Connect with us

Приказни

Емотивно писмо на Коки до Дуле:„Ама ова ќе биде последно, се враќам од свирка, уште прашуваат за тебе и не те заборавиле!“

Published

on

Годините минуваат, времето не може се да излекува, болката останува, тлее, иако не е секогаш присутна, знаеме дека е тука…
Токму за една таква, неминлива болка, во својот пост пишува Коки кој му се обраќа на Дуле…седум години по неговото прерано заминување…

„Се враќам од свирка, од Струмица, брат, па ми се сврте во глава, и викам да ти пишам писмо … ама ова ќе биде последно, не те замарам повеќе, не кажувај абе Кочо, седум години ми доаѓаш, дај олабави.
Брат, не знам дали треба да се смеам или треба да плачам. Знаеш, мислам дека од некаде ќе се појавиш и дека најчесто кога свирам ми се случува, абе ‘фатаморгана’. Можеби, па сеа дури сфаќам дека стварно те нема, а…?

Сите прашуваат за тебе, не те заборавија да знаеш, особено на крајот од свирката..Ја темпирам ‘колку треба да се плати’ ќе стиснам заби, ќе им пеам, и тие пеат, тешко ми е да плачам нa тaa, гледам они плачат…

На овој ден кога ја летна, знаеш на кој му е роденден? На Ице, замисли… не ти го кажав тоа. Кај одам јас без гитара, свириме заедно, Сале е со нас. Ти постојано, кога ќе спомнев Господ, викаше ај батали тоа. Ама гледаш дека имало Господ, па ти ако не знаеш, кој? И кажи сеа дека ГОРЕ СИ Е ГОРЕ, нели … добро е таму.
Малку е незгодно тука, можеби и малку повеќе. Постои зараза, и ако ја закачиш јако, за скоро заминуваш, но некој ќе го фати и ништо нема да им се случи… Не разбирам… Претпоставувам дека си чул.
Макфест за прв пат оваа година на плоштадот се одржа, на отворено, а не во домот на културата, поради таа зараза, 35-годишнина..
Таму пак не заборавија и двајцата, ама нема врска.

Со Марија, твојата сестра, ќе се сретнеме понекогаш. Нејзините две и од брат ти три, имаш пет внучиња. Не се сеќавам на нивните имиња, едното од брат ти се вика Душан Љубисаљевик, знам, по тебе.
Треба да знаеш дека не престанувам со музика, и ми има многу пати дојдено се да баталам, но има песни бе брат кои треба да се пеат и свират. Помладите појма немаат кои биле Дуле и Коки, ама песните ги знаат, глеаш…
Не знам што друго сакав да ти кажам ..
Знаеш што … ова нема да биде последно писмо, ќе ти пишам пак, за некое време ..
7
23.09.2020“,

напиша Коки на неговиот профил на Фејсбук.

<iframe src="https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fkoki.jankov.90%2Fposts%2F995445384263485&show_text=true&width=552&appId=176850613417088&height=263" width="552" height="263" style="border:none;overflow:hidden" scrolling="no" frameborder="0" allowTransparency="true" allow="encrypted-media"></iframe>

Приказни

31 година од уривањето на авионот „Јак-42“ кај Охрид, погледнете ја реконструкцијата

Published

on

На денешен ден во 1993 година, авионот „Јак-42“ на авиокомпанијата „Авиоимпекс“, кој летал на релацијата Женева – Скопје, се урна во близина на Охрид. Леталото било пренасочено кон охридскиот аеродром поради лошите временски услови, но се срушило на само 4 километри од пистата, меѓу селата Горно Лакочереј и Оровник пишува 4news.mk.

Во оваа трагедија животите ги загубија 116 патници и членови на екипажот. Единствениот преживеан патник подоцна им подлегна на повредите. Како причини за несреќата беа посочени лошото време и наводно недоволната комуникација помеѓу посадата на авионот и аеродромските служби.

Истата година, само неколку месеци порано, на 5 март, на скопскиот аеродром се случи уште една голема авионска трагедија. Патнички авион од типот ФОКЕР 100 на компанијата „Палер Македонија“, кој превезуваше 97 патници, се урна при полетување. Во оваа несреќа загинаа 86 лица. Како причина за падот на Фокерот беше утврдено дека крилјата на воздухопловот не биле размрзнати, што доведе до дефект и пад.

Овие две трагедии го потресоа македонското воздухопловство и јавност. Поради сериозноста на ситуацијата, тогашниот министер за урбанизам, градежништво, комуникации и екологија, Антони Пешев, си поднесе оставка. Овие настани остануваат длабоко врежани во колективната меморија како најцрните денови во историјата на македонското воздухопловство.

Погледнете ја реконструкцијата која за прв пат е направена за овој лет.

Continue Reading

Приказни

„Крсте Петков Мисирков: Темелник на македонската литературна и национална посебност“

Published

on

На 18 ноември 1874 година е роден Крсте Петков Мисирков основоположник и кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис. Автор е на „За македонцките работи“, прва книга на современ македонски јазик која ги демаскира пропагандите и зборува за македонската посебност.

Continue Reading

Приказни

Годишнина од смртта на Петре Прличко, доајенот на македонското актерство

Published

on

На 16 ноември 1995 година замина Петре Прличко, легенда на македонскиот театар и филм. Со својот неповторлив талент и харизма, остави неизбришлива трага во културата, а публиката и денес го памети по многу незаборавни улоги. Неговата омилена улога, како што самиот изјави, остана ликот на Мандана.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк