Connect with us

Македонија

Бугарија сака Бугари во нашиот Устав и да прекине „македонизацијата”!

Published

on

Скопје и Софија ги „бетонираа“ своите ставови за спорот што го држи блокиран патот на земјава кон Брисел. Ниту средбата во Брдо, Словенија, меѓу премиерот Заев и бугарскиот претседател Радев во присуство на германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Маркон, не им помогна да дадат позитивни сигнали за решавање на блокадата. Радев наведе дека додека Скопје не ги прифаќа историските вистини во однос на Бугарија, како што тоа го направила со Грција. Сè додека тоа не се случи, Софија нема да се помести од својот став.

„Очекуваме искоренување на говорот на омраза, делузија и толкувања за Бугарија во учебниците, спомениците, музеите и јавната политика. Тогаш нашите луѓе ќе бидат подготвени да кажат „да“. Сакаме обврзувачки документи кои се јасни од правен аспект. Македонските Бугари да бидат вклучени во пописот. Исто како што историската вистина е прифатена во односите со Грција, сакаме историската вистина да биде прифатена во односите со Бугарија. Прекин на македонизацијата и омразата кон Бугарија и донесување јасни одлуки.“

Премиерот Заев рече дека земјава е спремна да разговара за отворените прашања, но не и за македонскиот идентитет. Нагласи дека Бугарија е единствената држава што ја блокира евроинтеграцијата на земјава.

Претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лејен истакна дека дијалогот меѓу Македонија и Бугарија мора да се врати на вистинскиот пат. Таа рече дека дури и најскептичните даваат јасни пораки за преземање чекори кон проширување на Унијата.

„Но, ЕУ исто така треба да направи повеќе. Се покажаа недостатоци во процесот на отворање преговори со Албанија и Република Северна Македонија. Треба да одиме напред во овој процес, да разјасниме. Интензивно се работи од страна на Европската Комисија за клучните прашања, што е и билатерално прашање помеѓу Република Северна Македонија и Бугарија. Се надевам дека ќе го решат овој проблем што е можно поскоро и ќе продолжат напред.“

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји повторно наведе дека Македонија и Албанија треба да почнат преговори со унијата.

Оливер Вархеји- еврокомесар за проширување и добрососедство

„Затоа, треба да преземеме одговорност и одлуки што водат кон тоа, што значи отворање на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија, отворање поглавја со Србија, забрзување на нашата работа за Босна и Херцеговина да стане земја-кандидат и укинување на визите за косовските државјани.“

Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел рече дека самитот во Брдо е можност за слободна и отворена размена на мислења за да се види кои ќе бидат следните чекори. Словенечкиот премиер Јанез Јанша, чија земја претседава со ЕУ, рече дека иако сакале да се наведе рок за проширување, не се успеало во тоа, затоа што прво треба да се затворат отворените прашања меѓу земјите.

Evi Shkopi-Алсат

Македонија

Приведен осомничен за серија тешки кражби

Published

on

На 7 јануари 2025 година, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го привеле С.Ј. (40) од село Подареш, кој се сомничи за извршување на четири кривични дела „тешка кражба“ на подрачјето на Радовиш. Кражбите биле извршени во викенд-куќи и помошен објект.


Според информациите, при претрес во домот на осомничениот, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од извршените кривични дела. Пронајдените предмети се одземени и ќе бидат вратени на нивните сопственици.

С.Ј. бил задржан во полициската станица Радовиш. За случајот бил информиран јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по завршување на истрагата и документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Continue Reading

Македонија

Скопјанец си ја пријавил сосетката, го истепала пред влезната врата!

Published

on

На 07.01.2025 во 15.15 часот во СВР Скопје, Ј.Т.(39) од Скопје пријавил дека околу 12.30 часот пред влезната врата од неговиот стан на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од негова сосетка. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија

Полицијата откри измама, куќа вредна 21 милион денари го убедиле да им ја продаде за пет пати помала цена

Published

on

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против З.М. (51) од Гостивар поради сомнение за сторени кривични дела „соизвршителство“ и „измама“. Кривична пријава е поднесена и против С.К. (76) за „помагање“ и „измама“.

Според истрагата, во периодот од 2018 до крајот на декември 2024 година, З.М. и С.К. заеднички го довеле во заблуда оштетеното лице, кое имало одземена деловна способност, да им продаде семејна куќа во Гостивар со пазарна вредност од 21.490.000 денари. Оштетеното лице, под влијание на пријавените, ја продало куќата по значително пониска цена од 5.231.750 денари.

Со ваквите дејствија, првопријавениот се обидел да се стекне со сопственост врз имот од значителна вредност, додека второпријавениот му помогнал во реализацијата на овој план.

Од полицијата информираат дека истрагата продолжува, а случајот е предаден на надлежните органи за понатамошно постапување.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк