Connect with us

Инфо +

Во Скопје за еден ден санкционирани 384 возачи, 138 фатени на радар

Published

on

Во главниот град вчера 21 лице возеле без дозвола, а 20 возачи возеле неисправни возила, бележи билтенот на полицијата кои во текот на вчерашниот ден санкционирале 384 возачи.

Како што соопштија од МВР, во текот на вчерашниот ден за пречекорување на дозволената брзина на движење изречени се 138 прекршоци, 20 санкционирани мотоциклисти и три одземени мотоцикли и еден четирицикл. За непрописно паркирани возила иречени се 88 мерки, а 72 возила се подигнати со пајак. Изречени се и 66 санкции за неносење на заштитна маска.

Од полицијата информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Македонија

Фамилијарна тепчка за Нова Година

Published

on

Денеска (01.01.2025) во 01.36 часот во ОВР Крива Паланка, 37-годишен маж пријавил дека околу 01.00 часот во семејниот дом во кривопаланечко село, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговата сопруга Б.С.(34).

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Македонија

Коњановски: Со заеднички сили за посветла иднина на Битола во 2025 година

Published

on

Почитувани граѓани, драги битолчани,

На прагот на Новата 2025 година, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, упати порака полна со оптимизам, љубов и визија за иднината на градот. Тој истакна дека големите промени започнуваат од малите нешта, направени со искрена посветеност и заеднички труд.

Во своето обраќање, Коњановски ги истакна приоритетите на општината – најмладите, образованието, спортот, културата и инфраструктурата, како и напорите Битола да стане привлечна дестинација за кариера и бизнис. Во изминатата година, општината постигна значајни резултати, вложувајќи во нови спортски игралишта, подобрување на условите во училиштата и градење партнерства со младите.

„Со нови идеи, планови и енергија, продолжуваме да ја градиме Битола како инклузивна и поддржувачка заедница во која секој може да напредува,“ порача градоначалникот.

Тој ги повика граѓаните заедно да ја продолжат приказната за прогрес и заедништво, внесувајќи убавина и промени со меѓусебно почитување и разбирање.

„Нека празничната радост внесе топлина во вашите домови, а Новата година нека биде исполнета со здравје, среќа и љубов за сите нас. Среќна Нова година и весели Божиќни празници!“ заврши Коњановски.

Continue Reading

Скопје

Кисела Вода испиша прекрасна „Скопска Новогодишна приказна“

Published

on

2025-та година да биде година на поубави можности и остварени соништа! Од срце ви благодарам што сте тука со нас, споделувајќи ја оваа магична Новогодишна ноќ. Заедно да броиме до нови успеси и светли моменти. Среќна Нова година!“-честиташе градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Под насловот „Скопска Новогодишна приказна,“ синоќа пред салата Расадник, Општина Кисела Вода организираше незаборавна новогодишна прослава, која собра илјадници жители од Кисела Вода и Скопје. Настанот започна со настапот на „Куку Леле“ и под водство на харизматичниот Игор Џамбазов, кој настапи заедно со „Гуру Харе Бенд.“ Програмата продолжи со енергичните „ДНК,“ на кои им се придружи Врчак, кој по 15 години пауза повторно се појави на музичката сцена. Вечерта кулминираше со настапот на популарниот Лозано, кој заедно со публиката ја дочека Новата година.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, се обрати кон присутните граѓани непосредно пред полноќ, упатувајќи искрени новогодишни желби:

„Драги жители на Кисела Вода и Скопје, оваа вечер ви ја посветуваме вам и на радоста, љубовта и сплотеноста што ја носи Новата година. Ви посакувам добро здравје, лична и семејна среќа и уште многу успеси. 2025-та година да биде година на поубави можности и остварени соништа! Од срце ви благодарам што сте тука со нас, споделувајќи ја оваа магична Новогодишна ноќ. Заедно да броиме до нови успеси и светли моменти. Среќна Нова година!“-честиташе градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Со заедничко одбројување, огномет го осветли небото над Кисела Вода, додека публиката со воодушевување пееше, играше и се забавуваше со изведувачите.

Настанот имаше и богат дневен дел, посветен на најмладите посетители. Програмата започна со настап на балетското студио „Лебед“, продолжи со Бисера Мојаноска и театарската група „Театар за тебе“. Малите посетители уживаа во веселите настапи на „Поточиња“, аниматорите и Дедо Мраз, кој овој пат беше во друштво на ликот Гринч. Сите присутни деца добија празнични пакетчиња, кои дополнително му додадоа магија на Новогодишниот ден.

https://www.facebook.com/share/p/15ofwo9Qjr/?mibextid=wwXIfr

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк