Connect with us

Приказни

„Луѓе намалете малце со турските серии“

Published

on

Не знам вие колку ги мрзите, ама јас ги мрзам ептен… ми го загорчуваат животот… буквално. За што зборувам? За турските серии што одат на Сител, Канал 5 и слични телевизии, со Македонска нарација одозгора. Бог да чува што не ќе им текне на Македонциве, само за да привлечат баби и дедовци кои не гледаат доволно за да го читаат преводот, па вака да го слушаат.

Се тоа би било супер и баш би ми било гајле, да не беше фактот дека овие серии одат во ПРАЈМ ТАЈМ… Озбилно… тој што го правел истражувањето дали македонските гледачи сакаат турска серија со гласовите на нашите реномирани актери, во главното време, кога гледаноста е најголема… тој човек треба да се обеси на плоштад. Каква е таа нивна логика, во ова време да се дава некоја едвај позната турка/индиска/шпанска серија, а не некој голем високо буџетен сериски, како што се Star Gate, Star Trek, House, Private Practice, Top Gear, Grey’s Anatomy, и слични, ја не знам. Во што е проблемот… немаат пари да платат за лиценците?

А имаат пари да плаќаат дебели хонорари за актерите кои ги позајмуваат своите гласовите, пари за купување на лиценци и потоа пари да ги донесат актерите од оригиналната серија во Македонија на делење автограми.Замислете колку би им се кренала гледаноста ако го даваат House. Но нееее, не се ни трудат да дадат нешто Америчко… ок добро признавам, не е баш така. Го даваат Star Gate во четврток на полноќ… аха, а CSI: Miami го откажаа за да даваат „Долина на Волците“… многу лоша копија на некој нискобуџетен сериски од Холивуд. Е браво бе, кој ви ја прави програмата треба да го отпуштите и да го застрелате!Во било кое дадено време на една од Македонските телевизии, има некој многу лош сериски, кој го гледаат само баби, дедовци и луѓе со посебни потреби… па како сакате да имате гледаност?… и после ние криви зашто сме ги гледале странските канали повеќе од македонските… ееее не знам! -.-

Приказни

31 година од уривањето на авионот „Јак-42“ кај Охрид, погледнете ја реконструкцијата

Published

on

На денешен ден во 1993 година, авионот „Јак-42“ на авиокомпанијата „Авиоимпекс“, кој летал на релацијата Женева – Скопје, се урна во близина на Охрид. Леталото било пренасочено кон охридскиот аеродром поради лошите временски услови, но се срушило на само 4 километри од пистата, меѓу селата Горно Лакочереј и Оровник пишува 4news.mk.

Во оваа трагедија животите ги загубија 116 патници и членови на екипажот. Единствениот преживеан патник подоцна им подлегна на повредите. Како причини за несреќата беа посочени лошото време и наводно недоволната комуникација помеѓу посадата на авионот и аеродромските служби.

Истата година, само неколку месеци порано, на 5 март, на скопскиот аеродром се случи уште една голема авионска трагедија. Патнички авион од типот ФОКЕР 100 на компанијата „Палер Македонија“, кој превезуваше 97 патници, се урна при полетување. Во оваа несреќа загинаа 86 лица. Како причина за падот на Фокерот беше утврдено дека крилјата на воздухопловот не биле размрзнати, што доведе до дефект и пад.

Овие две трагедии го потресоа македонското воздухопловство и јавност. Поради сериозноста на ситуацијата, тогашниот министер за урбанизам, градежништво, комуникации и екологија, Антони Пешев, си поднесе оставка. Овие настани остануваат длабоко врежани во колективната меморија како најцрните денови во историјата на македонското воздухопловство.

Погледнете ја реконструкцијата која за прв пат е направена за овој лет.

Continue Reading

Приказни

„Крсте Петков Мисирков: Темелник на македонската литературна и национална посебност“

Published

on

На 18 ноември 1874 година е роден Крсте Петков Мисирков основоположник и кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис. Автор е на „За македонцките работи“, прва книга на современ македонски јазик која ги демаскира пропагандите и зборува за македонската посебност.

Continue Reading

Приказни

Годишнина од смртта на Петре Прличко, доајенот на македонското актерство

Published

on

На 16 ноември 1995 година замина Петре Прличко, легенда на македонскиот театар и филм. Со својот неповторлив талент и харизма, остави неизбришлива трага во културата, а публиката и денес го памети по многу незаборавни улоги. Неговата омилена улога, како што самиот изјави, остана ликот на Мандана.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк