Македонската фудбалска репрезентација со 2-1 загуби од Украина, но момците на Ангеловски одиграа одлично второ полувреме во кое го презентиравме нашиот квалитет, но негативата од 2-0 од првиот дел не успеавме да ја анулираме.
Македонија го забележа вториот пораз на Европското првенство, одличното второ полувреме не можеше да го покрие лошото издание во првиот дел, загубивме од Украина и ги загубивме шансите за пласман во следната фаза. Натпреварот го почнавме во истата формација како и на дуелот со Австрија, но селекторот Ангеловски сакаше да го зацврсти средниот ред па Трајковски не го почна мечот, во игра од првата минута беше Спировски.
Првите минути беа изедначени, но како одминуваше времето Украинците се повеќе доминираа, се играше пред нашиот гол, а во 29. минута една топка дојде до Јармоленко кој постигна гол за водство на Украина од 1-0. Пет минути подоцна нов гол за Украина, овој пат Јармоленко додаде до Јаремчук кој постигна погодок за водство на противникот од 2-0. По вториот примен гол, селекторот Ангеловски ја промени формацијата, почнавме да играме со двајца стопери, Стефан Ристовски отиде на својата десна бековска позиција.
Тоа донесе поголема офанзива за Македонија, а во 39. минута Пандев постигна и гол, кој за жал беше поништен поради офсајд. Во вториот дел тргнавме офанзивно, добивма една сосема друга Македонија. Почнавме со шанса на Адеми, која голманот Бушчан ја одбрани. Потоа Украина имаше можност од слободен удар, Малиновски биеше прекрасно, но Столе Димитриевски следеше и иго одбрани неговот удар.
Во 55. минута Трајковски биеше фантастчно од далечина, Бушчан одбрани, а топката потоа ја погоди пречката, дојде до Пандев кој беше фаулиран, судијата покажа пенал за Македонија.
Алиоски го изведе пеналот, голманот на Украина го одбрани неговиот удар, но топката се одби до нашиот фудбалер кој овој пат погоди и намали на 2-1. Македонија се врати во игра.
Продолживме во исто темпо, се редеа нападите пред голот на Украина, Трајковски имаше уште еден удар од далечина, голманот Бушчан со крајни напори ја исфрли во корнер. Во 83. минута Украина доби пенал откако топката во живиот ѕид при шут на Малиновски во рака го удри Аврамовски. ВАР реагираше, судијата покажа на белата точка.
Но Димитриевски го одбрани пеналот на Малиновски и ја остави нашата репрезентација во игра. До крајот на мечот Македонија со сите сили напаѓаше но не успеа да постигне гол за израмнување и бод од овој натпревар, Украина победи со 2-1.
На овој натпревар Македонија покажа дека заслужува да биде дел од ова Европско првенство иако загубивме уште еднаш, настапот ќе го завршиме во групната фаза.
Меланија Грозданова блиску до Јувентус: Македонија добива ново фудбалско чудо
Постои силен и конкретен интерес од страна на италијанскиот гигант Јувентус за македонската тинејџерска ѕвезда, Меланија Грозданова. Веста, која експлозивно одекна откако ја објави реномираниот европски новинар Руди Галети, го става 16-годишниот балкански бисер во фокусот на европскиот фудбал.
Иако има само 16 години, Грозданова веќе е незаменлив стартер во сениорската репрезентација на Македонија. Нејзината храброст и смиреност на теренот, демонстрирани на највисоко ниво (како на двата неодамнешни меча против моќната Русија), се восхитувачки за играч на нејзина возраст. Селекторите и соиграчите веќе ја гледаат како играч кој прави разлика. Вотековната Сезона, постигна осум голови за Љуботен, покажувајќи неверојатна напаѓачка ефикасност. Мината Сезона заврши со импресивни 12 погодоци за Истатов.
Грозданова е експлозивно крило со дриблинг уметност и самоуверена игра во ситуации еден-на-еден. Нејзината физичка подготвеност и препознатлив стил на игра и прослава на головите веќе донесе споредби со легендарниот Кристијано Роналдо.
Но, таа не блеска само на клупско ниво, оваа есен, Меланија беше предводник на македонската У19 репрезентација, катапултирајќи ја во А-дивизијата на квалификациите за ЕП – подвиг што ја потврдува како најголемиот фудбалски талент што Македонија некогаш го имала.
Со височина, техничка извонредност, интелигенција на теренот и менталитет на вистински професионалец, Грозданова го има комплетниот профил за највисоко европско ниво. Не е ни чудо што Јувентус гледа во неа значајно име за нивниот долгорочен проект.
Ова е повеќе од трансфер приказна. Меланија Грозданова е денес една од најдобрите млади фудбалерки во Европа.
Селта со огромна сензација: Реал Мадрид поразен на „Бернабеу“, Сведберг блескаше со два гола
Реал Мадрид доживеа шокантен пораз на свој терен, откако Селта Виго приреди вистинска сензација и го совлада гигантот на „Сантијаго Бернабеу“. Херој на мечот беше 21-годишниот шведски напаѓач Вилиот Сведберг, кој со два погодоци го реши дуелот и ја прослави веројатно најзначајната вечер во својата кариера.
Младиот талент одигра блескава партија и целосно ја изненади одбраната на Реал. Неговите два гола не само што му донесоа победа на Селта, туку и создадоа приказна која навивачите долго ќе ја паметат. Селта со оваа победа направи вистинска сензација, нанесувајќи му на Реал еден од најболезнените порази оваа сезона.
Реал Мадрид влезе како апсолутен фаворит, но гостите од Виго покажаа дисциплина, брзина и одлична ефикасност. Дури и доминацијата во посед и шансите не му помогнаа на Реал да избегне пораз, а Сведберг повторно потврди дека е еден од најперспективните напаѓачи во европскиот фудбал.
Со оваа победа, Селта испиша историја на „Бернабеу“, а мечот веќе се смета за едно од најголемите изненадувања во тековната сезона на Ла Лига.
Ландо Норис со историска круна во драматичен финиш на сезоната
Возачот на Мекларен, Ландо Норис, и официјално е новиот светски шампион во Формула 1. Во една од највозбудливите и најнеизвесни сезони во последната деценија, Британецот со минимална предност од само два бода над актуелниот шампион Макс Верстапен ја освои својата прва титула во кариерата.
Во последната трка од сезоната, возена во Абу Даби, Верстапен стигна до победата, но третото место на Норис му беше доволно за да го задржи врвот во генералниот пласман. На подиумот се искачи и Оскар Пјастри, тимскиот колега на Норис во Мекларен, кој заврши втор на трката, а сезоната ја комплетираше како трет во генералниот поредок.
Мекларен одамна ја имаше осигурено титулата кај конструкторите, оставајќи ги зад себе Мерцедес и Ред Бул во една доминантна година за тимот од Вокинг.