Connect with us

Балкан

Србија со страшна реторика – Дачиќ: Boјна или миp, меѓународната заедница одлучува

Published

on

Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ, по повод најновите настани на северот на Косово и Метохија изјави дека меѓународната заедница мора да преземе најстроги мерки за да ги запре едностраните потези што ќе го доведат целиот регион во ситуација на војна или мир “.

Како што рече, меѓународната заедница навистина треба да донесе клучна одлука за тоа што сака на Косово и Метохија – војна или мир.

„Она што се случува сега не е само потсмев на целата меѓународна заедница, туку е и обид да се заплашат Србите со крајна цел – воено освојување на северно Косово и Метохија каде што живеат Србите и со дополнителна цел да ги протераат од Косово и Метохија “, изјави Дачиќ за Танјуг.

Претседателот на Парламентот потсети дека според Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, безбедносната функција на Косово и Метохија ја врши КФОР, односно НАТО, наведувајќи дека упадот во единицата РОСУ се случува по којзнае кој пат без известување на претседателите за Српски општини и без претходна најава, како што е предвидено со Бриселскиот договор.

Според него, КФОР имал обврска да ги извести Србите доколку, како што вели, РОСУ воопшто ги известила за тоа, оценувајќи дека ова е уште едно кршење на договорот од Брисел.

Балкан

Точеле помалку гориво кое дополнително го продавале: Разбиени криминална група за измами со гориво на бензински пумпи

Published

on

Грчката полиција разбила две криминални групи во Солун и Атина, кои на бензински пумпи инсталирале специјален софтвер со кој се точела помала количина на гориво, со што краделе бензин од граѓаните и дополнително го продавале, а според медиумите во Грција, уапсени се над 55 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролката на грчката полиција Константина Димоглиду за телевизијата „Опен“ рече дека во предметите за двете криминални организации во Солун и Атина вклучени се над 55 лица и објасни дека на бензиските пумпи бил инсталиран специјален софтвер со чија помош за време на точењето гориво запирало мерењето со што потрошувачот добивал помала количина бензин, а плаќал регуларно, додека останато гориво било продавано „на црно“.

Зад конкретниот софтвер стојат две компании, одговорните се веќе уапсени, а било откриено дека оваа програма била инсталирана на над 50 бензински пумпи во цела Грција.

Според грчките медиуми, во рамките на акцијата биле извршени проверки на бензински пумпи и магацини во Атина, Солун, Александруполи и Лариса, а запленети биле над 100.000 евра.

Continue Reading

Балкан

МАЕИ на парламентарните избори со социјалистите на Еди Рама

Published

on

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на парламентарните избори, на 11 мај, ќе настапи на заедничка листа со владејачката Социјалистичка партија на Еди Рама.

– По разговорите што ги имавме со претставници на партијата, договорен е заеднички настап на изборите со социјалистите, откако добивме гаранција дека на отоврените листи, пред сè на онаа во изборна единица Корча, ќе имаме наши кандидати. Договорот го потпишав јас во име на нашата партија и Нико Пелеши, координатор на пратеничката група на Социјалистичката партија, потврди за МИА, Ендрит Фетаху, потпретседател на МАЕИ.

Според него, во потпишаниот договор стои дека МАЕИ има право да предлага свои претставници за политички функции на централно и локално ниво, согласно договорот и принципите на соработка.

– Во Корча, нашата партија има право да предложи кандидат на отворената листа на Социјалистичката партија за парламентарните избори на 11 мај 2025 година. Партијата Македонска алијанса за европска интеграција е посветена на поддршка на Социјалистичката партија во сите региони на Албанија, придонесувајќи за зголемување на изборната поддршка и заедничка победа на коалицијата, според Фетаху, стои во договорот.

Исто така, посебна одредба во договорот е околу обврската за македонското малцинство, за подобрување на условите во повеќе области.

– Социјалистичката партија на Албанија е посветена на поддршка и гарантирање на правата на македонското малцинство во Албанија, во согласност со меѓународните стандарди и законските обврски на земјата. Социјалистичката партија ќе даде приоритет на инвестициите во инфраструктурата, образованието, водоснабдувањето, канализацијата и други витални сектори за развој на областите со македонско население, како што се Преспа, Голо Брдо и Гора, со цел да се подобри квалитетот на животот на жителите од овие области, се обврзуваат социјалситите.

Исто така, Владата предводена од Социјалистичката партија ќе ја поддржи и унапредува наставата на македонски јазик, онаму каде што постојат потребните услови, согласно законската рамка што го регулира образовниот систем на Република Албанија.

Рокот за доставување на кандидатските листи до Централната изборна комисија истекува денеска на полноќ.

Претходно, МАЕИ потпиша договор со Демократската партија на Сали Бериша, но поради неисполнување на дадените гаранции поднесе барање до ЦИК да биде избришана од ова изборна коалиција.

– Тоа од причина што не беше испочитуван договорот наши претставници да бидат на отворените кандидатски листи. Наша цел не е бидеме само декор во некоја коалиција, туку силен политички субјект кој ќе има свој претставник во новиот албански законодавен дом, рече претходно Фетаху за МИА.

racin.mk

Continue Reading

Балкан

„Студенти во Србија ја оживеаја култната сцена од ‘Кој таму пее’ – објавата стана вирална“

Published

on

Студентите кои протестираат во Србија ја рекреираа култната сцена од филмот „Кој таму пее“ (Ko To Tamo Peva), во режија на Слободан Шијан. 

Тие објавија видео наречено „Кој таму блокира?“ „Во сабота ќе се раздени, од далеку ќе дојде ден. Сиромашните од овој крај чекаат да изгрее, чекаат да изгрее“, е дел од песната „За Белград“, со која ги најавија протестите што ќе се одржат во сабота на 15 март во главниот град на Србија.

Многу корисници на социјалните мрежи ги пофалија за оваа акција, а објавата има над 100 илјади лајкови.

Студентите велат дека нема да запрат додека нивните барања не се слушнат јасно и гласно. Меѓу клучните причини за бунтот, тие го наведуваат незадоволството од моменталната состојба во образованието, неправедната распределба на буџетските средства и недостигот од дијалог со надлежните институции.

Овој протест е продолжение на повеќемесечните студентски акции кои постојано собираа илјадници млади луѓе ширум земјата. Студентите веќе одржаа забележителни собири во Ниш, Крагуевац и Нови Сад, а Белград треба да биде кулминација на нивните барања.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк