Connect with us

Македонија

(Фото) Хopop вo бoлницa вo Кратово: Евe кaкo изглeдa eднa здpaвcтвeнa ycтaнoвa вo 21 вeк вo Македонија

Пример како не треба да изгледа една здравствена установа во 21. век. Испокршени прозори, ѓубре, улични кучиња по ходниците, нефункционални тоалети…

До редакцијата на Инфомакс пристигнаа вознемирувачки фотографии од болницата во Кратово, во кои, како што може да се види е пред распад!

И сега да се запрашаме…

-Колку долго е болницата во Кратово во ваква состојба?

-Зошто досега никој нема пријавено ништо?

-Дали надлежните не забележале дека нешто не е во ред со здравствената установа?

Фотографиите зборуваат за ужасната состојбата во која се наоѓа болницата…

Македонија

Кој ќе ја преземе функцијата претседател на Советот на јавни обвинители?

Советот на јавни обвинители на Република Македонија денеска ја одржува својата 32. седница, на која клучна точка на дневниот ред е изборот на нов претседател на Советот.

Оваа функција е испразнета од 1 октомври годинава, кога ѝ истече мандатот на досегашната претседателка, Душица Димитриеска. Советот ја констатираше одлуката за престанок на нејзината функција на 28-та седница одржана на 30 септември. Изборот на ново раководно лице беше привремено одложен поради текот на локалните избори. Во меѓувреме, со работата на Советот раководи заменик-претседателот Башким Бесими.

Покрај кадровското решение за лидерската позиција, на денешната седница се разгледуваат и други важни прашања: Престанок на функцијата јавен обвинител по сопствено барање и формирање на нова Комисија за спроведување на стратегијата за комуникација и транспарентност за периодот 2025–2028 година.

Според најавите од официјалната веб-страница на Советот на јавни обвинители, се очекува денешната седница да донесе значајни кадровски и стратешки одлуки кои се клучни за натамошното функционирање на институцијата.

Continue Reading

Македонија

„Сејф сити“ казните наскоро ќе се плаќаат со апликација: секоја добива свој уникатен код

Системот „Безбеден град“ (Safe City) влегува во фокусот на јавноста, а најновите информации од првиот човек на Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, Сашо Топаловски, откриваат шокантни исклучоци и недоречености кои допрва ќе ги брануваат граѓаните.

Топаловски синоќа потврди дека камерите ги „фаќаат“ и регистарските таблички во боја на службените возила, но – внимание – судбината на овие возила сè уште виси! Не е познато дали тие ќе бидат ставени на листата на „недопирливи“ како што се веќе противпожарните возила и возилата на брзата помош при интервенција.

Најголемата контроверза доаѓа од „VIP“ категоријата! Возилата во кои се превезуваат носителите на највисоките државни функции нема да бидат казнувани, бидејќи се движат под посебен сообраќаен режим. Дали ова значи дека привилегијата ја поништува сообраќајната безбедност за избраните, додека обичните граѓани ќе бидат ставени под лупата на законот?

На прашањето кое најмногу ги мачи возачите – дали ќе има казни за само еден километар над дозволената брзина – началникот не понуди никаков прецизен одговор. Наместо тоа, ретерираше со констатацијата дека „се разгледува праксата во други држави и градови во Европа“. Ова ја остава јавноста во неизвесност додека „Безбеден град“ демне од зад аголот.

Топаловски го отвори и болното прашање за плаќањето на глобите, најавувајќи дека се размислува за специјализирана апликација.

„Размислуваме за една специјализирана апликација каде што ќе има број што ќе го добиете и кој ќе биде единствен за плаќање на таа казна. Техничарите размислуваат за една таква апликација“, изјави тој.

Сепак, сè додека не се воведе модерното решение, граѓаните ќе мора да се потпрат на старите, побавни процедури: чекање на прекршочен налог и одење во банка – нешто што, според Топаловски, голем дел од граѓаните го преферираат пред онлајн плаќањата.

Останува да видиме кога ќе се дефинираат линиите на толеранција за брзината и дали службените возила ќе добијат бел чаршав или ќе се соочат со правдата на камерите.

Continue Reading

Македонија

Денешната седница на Комисијата за „Пулс“ под знак прашалник поради можен недостаток на кворум

За денес во Парламентот е закажано одржување на седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните. Седницата е иницирана по претставка поднесена од родителите на младите лица кои трагично ги загубија животите во пожарот што избувна во кочанската дискотека „Пулс“.

Семејствата на жртвите инсистираат на неодложно одржување на седницата, предупредувајќи дека нема простор за нови пролонгирања. Тие очекуваат целосно присуство од сите пратеници, како и претставници на релевантните институции, потенцирајќи дека денешниот термин е единствена можност за директно обраќање пред Собранието.

Во меѓувреме, опозицијата изразува загриженост дека седницата може да пропадне поради недостиг на кворум, доколку пратениците од владејачкото мнозинство одлучат да не се појават.

И покрај предлогот на претседателот на Собранието за одложување, поради тековната расправа за буџетот, партијата „Левица“, чиј претседател, Димитар Апасиев, раководи со комисијата, останува на првично закажаниот датум и време.

Паралелно со работата на ова тело, собранието веќе има формирано и посебна анкетна комисија. Нејзината задача е да ги разгледа сите поголеми трагедии кои се случиле во земјата во изминатите години, во чиј опфат спаѓаат и настаните поврзани со пожарот во дискотеката „Пулс“.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг