Connect with us

Инфо +

Сменија имиња на држава, патишта, музеи, улици и ништо: Нека не не лажат со Бугарија, Хрватска, Романија, ЕУ не сака да се пpoширува

Published

on

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, вечерва рече дека влегувањето во Европската унија веќе не зависи само од Србија и дека е очигледно дека во овој момент нема желба во рамките на ЕУ за проширување.

„Направивме голем напредок, бевме конструктивни во дијалогот со Приштина и не сторивме ништо затоа што има политичка сатурација со проширувањето на ЕУ“, рече Вучиќ за Еуроњуз Србија. Вучиќ додаде дека С Македонија стори сé што зависеше од неа, а не отвори ниту едно поглавје.

„Зависеше од нив да го сменат името во С Македонија, да го сменат името на аеродромот, патиштата, спомениците, музеите, улиците и она што не им дозволија“, рече тој, наведувајќи дека сега нема желба за проширување во ЕУ и го повика Брисел да го забрза европски пат не само кон Србија, туку и кон Албанија и С Македонија. „Тие приказни за Бугарија, Хрватска или Романија закачете ги ѝ на опашката на мачката. Очигледно, во овој момент нема желба Унијата да се прошири“.

Говорејќи за иницијативата „Мал Шенген“, Вучиќ рече дека вчера со премиерите на Албанија и Северна Македонија, Еди Рама и Зоран Заев било договорено таа да добие ново име на самитот во Скопје на кон крајот на јули.

Македонија

Граѓаните закажуваат па не доаѓаат, од 4.070 закажани термини, 970 не дошле на компјутерска томографија

Published

on

Во изминатиот период, во Скопје за компјутерска томографија, од 4.070 закажани термини, 970 не дошле. Тоа се над 23 проценти од пациентите кои не се појавиле и претходно, не го отккажале терминот во јавното здравство, изјави денеска заменик министерот за здравство Јовица Андоновски.

Тој објасни дека се бара решение за проблемот со закажани термини во јавното здравство, на кои не се појавуваат пациенти. Апелираше до граѓаните, доколку имаат закажан термин, а не можат да го искористат, барем последниот ден со смс порака или преку докторот, да го откажат терминот. На тој начин ќе остават место пациентите на кои навистина им треба дијагностичка процедура да ја завршат и да нема големи листи на чекање.

„Ги следиме податоците на закажани термини и на искористени термини. Стварно се јавува еден доста голем проблем. Ние сме во постојана координација и со Мој термин и со Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Разговараме за да изнајдеме идејно решение како тоа би се надминало“, посочи Андовски.

Тој кажа дека ова е многу голем проблем затоа што им се зема редот на оние граѓани на коишто навистина им треба дијагностичка процедура. Андовски рече дека се прават анализи и дека во многу земји тоа се решава на повеќе начини само треба да се реши на кој начин тоа ќе се направи.

„Во некои земји, двапати ако се откаже терминот, следува одредена парична казна или пак нема да може да закаже редовен термин за одреден временски период. Ние не би сакале да одиме со такви реперкусии. Првин ќе апелираме, ќе видиме, ќе разговараме и со докторите, ќе разговарме и преку здруженијата на пациентите, ќе апелираме. Тоа е последно што може да направиме“, подвлече тој.

Од Мој термин се праќаат пораки и потсетуваат, и според Андовски, дури и последниот ден да се откаже терминот таму се организирани, може веднаш да го ослободат терминот.

Continue Reading

Македонија

Во Штип дуваше ветер со 100 км. на час кој урна дрвја и покриви на куќи

Published

on

Повеќе од 20 часа во Штип дуваше силен ветер со брзина од над 100 километри на час. Во текот на изминативе два дена од силниот ветер се паднати повеќе дрвја на неколку локации во градот. Едно дрво падна врз покривот на средното училиште „Коле Нехтетнин“, а едно кај градинката „Вера Циривири-Трена“, на места каде обично нема многу минувачи.

Општинските служби јавуваат дека нема повредени, но дека во некои населби паднале скршени гранки од стари дрва врз паркирани автомобили, а имало и оштетени покриви.

Од ЈП „Исар“ велат дека имале над 10 интервенции на паднати дрвја и гранки, а исто толку интервенции на повик имала и противпожарната единица во Штип. И од двете служби велат дека и понатаму се очекува да продолжи невремето во Штип и околината и ги советуваат граѓаните да не излегуваат од дома ако немаат потреба и да внимаваат каде се движат.

Continue Reading

Македонија

Во случај на вооружен напад само 18 отсто од населението на Македонија ќе има каде да се засолни

Published

on

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) располага со 101 од вкупно 1.761 засолниште колку што има во Македонија во случај на потреба од засолнување од евентаулни последици, по дозволата што ја даде американскиот претседател во заминување, Џо Бајден американско оружје да се употребува на руска територија што ја зголемува опасноста од можна нуклеарна војна. Од ДЗС за МКД.мк велат дека на цела тетиторија на Македонија има 185.465 засолнишни места, доволни да се засолни 18 отсто од населението. Во случај на потреба од засолнување на целото население потребни се вкупно 1.034.450 засолнишни места, бројка која произлегува од зафатот на загрозените зони што изнесува приближно 40 отсто од вкупната површина на Македонија. Западните земји веќе на големо се подготвуваат во случај на заострување на војната помеѓу Русија и Унгарија која може да ги надмине границите на овие две држави.

Од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) велат дека пред 10 години Дирекцијата направила реконструкција и реновирање на дел од засолништата што ги поседува и дека е во комуникација со Владата за да се обезбедат пари во буџетот за ревитализација на останатите засолништа. Како што објаснуваат од ДЗС, засолнувањето опфаќа планирање, изградба, одржување и користење на засолништата и други заштитни објекти и засолнување на населението, материјалните добра и заштитените древни, културни добра на државата.

Целиот текст на МКД.мк

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк