Познатиот холивудски актер Адријан Грениер во интервју за списанието „Остин лајф“ проговоре за неговата преселба од Лос Анџелес во Тексас и што било причина за да го напушти холивудскиот живот.
44-годишниот актер, најпознат по улогата на Винсент Чејс во хит-шоуто „Entourage“ на „HBO“, изјави дека првпат купил имот во Остин пред пет години и веднаш му се допаднала културата.
„Имав пријатели овде, водев бизнис тука и ми се допаѓаше темпото“, рече Грениер. „Луѓето се паметни и успешни, но тие не го истакнуваат тоа. Нема што да се докаже, луѓето ве прифаќаат и едноставно веднаш се чувствувате добро“, додаде тој.
Откако со години живеел во Лос Анџелес и бил вклучен во активизам за животната средина, Грениер вели дека се чувствувал одделен од работите за кои се залагал.
„Во последните 20 години се занимавав со еколошка работа. Отворив непрофитни организации, сите дизајнирани со цел да им кажам на луѓето да живеат повеќе во согласност со природата – а сепак, јас не живеев на тој начин“, истакна тој.
На крајот, Грениер се посветил на својот живот, велејќи дека „мора да се справи со некои лични работи“ што претходно ги избегнувал. Тој и неговата девојка, студент по акупунктура по име Џордан Ромеле, купиле куќа надвор од Остин.
И покрај заминувањето на село, актерот вели дека не се кае што живеел во големите градови.
„Не ми недостига ништо за тој свет. Ако се уклучите на Инстаграм, ќе го видите тој страв да не се пропушти нешто, но сите само се преправаат дека го живеат својот најдобар живот“, вели тој.
Од последната сезона на „Entourage“ во 2011 година, Грениер се појави во различни проекти, вклучувајќи го филмот „Trash Fire“ од 2016 година и филмот „Marauders“ од 2016 година. Актерот и активист беше именуван за амбасадор на добрата волја на Обединетите нации за време на Светскиот ден на животната средина во 2017 година.