четврток, ноември 5, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Традицијата и врвниот квалитет на „Тиквеш“ со меѓународно признание: Златен медал за „Kumova Reserve“ на „Spirits Selection by CMB“

by Redakcija
05.11.2026
in Магазин

Винарската визба „Тиквеш“ продолжува да го потврдува квалитетот на своето портфолио со ново значајно меѓународно признание. Лозовата ракија „Kumova Reserve“ освои златен медал на престижниот „Spirits Selection by Concours Mondial de Bruxelles“, натпревар кој секоја година обединува врвни производители и експерти од светот на жестоките пијалаци.

Ова престижно признание е доказ за посветеноста на „Тиквеш“ кон создавање автентични жестоки пијалаци со препознатлив карактер, во кои се испреплетуваат искуството, знаењето и современите производствени пристапи. Истовремено, наградата го афирмира и богатството на македонската традиција на производство на лозова ракија, потврдувајќи дека производите со внимателно негуван квалитет можат успешно да се позиционираат на меѓународната сцена.

„Spirits Selection by CMB“ е меѓународен натпревар посветен на оценување жестоки алкохолни пијалаци од целиот свет, во различни категории. Меѓународното оценување се потпира на знаењето на внимателно избрани меѓународни експерти и професионални дегустатори, со докажано искуство во делот на жестоките пијалаци. Оценувањето се спроведува преку дегустации „на слепо“, во строго контролирани услови, при што членовите на жирито немаат информации за идентитетот на производителот, потеклото или цената на производите. На тој начин, одлуките се темелат исклучиво на квалитетот и сензорните карактеристики на секој производ.

Златниот медал за „Kumova Reserve“ е признание за ракија во која традицијата, внимателно одбраните суровини и прецизните производствени техники се надополнуваат во комплексен и хармоничен производ. Оваа премиум лозова ракија е создадена првенствено од дестилати од сортата грозје Смедеревка. Со 45 проценти алкохол, таа одлежува околу три-четири години, во комбинација од стари и нови дабови буриња, каде што постепено ја развива својата комплексност, длабочина и препознатлив карактер.

„Kumova Reserve“ се одликува со интензивна златна боја со нежни нијанси и богат, слоевит ароматичен профил. Во мирисот се издвојуваат елегантни ароми на црвено јаболко, свежо грозје и чоколадо, со суптилен допир на ванила. Вкусот е богат и мек, со ноти на овошен џем и добро интегриран даб. Совршената рамнотежа на алкохолот и вкусот создава хармоничен и заокружен впечаток, со суптилна горчлива нота во завршницата.

Ова признание се надоврзува и на долгогодишните меѓународни успеси на вината на „Тиквеш“, кои редовно освојуваат значајни награди на најреномираните светски вински натпревари. Со просек од над 100 награди и признанија годишно, вклучително и високите одликувања на „Decanter World Wine Awards“, „International Wine Challenge“, „Mundus Vini“ и „Sakura Japan Women’s Wine Awards“, „Тиквеш“ континуирано го афирмира квалитетот и автентичноста на македонските вина на меѓународната сцена.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Ги оставате чашите превртени по миењето? Важно е на каква површина ги сушите

05.11.2026

Дневен хороскоп за 5 ноември: Раковите пред искрен разговор, а Јарците да не прифаќаат работа без јасен договор

05.11.2026

Самрак на вековниот симбол на шведската индустрија

04.11.2026

Зошто некои луѓе ставаат костени во плакарот? Стариот обичај има една цел

04.11.2026

Поранешен агент открива пет знаци за можна лага: „Слушајте ги одговорите, но не избрзувајте со обвинувања“

04.11.2026

Пред да купите нешто на попуст, поставете си едно прашање

04.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Имотните спорови во Албанија однеле илјадници животи: За 35 години убиени околу 11.000 лица

2 месеци ago

Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден да не беше „многу глупав руски генерал“

2 недели ago

Популарни Вести

  • Традицијата и врвниот квалитет на „Тиквеш“ со меѓународно признание: Златен медал за „Kumova Reserve“ на „Spirits Selection by CMB“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Со заедничка работа на општината и министерствата ќе ги придвижиме проектите во Боговиње

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пониски приходи и добивка на Реплек, со раст на домашната продажба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЖРСМ Инфраструктура: Работиме на надминување на проблемите наследени од недомаќинското работење во минатото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Европската комисија нотира напредок во енергетиката, обновливите извори достигнаа 58,22 отсто од инсталираната моќност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.