среда, октомври 21, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Полицаец осомничен дека им „прогледал низ прсти“ на возачи кои возеле над 150 км/ч

by Redakcija
21.10.2026
in Црна Хроника

Кривична пријава е поднесена против полициски службеник од Тетово, осомничен дека несоодветно санкционирал двајца возачи кои возеле со брзина над 150 километри на час на делница каде што ограничувањето било 100 километри на час.

Одделот за внатрешна контрола при МВР го пријавил К.С., вработен во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, поради сомнение за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“.

Според МВР, случајот се случил на 2 февруари 2025 година. Друг полициски службеник со радар измерил брзини од 154 и 151 километар на час кај две возила, по што го известил К.С. да ги запре.

Откако ги запрел возилата и ги идентификувал возачите, К.С. на едниот му издал писмено предупредување, а на другиот прекршочен платен налог со глоба од 45 евра.

Според наводите во пријавата, двајцата возачи требало да добијат глоби од по 300 евра во денарска противвредност. Од МВР наведуваат дека со ваквото постапување полицаецот им овозможил поповолна правна положба и избегнување на соодветните санкции.

Пријавата е поднесена до специјализираното одделение при Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, надлежно за кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Царината пресече обид за шверц: Лекови од 336.000 денари сокриени во автобус

21.10.2026

Кумановец заврши во станица: Во деловен простор пронајдени 28 сигнални пиштоли без дозвола

21.10.2026

Шестгодишно дете тешко повредено во судир на автомобил и тротинет во Скопје

20.10.2026

Напад врз ученик пред средно училиште во Скопје: Според пријавата, едно лице извадило пиштол

20.10.2026

Кривична пријава против поранешниот директор – Ова се деталите

20.10.2026

НОВИ ДЕТАЛИ за обидот за двојно убиство во Скопје

19.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Димитриеска-Кочоска: Британските инвестиции носат развој и нови можности за македонската економија

6 месеци ago
Кина посредува за смирување на конфликтот меѓу Пакистан и Авганистан

Кина посредува за смирување на конфликтот меѓу Пакистан и Авганистан

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Царината пресече обид за шверц: Лекови од 336.000 денари сокриени во автобус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ќе учествува на Самитот на Берлински процес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каде се заработуваат милиони? УЈП ги откри највисоките плати, дивиденди и годишни приходи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Поставени нови столчиња на стадионот „Гоце Делчев“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски дизел утре тргнува за САД: Првата пратка ќе изнесува 40.000 тони

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.