Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и претседателот на Советот, Бојан Бојкоски.
Коњановски посочи дека средбата поттикнала конкретни иницијативи за унапредување на улогата на бизнис-заедницата во локалната средина. Посебен акцент бил ставен на општествената одговорност на компаниите и на можностите стопанствениците поактивно да се вклучат во иницијативи од поширок јавен интерес.
Во рамките на разговорите за Клиничката болница – Битола, биле разгледани досега реализираната помош, актуелните потреби и можностите за координирано продолжување на поддршката од бизнис-заедницата.
На состанокот била разгледана и иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“. Замислен како платформа за поврзување и вклучување на помладата генерација стопанственици во коморските активности, клубот треба да овозможи нивно поголемо учество во креирањето и реализацијата на идните развојни иницијативи.
…












