Connect with us

Инфо +

Ако продолжат да се греат на дрва, сите кои добиле субвенции од 1.000 евра за инвертери ќе треба да ги вратат парите

Published

on

Сите кои добиле субвенции од 1.000 евра за набавка на инвертер клима за затоплување на домот, ако бидат фатени дека и понатаму се греат на дрва, нафта или јаглен ќе треба да ги вратат парите. Градоначалникот Петре Шилегов, кој денека во Општина Сарај го означи почетокот на имплементацијата на проектот, кажа дека инспектори од Градот, Општините како и Државниот инспекторат ќе вршат контроли во домовите на граѓаните дали и покрај тоа што добиле субвенции користат нееколошки начин на греење.

„Денеска во Општина Сарај започнуваме со предавањето на печките на дрва, јаглен или нафта од оние граѓани кои аплицирале за субвенции за инвертер клими. Во Сарај имаме пријавено 160 домаќинства, што значи 160 оџаци помалку оваа зима во овој дел од градот. Комисијата ќе врши инспектирање за да се види дали навистина граѓаните ги користат инвертерите или направиле измама. Ако и понатаму се греат на дрва, односно денеска дале стара печка, а имаат друга која ќе ја користат за загревање на домот, ќе треба да ги вратат парите“, рече градоначалникот Петре Шилегов.

Досега во Град Скопје се пристигнати 4.060 апликации за субвенции за инвертери. Во моментов огласот е стопиран за да, како што објасни Шилегов, се направи пресек на пристигнатите барања и за десетина дена ќе биде продолжен.
Град Скопје доби од Владата 5,2 милиони евра за субвенционирање на домаќинставата за промена на начинот на загревање на домовите, како една од мерките во борбата против загадувањето.

Македонија

Велосипедист извлечен од провалија, со помош на струмичките пожарникари пренесен е во болница

Published

on

Од селото Борисово повредениот велосипедист со возило на итната помош бил пренесен во струмичкиот Медицински центар

Велосипедист претпладнево излетал во провалија на планината Беласица на местото „Ѓаволски мост“ по што бил извлечен од другите велосипедисти што биле со него. Откако велиосипедистот бил извлечен, со помош на четворица струмички пожарникари тој со теренско возило бил пренесен до селото Борисово.

Од Територијалната противпожарна единица Струмица велат дека при транспортирањето на велосипедистот помош имале и од тим на Итна помош.

Од селото Борисово повредениот велосипедист со возило на итната помош бил пренесен во струмичкиот Медицински центар. 

Струмичките пожарникари апелираат до граѓаните да бидат крајно внимателни кога престојуваат или кога се движат во планина со цел да се избегнат несреќни случаи.

Continue Reading

Македонија

Изложба на „олдтајмери“ во Тетово

Published

on

Во срцето на Тетово се одржа изложба на класични автомобили што привлече љубители на „олдтајмери“ од сите генерации. Посетителите имаа можност да ги видат и восхитуваат на уникатните примероци на класични автомобили, како руската Лада, реткиот италијански Фиат Балила од 1932 година и легендарната Volkswagen Буба.

Изложбата беше ретка можност за носталгичарите и автоентузијастите да ги видат овие прекрасни автомобили, кои не само што ја обележаа својата ера, туку и ја задржаа својата посебност и карактер преку децениите.

Continue Reading

Македонија

КОНГЕРС на Алијанса на Таравари: „Промената продолжува“

Published

on

Алијансата за Албанците на претседателот Арбен Таравари денеска во Тетово почна со одржување на најновиот вонреден петти конгрес под мотото „Промената продолжува“. Партискиот лидер објасни дека вонредниот конгрес следува поради потребата од консолидирање на партиските ограноци.

Алијанса за Албанците по изборите на 8 мај имаше случувањата внатре во партијата. Имавме приклучување на многу нови луѓе кои се приклучија. Сега ни требаше консолидација на сите ограноци и подограноци. И денес, Собранието на партијата ќе биде консолидирано дефинитивно. Ќе донесеме нови политики на партијата коишто ќе бидат со една декларација денеска донесени заеднички од конгресот на партија, изјави Арбен Таравари.

На новинарско прашање за правниот статус поради поделбата на партијата Таравари очекува судска одлука во корист на членовите кои се мнозинство.

Судскиот процес тече, апелација донесе одлука во којашто првичната одлука под притисок што беше пред избори на судот во Тетово се одбива. Се надевам дека ќе има одлука како што треба партијата да им припаѓа на тие коишто се членови, кај што се мнозинството, рече Таравари.

Претседателот на оваа партија вели дека нема проблем да има избори, но не гледа потреба за вонреден термин.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк