Connect with us

Инфо +

Д-р Беќаровски: Од 10 август ќе има неконтролиран раст на ковид-болни

Published

on

Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија преку објава на социјалните мрежи ја дава неговата, како што вели, скромна августовска прогноза за коронавирусот во Македонија.



Беќаровски вели дека по 10 август се очекува неконтролиран раст на ковид-19 статистиката.



„По пеколната недела со високи температури во Македонија, која ќе трае до 9 август со температури до 44°С, од 10-ти август се очекува пад на температурите, но неконтролиран раст на ковид-19 статистиката. Почитувани мои здравствени работници и соработници, искористете ги следниве 10 дена да се разладите во солена/слатка/кисела вода, а потоа повторно „ќе пливаме” во сопствената пот, под скафандерите и маските. Ако е за утеха, потењето е најдобар дополнителен начин за детоксикација на организмот“, пишува доктор Беќаровски.

Македонија

Данела Арсовска нема да се кандидира за нов мандат

Published

on

Актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска нема да кандидира за нов мандат. Во изјава за медиумите дадена денеска по примопредавањето на шест нови еколошки автобуси за потребите на ЈСП, Арсовска рече дека ситуацијата во државата е крајно полазирана и дека не планира да соработува со луѓе кои знаат само да саботираат и блокираат.

– Би сакала да им посакам барем еднаш да покажат и да докажат прво пред граѓаните дека она што го кажуваат, ќе можат да го реализираат за да на следните избори имаат поддршка. Јас кога се кандидирав за градоначалник, ја имав поддршката од ВМРО-ДПМНЕ којашто, за жал, не успеа да се надмине себеси. Суетите се преголеми за да дозволите некој да работи без да му кажувате што и како да прави. Благодарам, но јас со такви луѓе кои знаат само да саботираат и да блокираат не би сакала никогаш повеќе да работам, рече Арсовска.

Прашана дали со последните случувања со ЈСП е отпочната кампањата за локалните избори, Арсовска рече дека нема да навлегува во политичките агенди, но дека граѓаните се доволно патентни и ќе можат да проценат кои се оние кои можеле да го решат пробемот со јавниот превоз во изминатите три години.

– Ако некој кажува дека овој проблем ќе го реши следната година по локланите избори, прашајте го затоа што не го решил досега. Затоа што Советот е оној којшто можел одлуката за набавка на нови автобуси да ја донесе пред три години. Зошто таква одлука не е донесена треба да ги прашате нив. Да можеше без одлука на Совет, Град Скопје да функциоонира и да можеше да направи јавна набавка, досега ќе беше направена, рече Арсовска.

Continue Reading

Македонија

Вработување: ООУ „Симче Настовски“ с. Вратница, плата 35.531 денар

Published

on

ООУ „Симче Настовски“ с. Вратница, Јегуновце објавува оглас за вработување на 1 јавен службеник од група I, подгрупа II. Работното место вклучува организирање административно-канцелариски задачи и обезбедување комуникација меѓу учениците, родителите и наставниот кадар.

https://prijava.aa.mk/#/announcementDetails/4046

Continue Reading

Македонија

61-годишна жена го роди своето прво бебе, таа е највозрасната прворотка во Македонија

Published

on

Според досегашните информации, мајката и бебето се во општа стабилна состојба. Бебето било зачнато со ин витро.

61-годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија пред неколку дена во Скопје. Случајот се смета за највозрасната прворотка во Македонија.

Според досегашните информации, мајката и бебето се во општа стабилна состојба. Бебето било зачнато со ин витро.

Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Ирена Алексиовска Папестиев за денеска на пладне најави повеќе детали.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк