Connect with us

Истражување

Колкави се платите во Германија: Странците заработуваат скоро 900 евра помалку од локалното население

Published

on

Вработените странци во Германија заработуваат многу помалку од домашните граѓани, покажува статистиката на Федералната агенција за труд.

Додека германските граѓани минатата година имале просечен приход од 3.509 евра бруто – пред даноците и придонеси – таа вредност за странците била 2.614 евра.

Во прашање не е просекот, туку таканаречената средна вредност, вредноста под и над која е точно половина од целиот приход.

За разлика од просечната, оваа вредност го ублажува влијанието на многу ниските и особено многу високите плати и се смета дека зборува подобро за стандардот на „обичниот“ човек.

Странците работат многу помалку платени работи

Разликата меѓу Германците и странците е особено драстична кога станува збор за новодојдените од Сирија, Авганистан или Еритреја кои заработуваат 1.475 евра помалку од локалното население.

Статистичките податоци ги објави Сојузната влада како одговор на парламентарната истрага од редовите на„Алтернатива за Германија“. Особено се забележува колку разликите се зголемиле во претходните години – така што во 2010 година разликата беше 11,6 проценти (317 евра). Разликата не може да се припише само на образованието бидејќи таа постои дури и кај неквалификуваните работници – странците добиваат 415 евра помалку од Германците.

Неквалификуваните работници од Балканот заработуваат 208 евра помалку месечно, додека луѓето од бегалските земји имаат 657 евра помалку месечно.

Само 16 проценти од сите германски вработени работат во таканаречениот „сектор со ниски плати“, додека учеството на странците е 37 проценти.

Дали миграцијата ја намалува заработката?

Германската влада ја објаснува разликата во платите со тоа што работниците од странство честопати имаат помалку искуство и експертиза. Според одговорот на владата, ангажирањето на повеќе странци може да има „ефект на притисок врз просечната заработка“.

„Луѓето кои штотуку се преселија во Германија се на почетокот на својата кариера“, вели Херберт Брикер од Институтот за истражување на пазарот на трудот во Агенцијата за труд.

„Нивните плати значително ќе растат за време на нивните кариери“, рече тој за агенцијата „dpa“.

Рене Спрингер, пратеник од Алтернатива за Германија, кој го поднел ова барање до владата, вели дека „имиграцијата не смее да доведе до опаѓање на заработувачката“. Неговата партија силно се спротивставува на масовната имиграција, пред се на приемот на барателите на азил.

Брикер вели дека „пристигнувањето на мигрантите има само маргинално влијание врз платите“.

Разликите, според Владата во Берлин, може да се намалат со законски пропишаната минимална плата што постои веќе неколку години и со поттикнување на странците да студираат во Германија.

Според Сојузната агенција за труд, во последниот месец од минатата година, 21 милиони домашни граѓани и три милиони странци имале полно работно време во Германија.

Истражување

ChatGPT нема дилема дали Александар Македонски бил Грк или Македонец

Published

on

Една од најнапредните алатки за вештачка интелигенција ChatGPT нема никаква дилема дали Александар Македонски бил Грк или Македонец.

Ако ја запрашате оваа алатка дали Александар Велики од Македонија бил Грк ќе добиете јасен недвосмислен негативен одговор.

,,Не, Александар Велики од Македонија бил Македонец не бил Грк. Тој бил роден во кралството Македон кое имало свој различен идентитет, монархија и обичаи посебни од тие на грчките држави градови на југот. Александар Велики владеел како македонски крал и го проширил македонското влијание низ целата империја”, стои во одговорот на ChatGPT алатката која се смета за една од најдобрите во вештачката интелигенција која прибира најточни инфорамции од најголем број светски извори.

Continue Reading

Истражување

Владата на В. Британија одлучи: Фолна киселина ќе се додава во брашното заради подобро јавно здравје

Published

on

Фолна киселина ќе биде прописно и законски додадена во производството на интегрално пченично брашно во Велика Британија, со цел спречување и намалување вродени дефекти… Имено, оваа супстанција би можела да спречи околу 200 случаи на дефекти на невралната туба кај бебињата, што значи подобро здравјето и за малечките, и за бремените жени, соопшти Британската влада.

Властите им даваат рок на производителите до крајот на 2026 година да ги направат потребните прилагодувања.

Научниците ја поздравија одлуката на Владата. Фолната киселина е особено важна во раната бременост бидејќи помага во правилниот развој на мозокот, черепот и ‘рбетниот мозок на детето. И според Националната здравствена служба, идните мајки и жените кои се обидуваат да забременат треба да земаат додатоци на фолна киселина – советуваат лекарите. Инаку, брашното е веќе прописно збогатено со калциум, нијацин, тијамин и железо – заради подобро јавно здравје.

Соопштението следи по здравствените подобрувања во други земји, како Австралија и Канада, каде што оваа практика е веќе во сила.

Некои стручњаци, сепак, велат дека промената не опфаќа доволно и оти треба да се вклучат повеќе намирници. Нина Моди, професорка по Неонатална медицина на Империјалниот колеџ во Лондон, смета дека ова ќе ги стави во ризик жените кои се чувствителни на глутен, и кои јадат ориз наместо леб и интегрални производи.

Фолната киселина, позната и како витамин Б-9, се наоѓа во секојдневната храна како грав и зелен зеленчук, што значи дека повеќето луѓе добиваат доволно преку редовна, здрава исхрана.

Независното советодавно тело на Владата ги проучи сите докази и ја поздрави одлуката за збогатување на брашното. Стручњаците сметаат дека тоа е правилен начин на дејствување за целото општество. Од новата мерка ќе бидат изземени малите мелничари кои произведуваат помалку од 500 метрички тони брашно годишно.

Continue Reading

Истражување

Азбест: Скриена опасност за здравјето и животната средина

Published

on

Азбестот е природен минерал кој се состои од тенки влакнести кристали. Поради неговата отпорност на топлина, оган и хемикалии, како и неговата цврстина, азбестот долго време се користел во градежништвото, индустријата и разни производи, како што се изолациски материјали, кровни покриви, цевки и кочнички системи.

Меѓутоа, азбестот е познат како опасен за здравјето. Неговите влакна, ако се ослободат во воздухот и се вдишат, можат да предизвикаат сериозни заболувања. Најчести здравствени проблеми поврзани со изложеноста на азбест се:

• Азбестоза: хронична белодробна болест предизвикана од вдишување на азбестни влакна, која го отежнува дишењето.

• Мезотелиом: редок, но агресивен рак на мембраната околу белите дробови, срцето или абдоменот.

• Рак на белите дробови: ризикот значително се зголемува кај луѓето изложени на азбест.

Азбестот е забранет или строго регулиран во многу земји поради неговата токсичност. Отстранувањето на азбестните материјали мора да го спроведат специјализирани и сертифицирани професионалци, со цел да се избегне ослободување на опасните влакна во околината.

Во контекст на заштита на животната средина и јавната безбедност, важно е да се подигне свеста за опасностите од азбестот и да се применуваат строги мерки за негово управување и отстранување.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк