Полициски службеници од СВР Штип денеска, 23 октомври, го лишиле од слобода И.Д. (40) од Штип, откако при претрес во неговиот дом и помошните простории биле пронајдени марихуана, грутчеста материја, дигитални ваги и пари.
Претресот бил извршен по наредба на Основниот суд Штип. Според МВР, биле одземени една ќеса со марихуана, една ќеса со грутчеста материја и три дигитални ваги со остатоци од бела грутчеста материја, како и пари.
И.Д. бил задржан во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител.

По целосното документирање, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
…











