Connect with us

Инфо +

Во Случпане ќе никне спомен кула на ОНА од 200,000 евра

Published

on

Спомен кула ќе никне во Слупчане во чест на ОНА од 200 000 евра.


Општина Липково, договорот за изградба го склучила минатиот месец, а вчера беше објавен на сајтот на Бирото за јавни набавки. Спомен кулата ќе ја гради фирмата „Хоџа инженеринг“ од Куманово, која има рок изградбата да ја заврши за шест месеци, односно до 25 ноември. Договорот, со вклучено ДДВ е склучен на сума од 12.115.109 милиони денари, или приближно 200.000 евра, пренесе Фокус.

Токму на местото, каде што треба да се изгради спомен обележјето,На 2 мај годинава, на 20-годишнината од воениот конфликт,лидерот на ДУИ, Ахмети положи свежо цвеќе, и вети дека спомен кулата набрзо ќе биде изградена.

-Секако дека денеска почнуваат работите. За изградбата на овој споменик, како што кажав, во спомен на паднатите борци, ОНА, мајките, жените, сестрите од оваа зона. На 28 ноември овој споменик ќе биде завршен, рече Ахмети.

Градоначалникот на Липково неодамна за медиумите изјави дека споменикот ќе биде легално поставен со сите дозволи.

Македонија

Јана и Лука најпопуларни имиња во 2024 година

Published

on

Јана е најчестото женско, а Лука најчестото машко име што им се давани на новороденчињата во земјава во 2024-та година.

Според податоците на Управата за водење матични книги, меѓу најчестите имиња годинава кај новородените женски бебиња се и Хана, Софија, Дуа, Ана, Мила, Јована и Миа.

Кај машкитe деца, пак, најчести имиња покрај Лука се и Дамјан, Матеј, Марко, Јаков, Михаил, Давид, Јован, Петар, Матео, Алексеј и Андреј.

Бројот на живородени деца во земјава, според евиденцијата на Државниот завод за статистика, заклучно со септември годинава изнесувал 11 694, и бележи намалување во однос на 2023 година.

Continue Reading

Инфо +

Сиљановска-Давкова: Со хуманост и топлина до срцата на малите херои

Published

on

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска ја посети Клиниката за детски болести во Скопје, каде што со искрена грижа и длабока емпатија се сретна со најмалите херои кои се соочуваат со предизвици во своето здравје.

Со новогодишни подароци, претседателката внесе празнична топлина и радост во нивниот ден, обидувајќи се барем за миг да им ја олесни секојдневната борба. „Најважниот новогодишен подарок за овие деца и нивните семејства е нивното побрзо закрепнување,“ истакна Сиљановска-Давкова.

Особено трогателен момент беше цртежот од малата и талентирана Јана, кој претседателката го доби како подарок. „Овој цртеж ќе ме потсетува на моите нови пријателчиња и на нивната храброст,“ додаде таа.

Сиљановска-Давкова ги охрабри семејствата и персоналот на клиниката, нагласувајќи ја важноста од заедничка поддршка за оние на кои најмногу им е потребна, особено во празничниот период.

„Тие ќе останат во моите мисли и во моето срце како потсетник за празничните вредности и за тоа колку е важно да покажуваме хуманост и солидарност,“ порача претседателката.

Continue Reading

Македонија

КОЊАНОВСКИ ВО ПОСЕТА НА ПОЖАРНАТА, ПОЛИЦИЈАТА И БРЗАТА ПОМОШ

Published

on

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес посети повеќе институции во општината, со цел да ја согледа подготвеноста и екипираноста пред Дочекот на Новата година и претстојните празници, информираат од општина Битола.

Од службата за итна медицинска помош, територијалната противпожарна единица – Битола и СВР Битола, го информираа градоначалникот дека, како служби со 24 часовно работно време и во пресрет на празнувањата, остануваат максимално ангажирани и екипирани за да излезат во пресрет на потребите и барањата на граѓаните.

Сепак, апелираат да не се конзумираат големи количества алкохол, да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не се користат пиротхнички средства, се во интерес на безбедноста на граѓаните и убави празници.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк