Connect with us

Балкан

Вучиќ НЕ САКА да оди на ОДМОР: Замислете да има некој пожар, а јас да не сум тука

-Луѓето имаат свои семејства, се одмараат по напорна работа. Јас сум тука, сакам да сум овде, замислете има оган и не сум тука. Не би издржал, морам да бидам со повеќето наши луѓе, иако не верував колку луѓе патуваа, кога ги гледам податоците од граничните премини, значи дека собрале многу пари за да можат да патуваат , и покрај короната- рече Вучиќ, пренесува српскиот Портал Луца.ме.

Image

За разлика од кај нас каде цела Влада е на одмор, а премиерот и министерот за здравство се вратија од одмор еден ден два за пожарите и новите мерки кои владата ги донесе, иако сме во криза спокојно си тераат одмор, српскиот претседател го докажува спротивното.

Балкан

Јадранот претворен во депонија од пластика

Рибарите долж Јадранското Море секојдневно извлекуваат значителни количини пластичен отпад, но поради недоволна инфраструктура за негово собирање и предавање, проблемот со години останува нерешен. Истражувањата покажуваат дека Јадранот има повеќе плутачки отпад отколку остатокот од Медитеранот, а над 80 проценти од него е пластика.

Во обид да се справи со оваа криза, здружението Sunce во соработка со организации од Хрватска и Италија спроведува проектот FishNoWaste. Целта е да се соберат податоци за видот и количините на отпад што се појавува во риболовот и да се развие модел за заедничко управување со отпадот, кој ќе овозможи повторна употреба, рециклирање и значително намалување.

„Законот ги обврзува рибарите да го предадат отпадот што пасивно го уловиле, но често нема каде да го остават“, посочува Дора Чакушиќ, асистентка во Одделот за комуникации и застапување. Таа додава дека постојните системи за прием на отпад на копно се неефикасни и недоволно развиени, па трудот на рибарите често останува без посакуван резултат.

При влечење на мрежите, рибарите извлекуваат и отпад од морското дно, а дополнителен отпад настанува токму за време на риболовните активности – поради кинење на мрежи, губење конопи, бови и други пластични елементи. Особено проблематични се „ghost nets“ – изгубени мрежи кои продолжуваат да фаќаат морски живот.

Проектот FishNoWaste вклучува научен мониторинг на отпадот, како и пилот-имплементација на модел за заедничко управување во избрани пристаништа. Целта е вклучување на рибарите за поголема ефикасност при собирање, сортирање и предавање отпад.

Sunce исто така спроведува едукативни програми за рибарите, училиштата и локалните заедници, промовирајќи принципи на кружна економија и свест за влијанието на морскиот отпад врз екосистемот, здравјето и економијата.

Очекувањата се дека проектот ќе доведе до значително подобрување на системот за управување со риболовен отпад, развој на заеднички стратегии и зголемување на количествата отпад што се собира, сортира и рециклира, со долгорочен ефект врз зачувувањето на Јадранското Море.

Continue Reading

Балкан

Земјотрес од 4,8 степени во Грција

Силен земјотрес со магнитуда од 4,8 степени ја погоди областа Калаврита во Грција во саботата вечер, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки (GFZ). Епицентарот бил на длабочина од 10 километри, пренесува EMSC.

Првичните извештаи наведуваа магнитуда од 6,3 степени, но подоцна вредноста беше коригирана на 4,8.

Сведоци од областа пријавиле дека почувствувале силен татнеж, по што почнала да се тресе и нивната околина. „За среќа, плочките останаа на место. Епицентарот, изгледа, бил во селото Коутели кај Калаврита“, изјавиле локалните жители.

Засега нема информации за повредени или значителни материјални штети.

Continue Reading

Балкан

Букурешт денеска гласа за нов градоначалник: 1,8 милиони избирачи на изборните места

Денеска граѓаните на Букурешт го остваруваат своето право на глас за избор на нов градоначалник. Се очекува речиси 1.800.000 луѓе да гласаат на 1.289 избирачки места и да го одредат лицето што ќе управува со најголемиот и најбогат романски град до 2028 година, со буџет од 11 милијарди леи.

Изборниот ден започна во 7 часот наутро и ќе трае до 21 часот по локално време. За позицијата, која остана празна по изборот на Никушор Дан за претседател на Романија, се натпреваруваат 15 кандидати, иако на гласачкото ливче се наведени 17 имиња поради повлекување на двајца кандидати во последен момент.

Најмладиот кандидат има 32 години, додека најстариот е 66-годишен. Победникот ќе стане 17-ти градоначалник на Букурешт од 1990 година наваму.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг