на селото Чешнегирово.

Бугарскиот претседател побарал истрага за да се идентификуваат одговорните за немилиот настан.

– Вежбите со нашите сојузници на територијата на Бугарија треба да придонесат за поголема безбедност и доверба во колективната одбрана, а не да создаваат тензии меѓу бугарските граѓани – нагласи шефот на државата.

Европа

Блумберг: Европа се соочува со нова енергетска криза

Published

on

Европа се соочува со нова енергетска криза во услови на раст на цените и намалени резерви на гас, пишува Блумберг.

„Брзото исцрпување на резервите на гас и претстојното намалување на испораките од Москва навестуваат нова енергетска криза за Европа, која сè уште се опоравува од шоковите од пред две години“.

Забележано е дека ескалацијата на ситуацијата во Украина предизвика зголемување на цените на бензинот за приближно 45% во 2024 година.

Дополнително, испораките на гас се намалуваат бидејќи побарувачката за греење се зголемува во услови на ниски температури, а ветровитата суша бара поголема употреба на гас за производство на електрична енергија.

Претходно беше објавено дека Русија во септември стана главен снабдувач на гас на Европската унија за првпат од пролетта 2022 година.

Continue Reading

Македонија

Дали од 29 Ноември Балканот ќе го зафати нов студен и снежен бран?!

Published

on

Глобалниот прогностички модел (GFS) црта ново спуштање на многу ладен воздух од север и од североисток од 29 Ноември, овој бран повторно ќе донесе провејување на снег, но дали точно тоа ќе биде во вид на провејување или ќе имаме побилни врнежи останува да видиме што ќе каже неговото следно ажурирање, исто така до вечерва ќе видиме дали и Европскиот прогностички модел (ECMWF) ќе се усогласи со овој ладен бран кој го црта овој модел!

Наскоро следува официјална метео анализа токму околу оваа ситуација.

Continue Reading

Инфо +

Утре делови од Скопје и други населени места без струја

Published

on

Утре, 25 ноември 2024 година (понеделник), делови од Скопје и неколку други населени места низ државата ќе бидат краткотрајно без електрична енергија поради планирани работи на електро-мрежата. Компаниите задолжени за одржување апелираат за трпение и најавуваат навремено враќање на снабдувањето.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк