На 21. октомври 2026 година, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, оствари средба со г. Бредли Гарднер, шеф на политичко-економскиот оддел при Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, и со г. Ендрју Ковтун, политички советник при истата амбасада.
На средбата присуствуваа и Неговото Преосвештенство, Епископот Хераклејски г. Климент, секретар на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска архиепископија, како и протојерејот Даниел Јовановски, шеф на Кабинетот на Архиепископот.
Средбата помина во пријатна атмосфера, при што соговорниците разговараа за богатото историско и духовно наследство на христијанството во Македонија, како и за современите состојби и предизвици во сеправославниот свет.

Извор: https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/sredba-na-arhieposkopot-so-bredli-gardner/
…











