Connect with us

Инфо +

Вака изгледаат нозете на пожарникарите по 30 часа борба со огнот

Published

on

Нозете на пожарникарите по 30 часа борба со огнот

Пожарникари- Струмица денеска објавија фотографии за тоа како изгледаат нозете на пожарникарите кои 30 часа се бореле со огнената стихија во Пехчево.

Извор: Фокус

Македонија

Димовски: Македонија е атрактивна дестинација за странски инвестиции – интервју за Nikkei Asia

Published

on

Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски, денес оствари интервју со Такако Гакуто, автор во престижниот медиум Nikkei Asia, еден од водечките азиски економски и бизнис-извори со глобално влијание. Интервјуто, кое ќе биде објавено во специјалното новогодишно издание на медиумот, го става фокусот на потенцијалите на Македонија како атрактивна дестинација за странските инвеститори.

Во разговорот, Димовски ги презентираше стратешките достигнувања и плановите на Технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ), потенцирајќи ја нивната улога во поттикнувањето на економскиот раст, отворањето на нови работни места и унапредувањето на деловното опкружување во земјата.

„Со новиот концепт, ТИРЗ е целосно посветен на привлекување на квалитетни странски инвестиции и промоција на Македонија како деловна дестинација. Инвестициите во зоните веќе покажуваат значајно влијание врз локалната економија, но целта ни е овие успеси да продолжат и да се надградат,“ изјави Димовски.

Nikkei Asia, познат како издавач на најголемиот економски весник во светот и сопственик на Financial Times, е значаен медиум кој обезбедува објективно и детално информирање на глобално ниво. Интервјуто на Димовски претставува можност за дополнителна промоција на Македонија пред светската деловна заедница.

Новогодишното издание на Nikkei Asia, каде ќе биде објавено интервјуто, ќе понуди уникатен поглед на глобалните економски трендови, поставувајќи ја Македонија како дел од позитивните примери за економски раст и инвестициски потенцијал

Continue Reading

Македонија

Во однос на аргументи, фудбалски кажано Бугарија ja добивме со 3-0

Published

on

Смешно е кога се прават теории на заговор за некакви оски во услови кога затекнавме катастрофална состојба во Железницата. Слушавме за бајковити проекти од 300-400 милиони евра, а вработените плата не можеа да им однесат на семејствата. Патнички возови и да немаше а наследивме нула локомотиви и дваесетина композиции кои што чекаа на граница бидејќи немаше како да бидат пренесени. Сега состојбата е сменета, оваа Влада започна со реформирање на Желеницата и до крај на годината ќе покаже позитивни резултати, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски на одговор на пратеничко прашање.

Тој потенцира дека сега се оспособени патнички возови за сообраќај како и шест локомотиви, а до крај на годината ќе бидaт функционални вкупно девет локомотиви со што Железница извесно е дека за вторите шест месеци откако се формира Владата, ќе заврши со позитива во работењето.

Во однос на пругата за Коридор 8, вицепремиерот Николоски истакна дека до крај на годината ќе се заврши изградбата на првиот дел од Куманово до Бељаковце, додека за втората фаза рече дека проблемот со слабиот прогрес на работа е во фирмата изведувач.

-За втората фаза изградбата оди многу бавно и основната причина е изборот на изведувач. Избрана е компанија која целосно неодговорно работи и не ги исполнува обврските. Во моментов реализацијата е 27, 3 % а рокот за завршување е октомври 2026 година и би сакал да го повикам Обвинителството да испита како оваа компанија е избрана. Се работи за компанијата Ѓулермак. Во која постапка е избрана и да дадам некои наводи, дали е манипулирано со должината на шините и начинот на монтирање на истите и на тој начин е отфрлена конкуренцијата? За исто ова имам доставено пријави до Обвинителството, но досега ништо не работат, па да ги мотивирам да поработат. Јас не се кријам, кривичните пријави лично сум ги потпишал, истакна вицепремиерот Николовски

Во однос на третата фаза, вицепремиерот Николоски потенцираше дека оваа Влада иако била критикувана од Бугарија постапила домаќински бидејќи заштедени се пари на граѓаните.

-Во однос на аргументи, фудбалски кажано Бугарија ги добивме со 3-0. Трите наши аргументи се прифатени и очекувам да соберат храброст и да се одржи и третиот состанок во Скопје. Еве оваа недела требаше да се одржи во Скопје, но одолговлекуваат. Нека соберат храброст да ја затвориме оваа тема. Нашите аргументе се јасни. Да се направи ревизија на цената, мора да има зеднички проект за потенцијално тунелот кој треба да ги спојува двете држави и трето да си го завршат нивниот дел да се спојат до границата. Поентата на изградба на оваа пруга е да се споиме и да имаме воз од Скопје – Софија – Црното море. Во однос на другата страна на коридор 8, нашиот сосед има некоја железница од времето на Енвер Хоџа која е нефункционална и завршува во местото Лин. Но ако следете медиуми тие почнаа да работат на две железнички линии кои што не се поврзани со Македонија, а тое е Драч -Тирана и другата што сакаат ја да градат е од Валона -Драч – Бар и да се поврзат со проистаниште Бар и целосно го игнориаат потенцијално коридор 8. И да се запрашаме, дали треба да се трошат пари за нешто што нема да не поврзе со никого, па мислам дека подомаќинско мислење од ова нема, изјави Николоски.

Како што истакна вицепроемиерот Николоски, Македонија работи на стратешкиот проект за брза пруга на коридор 10 кој треба да биде крвотокот на македонската економија.

Continue Reading

Македонија

„ДАЛИ КРАЈОТ ВАКА МИРИСА?“ Шилегов посвети песна за новото раководство на СДСМ

Published

on

Преку песната „Во бестрага“, поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов реши да ѝ честита на партијата СДСМ за новите кадри кои ги избрала.

Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, не го крие незадоволството од новоизбраното раководство на СДСМ.

Преку песната „Во бестрага“ реши да ѝ честита на партијата за новите кадри кои ги избрала.

„Помисли на тоа што сѐ можеме… Можеби е доцна, а може не. Дали крајот вака мириса? Ние двајцата сме за… во бестрага“, гласи рефренот на песната во изведба на Игор Џамбазов и групата „Нокаут“.

Инаку, СДСМ вчеравечер ја одржа првата седница на Централниот одбор. На вчерашната седница за нови потпретседатели беа избрани поранешната министерка за животна средина Каја Шукова, професорката Ана Чупеска, битолчанецот Менде Илиевски од тамошниот Совет и Кристина Костовакоја е активна во рамките на Централниот одбор на СДСМ.

Партијата го избра Александар Димитријевиќ од општинската организација на СДСМ во Гази Баба за генерален секретар, а организациони секретари ги избра Љупчо Фармаковски од СДСМ Центар и Мартин Костовски кој е пратеник во Собранието.

Претходно, на 30-от партиски конгрес одржан во неделата за заменик-претседателка беше избрана Фани Каранфилова-Пановска.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк