Connect with us

Забава

ЕУРО 2020 услови: Момче ѝ понуди „претфудбалски договор“ на девојката (ФОТО)

Published

on

Џорџа Холмс од Велика Британија на „Тик ток“ го објави и го покажа интегрално договорот што ѝ го врачило нејзиното момче Џоел во пресрет на Европското првенство во фудбал.

„Не верувам оти јас сум единствената што добила писмо од момчето пред Европското фудбалско првенство“, напиша таа покрај видеото што собра близу 50.000 допаѓања.

Во „документот“, инаку, се наведува дека меѓу условите и одредбите „за Европското првенство што се одржува од петок, 11 јуни до недела, 11 јули 2021 година“, е тоа дека нема да има „интеракција со мобилен телефон“ освен ако тој не ѝ се јави да ѝ каже „дека по фудбалот се враќа дома“.

Друго правило гласи дека таа никогаш не треба да го прашува мажот кога ќе се врати дома, бидејќи поголемиот дел од времето ќе го минува во пабот. Клаузулата бр. 3, сепак, ѝ дозволува на Џорџа да го повика своето момче кога се работи исклучиво за итен случај. Таа може да му испраќа пораки само на полувреме или по крајот од натпреварот, бидејќи „неговото целосно внимание мора да биде насочено кон играта“. Испраќањето пораки за време на играта е строго забрането.

Тој исто така, додава дека секое лошо расположение предизвикано од играта не треба да се сфаќа лично, а и најавува дека често ќе се враќа дома во алкохолизирана состојба.

„Ако мислите дека пропуштив нешто или имате каков било друг предлог, Вие можете да се јавите или да организирате средба лице в лице, секогаш кога Вам ви одговара. Ви благодарам”, се вели на крајот од „документот“.

Последниот благо саркастичен, но, сепак ,шеговит коментар на девојката гласи: „Е** се, Џоел!“

Забава

Љубов кон Македонија во латино изведба – Вирално се шири настапот на Ева Карамановска

Published

on

Прекрасен настап на светското првенство во латино танци во изведба на Ева Карамановска. 

Младата танчерка облечена во креација со боите на македонското знаме и музика која допира до срцето, буквално ги освои симпатиите на сите присутни, а снимката од нејзиниот настап вирално се споделува на социјалните мрежи. 

Скопје, поточно Спортскиот центар „Борис Трајковски“ изминатиот викенд беше домаќин на Светското првенство во Латино танци Скопје 2024. 

Емоција која вреди да се доживее! Погледнете го настапот! 

https://www.facebook.com/share/v/1GbadUUjyS/?mibextid=WC7FNe

Continue Reading

Забава

Легендарните К-15 се враќаат на екраните!

Published

on

Легендарното хумористично ТВ шоу К-15 составено од триото Бранко Огњановски, Љупчо Бубо Каров и Васко Тодоров се враќа на екраните наскоро.

По повод 30 години од нивното емитување, оваа информација денес на Инстаграм ја сподели Бранко Огњановски попознат како Миле Паника, а повеќе детали најави наскоро.

Continue Reading

Забава

Панчо од ДНК ја отфрли номинацијата за „Маж на годината“: „Јас живеам во Македонија, не во Северна“

Published

on

Музичарот Владимир Блажев, познат како Панчо од дуото ДНК го откажа своето учество во изборот за Маж на годината. Тој се најде помеѓу номинираните јавни личности на официјалната страница на изборот, заедно со Никола Ристановски, Боби Милевски, Стојанче Ангелов, Стефан Лазаров, Сашко Кедев, Петар Георгиевски – Камиказа и други.

Како што појаснува на својот официјален профил, Панчо не ни знаел дека бил номиниран за наградата, а се откажувал од номинацијата и учеството поради три причини.

– Од една моја блиска и почитувана пријателка само што дознав дека сум номиниран за маж на годината на ,,Северна Македонија” .

Прво и најбитно, сакам јавно да истакнам дека јас не живеам во ,,северна” туку во МАКЕДОНИЈА и со самото тоа би сакал своеволно да си ја откажам номинацијата и учеството!

Второ е тоа што мислам дека не сум заслужил да се најдам помеѓу сите овие номинирани величини, и трето дека сте ми ја утнале категоријата бидејќи сум висок, тоест низок – 168 см. и треба да спаѓам во категорија „МАЖИЊА“ – објави музичарот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк