Американскиот претседател Доналд Трамп ја номинираше правничката Кристи Мекормик за вонредна и ополномоштена амбасадорка на САД во Северна Македонија. Белата куќа на 9 ноември ја објави нејзината кандидатура меѓу номинациите испратени до Сенатот. За да биде именувана, Мекормик треба да добие потврда од Сенатот.

Мекормик има долгогодишно искуство во изборната администрација и заштитата на избирачките права. Од декември 2014 до јули 2026 година била членка на американската Комисија за изборна помош, со која трипати претседавала. Пред да се приклучи на Комисијата, работела во американското Министерство за правда на предмети поврзани со дискриминација при остварувањето на правото на глас.
Од 2009 до 2010 година била виша правна советничка во Амбасадата на САД во Багдад. Таму, како експертка за избори, учествувала во надзорот на ирачките национални избори и во повторното пребројување на гласовите.
Белата куќа не наведе кога Мекормик би пристигнала во Скопје доколку Сенатот ја потврди нејзината номинација.
…












