среда, ноември 4, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Коњановски: Да ги чуваме вредностите на слободата и да градиме подобро утре – доделени наградите „4 Ноември“

by Redakcija
04.11.2026
in Република

Актерката Соња Михајлова е добитничка на наградата „4 Ноември“ за животно дело, додека признанијата за едногодишни достигнувања им припаднаа на професорот д-р Горан Илиќ, д-р Маргарита Камбовска и спортскиот учител Кире Марков. Наградите беа доделени на свечената академија во Центарот за култура, по повод 82 години од ослободувањето на Битола.

Градоначалникот Тони Коњановски во своето обраќање истакна дека 4 ноември 1944 година останува трајно врежан во меморијата на градот како ден на слободата, надежта и можноста животот повторно да се гради во мир.

Тој нагласи дека почитта кон борците и нивните жртви подразбира и одговорност на денешните генерации да ги зачуваат вредностите за кои тие се бореле.

„Наследството живее во нашата посветеност да ги поддржуваме вредностите на слободата, правдата и мирот. Наша должност е да се погрижиме нивните жртви никогаш да не се заборават, а лекциите од историјата да нè водат во нашата потрага по подобро утре“, порача Коњановски.

Добитниците ги соопшти претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски. Тој истакна дека признанијата се благодарност за личниот и колективниот придонес во развојот на градот и поттик за младите генерации.

Соња Михајлова наградена за животно дело

Наградата за животно дело ѝ беше доделена на Соња Михајлова за придонесот во културата и драмската уметност. Во образложението се истакнуваат нејзината 42-годишна кариера, повеќе од 150 улоги на матичната сцена и бројните настапи во земјава и во странство.

Михајлова беше членка на ансамблот на Народниот театар – Битола од 1984 до 2022 година. Покрај театарските остварувања, публиката ја познава и од „Бушавата азбука“, „До балчак“, „Кајмак“ и други филмски и телевизиски проекти.

Признанието, за кое ја предложи Народниот театар – Битола, се состои од плакета и парична награда од 60.000 денари. Во име на наградените, Михајлова се обрати пред присутните и се заблагодари за укажаната чест.

Признанија за науката, здравството и спортот

Д-р Горан Илиќ, редовен професор на Правниот факултет и проректор за наука на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, е награден за придонесот во меѓународната афирмација на градот и развојот на научноистражувачката работа. Предложен е од Ротари клуб „Битола“, а во образложението е нагласена и неговата работа како главен и одговорен уредник на списанието „Journal of Liberty and International Affairs“.

Д-р Маргарита Камбовска, специјалист по педијатрија и субспецијалист по неонатологија, го доби признанието за посветеноста во здравствената грижа за новороденчињата и децата. Нејзин предлагач е болницата „Плодност“.

Кире Марков, предложен од група граѓани, е награден за придонесот во спортот и обуката на деца во пливање и скијање. Годинава тој одбележува шест децении занимавање со спорт, а зад себе има и учества на околу 30 маратони во земјава и во странство.

Наградите за едногодишни достигнувања се доделуваат во вид на диплома и паричен износ од по 15.000 денари. Одлуките за добитниците ги донел Управниот одбор на Фондот за наградата „4 Ноември“ на седница одржана на 26 октомври.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Коњановски: Сметките во „Алта банка“ не ја загрозуваат работата на јавните претпријатија, нема потреба од паника

04.11.2026

Утре без струја повеќе населени места во Тетово и Тетовско: Еве каде и во кои термини

04.11.2026

Проданоски: Со повеќе од 60 настани ја раскажавме „Приказна за градот херој“

04.11.2026

Коњановски: 82 години слободна Битола, вечна почит кон храброста и жртвата на борците

04.11.2026

Општина Битола: Промоција на „Полноќни приказни од Офицерскиот дом“ во чест на Денот на ослободувањето

04.11.2026

Коњановски: Ја чуваме историјата на Битола за генерациите што доаѓаат

03.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,24 отсто, најтргувани акциите на Македонијатурист

4 месеци ago

Продолжува уредувањето на зелените површини во Прилеп

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Коњановски: Да ги чуваме вредностите на слободата и да градиме подобро утре – доделени наградите „4 Ноември“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕК го нотира напредокот: Македонија ја забрзува енергетската транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве до кога се очекуваат парите од „МојДДВ“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Можат ли сега демократите да го сменат Трамп?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ објави упатства за граѓаните: Подгответе залихи и торба за три дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.