Connect with us

Инфо +

Заев: ЛГБТИ заедницата ја има мојата поддршка за каузата која значи еднаквост

Published

on

Премиерот Зоран Заев во пресрет на втората Парада на гордоста вели дека ЛГБТИ заедницата ја има владината и неговата поддршка за каузата која, како што рече, значи еднаквост и која последните четири години слободно се манифестира во нашето општество.

-Го делам ставот дека никој не е слободен додека секој еден не се ослободи затоа што нашата заложба за „Едно општество за сите“ ќе се реализира целосно кога секој глас ќе биде слушнат и најважно од сѐ – прифатен како еднакво важен со сите други. Манифестираме европски и солидарни манири среде Балкан. Ова е нашиот нов Балкан, слободен, човечки и разновиден.Повикувам здружно да продолжиме да работиме на рушење на ѕидовите и креирање нов и подобар свет за сите нас, напиша Заев на Фејсбук.

Свет

Сенаторот Џон Кенеди: Македонија добила 3,9 милиони долари за ЛГБТ каузата од УСАИД

Published

on

Републиканскиот сенатор во Конгресот на САД Џон Кенеди тврди дека Македонија добила 3,9 милиони долари за ЛГБТ каузата од Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), која администрацијата на Трамп ја замрзна и е на пат целосно да ја укине.

Сенаторот кој во Сенатот на САД ја претставува сојузната држава Луизијана прашува дали Американската јавност е подготвена да го разбуди својот ум пред да објави дел од проектите на УСАИД во светот.

Сенаторот Џон Кенеди смета дека Елон Маск и Одделот за владина ефикасност откриле фасцинантни работи кои ја разоткриваат УСАИД.

„Ќе ви кажам што откри г-дин Маск. Сметам дека е фасцинантно. Тој откри:

– Американските даночни обврзници му даваат пари на Авганистан
– Откри дека му даваме пари на Јемен
– Откри дека и даваме пари на Сирија
– Откри дека УСАИД има 10.000 вработени, а секоја година подаруваат 40 милијарди долари.
– Откри дека УСАИД дала пари за поддршка на електрични возила во Виетнам. Наши пари, пари на даночните обврзници
– Откри дека УСАИД дала пари на клиника за трансродови лица во Индија. 

„Не го знаев тоа. Се обложувам дека американскиот народ не го знаеше тоа“

– Тој откри дека УСАИД дал 1,5 милиони долари на српска ЛГБТК група, тие добиле 1,5 милиони долари за ЦИТАТ, „напредна различност, правичност, вклученост на работните места и деловните заедници во Србија“.

– Откриле дека УСАИД потрошил 164 милиони долари за поддршка на радикалните организации ширум светот

– Од тоа тие дадоа 122 милиони долари на групи поврзани со странски терористички организации

– Според овој извештај на г-дин Маск, УСАИД дала милиони долари за да поддржи организации во Газа контролирани од Хамас

– Откри дека сме дале 2 милиони долари, тоа го направи УСАИД, за промена на полот во Гватемала

– Тој откри дека дадовме 20 милиони долари за производство на ново шоу на ,,Улицата Сезам” во Ирак

– Тој откри дека дадовме 4,5 милиони долари од даночните обврзници за борба против дезинформациите во Казахстан

– Тој откри дека ние дадовме 10 милиони долари, како што даде УСАИД, оброци на терористичката група поврзана со Ал Каеда наречена Фронт Нусра

– Господинот Маск откри дека дадовме 7,9 милиони долари од парите на даночните обврзници на проект кој ќе ги научи новинарите од Шри Ланка да избегнуваат бинарен родов јазик. (УСАИД зеде 8 милиони долари и им ги даде на еден куп новинари во Шри Ланка за да ги научат како да избегнат бинарен родов јазик)

– УСАИД даде 1,5 милиони долари за промовирање на ЛГБТ застапувањето во Јамајка

– Дадоа 1,5 милиони долари за обнова на кубанскиот медиумски екосистем

– Дадоа 1,5 милиони долари за понуда, уметност за вклучување на лицата со попреченост во Белорусија

– Уште 3,9 милиони долари за ЛГБТ каузите во Македонија

– 8,3 милиони американски долари за рамноправно и инклузивно образование во Непал

„Можев да одам цела ноќ и многу од моите колеги се вознемирени. Тие се навистина лути на г-дин Маск. По ѓаволите, мислам дека треба да му дадеме медал“, изјави сенаторот Џон Кенеди.

Видео изјавата на сенаторот на линкот 

https://x.com/WallStreetApes/status/1887722098212413522?t=aw9zt9ziqUe4v51sB9-hbw&s=19

Continue Reading

Македонија

РАБОТНИК ОД БАНГЛАДЕШ ЗАГИНА ВО КРАТОВСКО

Published

on

Триесет и петгодишен работник од Бангладеш загинал додека извршувал работни задачи во кратовското село Кетеново.

„На 06.02.2025 во СВР Куманово било пријавено дека при извршување работни задачи за приватна фирма во село Кетеново, кратовско, А.Р.(35) од Бангладеш се заглавил во работна машина за правење бетон и од здобиените повреди починал на местото“, велат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Лекар констатирал смрт, а за настанот се известени јавен обвинител и трудов инспектор. Увид извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија

ЈАНЕ ЧЕНТО ЗА СМРТТА НА ИГОР ЈУГ: Тие што го направија оваа имаат име и презиме и мора да одговараат!

Published

on

„Игор е првата жртва на овој гнил систем кој не намести да лежиме на правдина во затвори со тешки маки и тортури кои ги преживувавме секој ден последниве 8 години.“ напиша Ченто.

Почина Игор Југ. Игор е првата жртва на овој гнил систем кој не намести да лежиме на правдина во затвори со тешки маки и тортури кои ги преживувавме секој ден последниве 8 години.

Многу пати сум зборувал со него дека не можат да не разберат надвор низ што се поминуваме и каков пекол ни ги направија животи.

Ние бевме цврсти пред надворешниот свет но душата ни знае како се чувствувавме внатрешно.

Игор е жртва на системот и тоа не смее да остане НЕКАЗНЕТО, тоа му го должиме и него и на неговото семејство.

Оние што го направија ова имаат име и презиме и МОРА ДА ОДГОВАРААТ!

Стари (како што го викав во него), нека ти е лесна земјата.

Долго време поминавме заедно во ќелиите, и тага и радост слававме заедно…

Не дочекавме да се израдуваме на слободата заедно.

Сочувство до семејството на Игор Југ.

Ивана нема да бидеш сама ни ти ни децата.

Збогум Стари, нека Господ ти ги отвори рајските порти бидејќи ти беше таков човек.

Погребот ќе се оддржи утре сабота во 14 часот на Градските Гробишта Куманово

Посмртните останки ке бидат изложени во 11 часот

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк