Connect with us

Инфо +

“Не може да не казнувате нас што почитуваме се”

Published

on

Не може да не казнувате нас што како мамлази почитуваме се`, со нови карантини и дополнителни забрани. Која е логиката на задожително носење маски надвор? На што го базирате ова? Кој и врз база на што ја дал оваа препорака и зошто!? Како одлучувате дека карантинот е најдобро решение кога знаете дека во пола држава не може да го спроведете? Која е штетата на психичкото здравје со новите забрани и карантини? Сте ја виделе ли рајата во која и јас припаѓам како се однесува во сообраќај, како вози, колку нема трпение, како се дере на најмала работа, како фрла и уништува природа како да нема утре? Кој води сметка за ПСИХИЧКОТО ЗДРАВЈЕ НА ЛУЃЕТО? Кои се резултатите од првите 9 месеци за другите болести, меѓу кои и психичките нарушувања?! Како се ДЕЦАТА? Колку луѓе умреа оти не добија сериозно внимание заради протоколите или стравот и препораката да не одат на лекар!?
ВИЕ не убедувавте на почеток на сезоната дека е нормално луѓето да одат секаде, да се движат, дека ние што останавме Скопје сме малце глупички и дека гужвата во Охрид е ок, ако се држи дистанца? И сега карантин е новата нормалност и носење маски на отворено? И на Водно ли ќе важи тоа? Зошто?
А да почнете како влада и држава да ја спроведувате политиката што ја промовирате и да си ја работите работата. Какви контроли имате направено по мали маркети, кафани и кафулиња во петок и сабота навечер, кога сте биле во помалите градови во Источна и Западна Македонија? Кога последен пат сте поминале Дебар Маало навечер, еве нека не е за маски или одалеченост, нека е за паркирање на улица или брзо возење и дивеење по градов? Кога сте биле на Бит Пазар или Пластичара? Кога отидовте до некоја фирма, на свадба, на сунет, на домашни слави и празници или некоја општина во градов?
Забраните МОРА да ви се базирани на факти и сериозни објаснувања и докази, а не да бидат реакција на немоќта на администрацијата и системот да биде држава.
Не можеш по магарето, удри по самарот.

Македонија

ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ ПОВТОРНО СО ОСТРА КРИТИКА – „Обвинителите и судиите биле позаробени и покорумпирани отколку што сме мислеле“

Published

on

Поранешниот министер за финансии и добар познавач на состојбите во албанскиот политички блок Џевдет Хајредини, со остра критика против носителите на правосудниот систем во земјава, односно обвинителите и судиите.

Тој вели дека тие биле дури и позаробени и корумпирани отколку што сме мислеле.

„Јасно се гледа дека обвинителите и судиите биле многу позаробени и покорумпирани, отколку што сме знаеле и дека довербата на народот кон нив не треба да биде ниту 2 отсто“, пишува во свој статус на фејсбук Џевдет Хајредини.

Continue Reading

Македонија

Комуналното претпријатие Саубермахер Тетово: Почнува со присилна наплата

Published

on

Од компанијата „Саубермахер“ која се грижи за собирање и транспортирање на комуналниот отпад на територијата на Општина Тетово, велат дека во перидов што следи приморани се да започнат со судски, односно со постапки за присилна наплата. Ваквиот чекор додаваат од компанијата, следува по повеќето апели за редовно плаќање на комуналните сметки и опомени за неплатени сметки кои пристигаа изминатиов период до корисниците.

Процесот за присилна наплата треба да започне што поскоро, а во меѓувреме од Саубермахер уште еднаш апелираат корисниците на нивните услуги да го подмират заостанатиот долг, со цел да се избегнат дополнителни трошоци при иницирање на постапка за присилна наплата и присилно извршување.

„За управувањето со отпaдот на целата територија на Oпштина Тетово ангажирани се повеќе работници, во три смени, без разлика на времето и временските услови, се со цел почист град и почиста средина. Редовното плаќање на сметките е дополнителен мотив за работниците кои се грижат за чист град, без отпад и нудење на квалитетни услуги за сите“, информираа од компанијата Саубермахер.

Доколку граѓаните се уште се соочуват со несоодветни податоци во комуналната сметка, веднаш да се обратат до нашата компанија, информираа од Саубермахер.

„Апел до граѓаните ако имаат несоодветни податоци (станбена површина, адреса или останати податоци за корисникот) во доставените фактури веднаш да се обратат, да се регистрират или пак да пријават во нашите канцеларии во Долно Палчиште, во Тетово во привремениот шалтер во просториите на општината, канцеларија во близина на општината како и канцеларија наша – платежен пункт во просториите на ЈКП (зелен пазар) или електронски на е-пошта contact@saubermacher-tetovo.mk. Корисниците со себе треба да донесат документи, односно лична карта и имотен лист за станбениот или деловниот објект. Исто така упатуваме апел до иселениците кои се враќаат во својот роден крај за време на празниците, да се регистрираат, да пријават и да корегираат податоци, а доколку е потребно да пријават и било каква нејаснотија. Потребните документи за регистрација на иселениците за кои комуналната сметка за собирање и транспорт на отпад е намалена за 50%, поради тоа што не се резиденти, и истото се докажува со личен документ за привремена адреса во странство, сметки од струја, како и имотен лист за станбениот или деловниот објект, велат од Саубермахер

За олеснување на процесот на плаќање како и преглед на сите податоци и издадени фактури, корисниците можаат да се регистрират на веб порталот на “www.saubermacher-tetovo.mk“, информираат од Саубермахер.

Continue Reading

Македонија

СКАНДАЛ: Mакедонски бизнисмен-градежник со незаконски документ сакал да ја продава италијанската резиденција на Водно

Published

on

Македонското министерство за надворешни работи и надворешна трговија на шести декември, годинава, со назнака „Многу Итно“, за случајот испратило известување до Министерството за внатрешшни работи (Биро за јавна безбедност), до Министерството за правда, како и до Нотарската комора.

Mакедонски бизнисмен, кој се бави со градежништво, со незаконски изработен документ и печат на странска амбасада во Скопје, сакал да врши продажба на луксузен имот на Водно, сопственост на дипломатското претставништво, дознава ексклузивно НетПрес.

Имено, според документите до кои дојде НетПрес, извесно лице Александар Ивановски со незаконски изработен документ со потпис и печат на италијанската амбасада во Скопје, на седми август, годинава, наводно добил овластување да продаде плац и објект во скопско Водно, кој всушност е резиденција на италијанскиот амбасадор во Македонија.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк