Connect with us

Македонија

Не ги пуштаат невакциниpaни во кафулињата, за битолчани тоа не е проблем, си сварија кафе на плоштадот Магнолија (Фото)

Незадоволни граѓани од Битола кои се противат на мерките за задолжителна вакцинација при посетата на угостителски објекти, пиеја кафе на плоштадот Магнолија.

Исто како и Французите во Париз, така и дел од битолчани го изразија својот револт од најновите мерки.

Си направија пикник, си сварија кафе и повикаа на нова ваква средба на 18.09 (сабота) на истата локација.

ФОТО: ИГОР ПЕТКОСКИ

Македонија

Следното лето Скопје добива нова сезонска авиолинија

Од наредната година, нискобуџетниот авиопревозник „АЏет“ (AJet), најавува враќање на сезонските летови од популарниот Бодрум до главните градови – Скопје и Сараево, ексклузивно дознава порталот „Екс ју авиејшн“.

Авиолинијата Бодрум-Скопје ќе започне на 2 јули, а летовите ќе се реализираат секој четврток.

Не заостанува ни Сараево. Патниците од босанскиот главен град ќе можат да уживаат во директниот лет од 28 јуни, со редовни полетувања секоја недела.

Иако овие линии беа омилени кај патниците и редовно оперираа под капата на AJet и нејзиниот претходник Anadolujet – линијата за Сараево од 2021 до 2024 година, а онаа за Скопје од 2022 до 2024 година – за жал, во текот на оваа година беа ставени во мирување. Сепак, следната сезона ги враќа во живот, на задоволство на сите кои планираат одмор во Турција или посета на Балканот.

Continue Reading

Македонија

Премиерот Мицкоски оствари средба со генерал-мајор Грегори Најт

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска оствари значајна средба со командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт.

Централна тема на разговорите беше продлабочувањето на соработката меѓу институциите, со посебен акцент на одбранбениот сектор.

„Во разговорот се осврнавме на продлабочување на соработката меѓу нашите институции, особено во домените на обуката, размената на искуства и поддршката во изградбата на модерни и ефикасни одбранбени капацитети,“ објави премиерот Мицкоски на својот Фејсбук-профил.

На средбата присуствуваа и амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер, министерот за одбрана, Владо Мисајловски, како и генерал-мајор Сашко Лафчиски.

Посетата на генерал-мајор Најт беше заокружена со свечена церемонија во Кабинетот на Претседателката, каде Гордана Сиљановска – Давкова ќе му го врачи Орденот за воени заслуги.

Од Кабинетот на Претседателката информираат дека високото одликување се доделува како признание за неговиот „особен придонес во продлабочувањето на македонско-американското пријателство и воената соработка“. Оваа соработка, која се реализира преку Програмата за државно партнерство, резултираше со многубројни активности кои придонесоа за зајакнување на капацитетите и зголемување на борбената готовност на Армијата.

Средбата и церемонијата ја потенцираат стратешката важност на партнерството меѓу двете земји во областа на одбраната и безбедноста.

Continue Reading

Македонија

Беким Сали го презема раководењето со Алтернатива

Вицепремиерот и идниот министер за европски прашања, Беким Сали, е избран за вршител на должност претседател на Алтернатива, по оставката на долгодишниот лидер Зеќирија Ибрахими на Централното собрание на партијата.

Ибрахими образложи дека се повлекува поради лични политички убедувања и уверување дека партијата и коалицијата ВЛЕН имаат потреба од нова енергија и ново раководство. Тој наведе дека планирал да не се кандидира на редовниот конгрес во март или април 2026 година, но динамиката во рамките на ВЛЕН го забрзала процесот.

Со силна поддршка од органите на партијата, за привремен лидер беше избран Беким Сали, долгогодишен соработник на Ибрахими, кој ќе го води партиското работење до одржувањето на конгресот.

Во својата објава, Ибрахими се осврна на 11-годишното политичко делување, нагласувајќи дека заминувањето не е резултат на незадоволство, туку на потребата за „втора етапа“ во политичката организација на Албанците во земјата. Според него, младите треба да добијат поголемо влијание, а во Алтернатива веќе се промовирани нови лица кои може да станат идни лидери.

Тој изрази благодарност до соработниците, членството и партнерите од ВЛЕН, како и до своето семејство, упатувајќи и барање за прошка до сите што можеби ги повредил во политичките дебати. Ибрахими останува активен во партијата и во коалицијата, со фокус на едукација на младите и пренесување на своето политичко искуство.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг