Од јануари до септември 2026 година, полицијата регистрирала 1.337 кривични дела поврзани со семејно насилство. Во овие случаи биле евидентирани 1.433 жртви, од кои 1.144 жени и 289 мажи. Жените сочинуваат околу 80 отсто од жртвите евидентирани кај кривичните дела, покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи.
За регистрираните кривични дела биле пријавени 1.388 лица, од кои 1.278 мажи и 110 жени.
Во истиот период, МВР одделно евидентирало 191 прекршок поврзан со семејно насилство. За нив биле пријавени 228 лица, а биле евидентирани 221 жртва – 126 мажи и 95 жени. Полицијата примила и 3.869 поплаки за семејно насилство, во кои биле евидентирани 3.961 жртва – 2.567 жени и 1.394 мажи.
Од МВР апелираат семејното насилство да се пријавува навреме. Пријава може да поднесе и жртвата и секој што има сознанија за таков случај, во најблиската полициска станица или на 112 и 192.
…












