Connect with us

Македонија

Полиција му тропнала на Ибин Емшиу кој СВЕДОЧЕШЕ ДЕКА МУ БАРАЛЕ ПАРИ ЗА НЕГА НА БРАТ МУ

Published

on

Ибин Емшиу кој ги загуби својот брат и татко во несреќата во тетовската модуларна болница сведочеше за јавноста дека во тетовскиот ковид-центар му барале пари за нега на брат му.

Откако беше објавена неговата изјава, тој вели дека на врата му тропнала полиција, објави Дочје Веле.

Полициски службеник денеска го пронашол во тетовското село Синичане. Тој рекол, за што е сочинета и службена белешка, дека немал директна закана по неговиот живот, туку дека по дадената изјава за медиум, на социјални мрежи наводно прочитал три коментари во врска со дадената изјава – да внимава што изјавува и дека може нешто да му се случи.

Покрај тоа, како што им кажал на полициските службеници денеска, на стакло од неговото возило на лист наводно подоцна му било напишано „Внимавај”. Но, не ги сочувал ниту коментарите од социјални мрежи, ниту листот, велат од тетовската полиција.

Тој, исто така, им рекол на полициските службеници дека нему никој не му барал пари во болницата, туку самоволно им дал на поединци од медицинскиот персонал, за „подобро да се грижеле за неговите најблиски“. Официјална пријава не е поднесена до СВР Тетово, ниту за заканите за живот, ниту во однос на тврдењата дека му биле барани пари за медицинска нега“, вели за ДВ Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

Но, Емшиу реагира на ваквите наводи на полицијата.  Тој тврди дека не го сменил исказот во полиција и дека останува на своето сведочење. Тој за ДВ изјави дека му се заканувале дека ќе го убијат и дека е решен да ја каже вистината за пожарот во тетовскиот ковид-центар, објави ДВ

Македонија

Утре без струја дел од Брвеница и повеќе села од општина Јегуновце

Published

on

Утре, 29.11.2024 (петок) дел од селото Брвеница и неколку населени места во општина Јегуновце ќе останат без снабдување со електрична енергија. Прекините се планирани поради технички зафати на електромрежата и ќе траат во текот на денот. Граѓаните се повикуваат на разбирање и навремено прилагодување на своите обврски.

ТУДЕНЦЕ, ПРЕЉУБИШТЕ прекин од 09:00 до 14:00 часот

КОПАНЦЕ, ЈАНЧИШТЕ, ПОДБРЕГЕ, ПРЕЉУБИШТЕ, РАОТИНЦЕ, ЈЕГУНОВЦЕ почеток од 09:00 до 14:00

БРВЕНИЦА: дел од с.Брвеница, ул.Чедомир Момировси, ул.Пролетерска и дел од ул.Дубрава прекин од 09:00 до 14:00 часот

Continue Reading

Македонија

Димовски: Македонија е атрактивна дестинација за странски инвестиции – интервју за Nikkei Asia

Published

on

Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски, денес оствари интервју со Такако Гакуто, автор во престижниот медиум Nikkei Asia, еден од водечките азиски економски и бизнис-извори со глобално влијание. Интервјуто, кое ќе биде објавено во специјалното новогодишно издание на медиумот, го става фокусот на потенцијалите на Македонија како атрактивна дестинација за странските инвеститори.

Во разговорот, Димовски ги презентираше стратешките достигнувања и плановите на Технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ), потенцирајќи ја нивната улога во поттикнувањето на економскиот раст, отворањето на нови работни места и унапредувањето на деловното опкружување во земјата.

„Со новиот концепт, ТИРЗ е целосно посветен на привлекување на квалитетни странски инвестиции и промоција на Македонија како деловна дестинација. Инвестициите во зоните веќе покажуваат значајно влијание врз локалната економија, но целта ни е овие успеси да продолжат и да се надградат,“ изјави Димовски.

Nikkei Asia, познат како издавач на најголемиот економски весник во светот и сопственик на Financial Times, е значаен медиум кој обезбедува објективно и детално информирање на глобално ниво. Интервјуто на Димовски претставува можност за дополнителна промоција на Македонија пред светската деловна заедница.

Новогодишното издание на Nikkei Asia, каде ќе биде објавено интервјуто, ќе понуди уникатен поглед на глобалните економски трендови, поставувајќи ја Македонија како дел од позитивните примери за економски раст и инвестициски потенцијал

Continue Reading

Македонија

Во однос на аргументи, фудбалски кажано Бугарија ja добивме со 3-0

Published

on

Смешно е кога се прават теории на заговор за некакви оски во услови кога затекнавме катастрофална состојба во Железницата. Слушавме за бајковити проекти од 300-400 милиони евра, а вработените плата не можеа да им однесат на семејствата. Патнички возови и да немаше а наследивме нула локомотиви и дваесетина композиции кои што чекаа на граница бидејќи немаше како да бидат пренесени. Сега состојбата е сменета, оваа Влада започна со реформирање на Желеницата и до крај на годината ќе покаже позитивни резултати, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски на одговор на пратеничко прашање.

Тој потенцира дека сега се оспособени патнички возови за сообраќај како и шест локомотиви, а до крај на годината ќе бидaт функционални вкупно девет локомотиви со што Железница извесно е дека за вторите шест месеци откако се формира Владата, ќе заврши со позитива во работењето.

Во однос на пругата за Коридор 8, вицепремиерот Николоски истакна дека до крај на годината ќе се заврши изградбата на првиот дел од Куманово до Бељаковце, додека за втората фаза рече дека проблемот со слабиот прогрес на работа е во фирмата изведувач.

-За втората фаза изградбата оди многу бавно и основната причина е изборот на изведувач. Избрана е компанија која целосно неодговорно работи и не ги исполнува обврските. Во моментов реализацијата е 27, 3 % а рокот за завршување е октомври 2026 година и би сакал да го повикам Обвинителството да испита како оваа компанија е избрана. Се работи за компанијата Ѓулермак. Во која постапка е избрана и да дадам некои наводи, дали е манипулирано со должината на шините и начинот на монтирање на истите и на тој начин е отфрлена конкуренцијата? За исто ова имам доставено пријави до Обвинителството, но досега ништо не работат, па да ги мотивирам да поработат. Јас не се кријам, кривичните пријави лично сум ги потпишал, истакна вицепремиерот Николовски

Во однос на третата фаза, вицепремиерот Николоски потенцираше дека оваа Влада иако била критикувана од Бугарија постапила домаќински бидејќи заштедени се пари на граѓаните.

-Во однос на аргументи, фудбалски кажано Бугарија ги добивме со 3-0. Трите наши аргументи се прифатени и очекувам да соберат храброст и да се одржи и третиот состанок во Скопје. Еве оваа недела требаше да се одржи во Скопје, но одолговлекуваат. Нека соберат храброст да ја затвориме оваа тема. Нашите аргументе се јасни. Да се направи ревизија на цената, мора да има зеднички проект за потенцијално тунелот кој треба да ги спојува двете држави и трето да си го завршат нивниот дел да се спојат до границата. Поентата на изградба на оваа пруга е да се споиме и да имаме воз од Скопје – Софија – Црното море. Во однос на другата страна на коридор 8, нашиот сосед има некоја железница од времето на Енвер Хоџа која е нефункционална и завршува во местото Лин. Но ако следете медиуми тие почнаа да работат на две железнички линии кои што не се поврзани со Македонија, а тое е Драч -Тирана и другата што сакаат ја да градат е од Валона -Драч – Бар и да се поврзат со проистаниште Бар и целосно го игнориаат потенцијално коридор 8. И да се запрашаме, дали треба да се трошат пари за нешто што нема да не поврзе со никого, па мислам дека подомаќинско мислење од ова нема, изјави Николоски.

Како што истакна вицепроемиерот Николоски, Македонија работи на стратешкиот проект за брза пруга на коридор 10 кој треба да биде крвотокот на македонската економија.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк