Connect with us

Инфо +

Македонец од Сиднеј пpokoцкал 100 милиони долари од покер апарати

Published

on

Австралијанецот со македонско потекло, Менде Рајкоски се коцкал на покер апаратите во казиното „Стар“ во Сиднеј со огромна сума на пари кога им западнал во око на истражните органи. За една недела испрал преку покер апарати над 100 милиони долари, а 18 месеци подоцна полицијата му стави лисици на рацете, објави телевизијата 9Њуз.

Следењето на Менде од почетокот на 2020 година и неговата пасија за коцкање на милионски суми ја поттикна полицијата во државата Нов Јужен Велс да истражи од каде потекнуваат овие пари и случајот водеше кон апсење на тројца мажи од Сиднеј кои се обвинети за криминален заговор за набавка на три тони кокаин, што е количество кое на годишно ниво цирукулира низ улиците на целата оваа држава, соопшти заменикот командантот на полицијата во Нов Јужен Велс, Стјуард Смит.

-Фармерите во Колумбија за оваа дрога добиваат два долари дневно. Картелите заработуваат 3,80 долари за грам, а кога ќе дојде до рацете на овој криминален синдикат кој ќе го дистрибуира низ улиците на Сиднеј, цената ќе достигне 400 долари за грам, рече Смит.


Во текот на истрагата, детективите открија важен транснационален синдикат за организиран криминал, кој транспортирал дрога низ Австралија која пристигнувала преку канали од Северна и Јужна Америка.

Во акцијата, на полицијата во Нов Јужен Велс и помогна и американската ДЕА (Управа за борба со наркотици). Како што јави тамошната полицијата, морнарицата на САД запленила 870 килограми кокаин во октомври минатата година откако пресретнала брод кој патувал во Тихиот океан покрај брегот на Колумбија.

Разузнавачките информации воделе кон нова заплена на уште 900 килограми кокаин, во април годинава кога американските служби пресретнале втор брод кој патувал покрај брегот на Еквадор.

И двете големи заплени биле дел од заговор за снабдување на вкупно 3.000 кг кокаин – вклучувајќи ги и запленетите 1770 кг – што има вкупна проценета потенцијална улична вредност од 900 милиони долари, соопшти полицијата од Нов Јужен Велс.

Последното количество запленето во април е препакувано со лажна амбалажа и оставено да пристигне до својата крајна дестинација – складиште во областа кај езерото Маквари, на околу 150 километри од Сиднеј.

Токму во четвртокот, рано утрото 42-годишниот битолчанец Рајкоски е уапсен од специјалните единици кога го отворил складот за да ја земе дрогата.

Полицијата од Нов Јужен Велс уапси и маж на возраст од 37 години на паркинг во близина на складот.

42-годишниот Менде Рајкоски од Мортдејл е обвинет по две точки за заговор за снабдување со забранета дрога, снабдување со големо количество дрога за комерцијална употреба како и учество во криминална група заради криминална активност.

37-годишниот маж од Рокдејл е обвинет исто така за големо комерцијално снабдување со дрога. И на двајцата локалниот суд во петокот им ја одби кауцијата и со тоа можноста да се бранат од слобода. Николао Миса бил директор на агенција за обезбедување Шилд Венју Сикјурити.

Македонија

Македонски железници: Уште една локомотива во функција на товарниот сообраќај

Published

on

Македонски железници – Транспорт АД успешно ја заврши работната недела со нова добивка за товарниот сообраќај. Од денес, електричната локомотива од серија 443 е пуштена во функција, со што се зголемува ефикасноста и капацитетот на транспортот на стоки.

„Оваа локомотива е уште еден значаен чекор напред во модернизацијата на нашиот железнички систем и подобрување на услугите за товарниот сообраќај,“ истакнуваат од Македонски железници – Транспорт АД.

Со оваа инвестиција, компанијата продолжува со посветената работа на подобрување на инфраструктурата и одржување на возниот парк, што претставува клучна компонента за унапредување на железничкиот сообраќај во земјата.

https://www.facebook.com/share/v/15bWy87Sh9/?mibextid=wwXIfr

Continue Reading

Македонија

Димитар Костадиноски ќе претстави три години работа за модерна општина Јегуновце

Published

on

Градоначалникот на општина Јегуновце, Димитар Костадиноски, ги поканува сите сограѓани на настанот „Три години посветена работа за модерна општина Јегуновце“, кој ќе се одржи во сабота, 21 декември, во 18:00 часот, во салата на библиотеката „Светлина“ во Прељубиште.

На настанот, Костадиноски ќе ги презентира бројните реализирани проекти, активности и достигнувања во текот на неговиот мандат.

„Ми претставува чест и огромно задоволство да ги споделам со вас успесите што ги постигнавме заедно како заедница. Ве поканувам заеднички да ги проследиме овие резултати и да ја продолжиме нашата визија за модерна и напредна општина,“ порача Костадиноски.

Оваа средба ќе биде можност граѓаните одблизу да се запознаат со развојот на општината и со плановите за иднината.

Continue Reading

Скопје

Сообраќајна несреќа на „Партизански одреди“: Автомобил извртен и оштетен, делови распрскани низ булеварот

Published

on

Вечерва, после мостот „Обединети нации“, на булеварот „Партизански одреди“ во насока од Влае кон Карпош 4, се случи сообраќајна несреќа. Едно од возилата е тешко оштетено, со делови распрскани низ коловозот, а автомобилот е извртен од силината на ударот. Засега нема информации за состојбата на патниците или евентуалните повреди.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк