Connect with us

Инфо +

Снег во Босна и Херцеговина, се очекува и во Македонија

Published

on

Во Австрија и Италија но и во Босна и Херцеговина веќе наврна првиот снег. Во БиХ претходните денови имало доста дожд кој на повисоките места односно на планините Бјелашница и на Јахорина прерасна во снег. 

Федералниот Хидрометеоролошки завод за денеска најавил претежно облачно време, дожд во Херцеговина, централните и источните подрачја, а на врвовите на планините и снег.

Денеска во Македонија под влијание на циклонска активност времето е претежно облачно со врнежи од дожд кои на повеќе места се бидат интензивни. Доаѓа од попладнево период на постудено време и максималните температури ќе се движат од 16 до 24 степени.

Сепак ќе има пад и на минималните температури, а според меторолозите не се исклучува можноста на планините да падне и првиот снег.

Македонија

Викендов постудено време со врнежи од дожд и снег

Published

on

Времето во земјава утре ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи, кои во западните и јужните делови ќе бидат поројни и обилни (над 50 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег од 40 до 50 см, на повисоките места од 10 до 30 см, а во некои пониски места од дожд и снег и ќе се формира помала снежна покривка.

Во југоисточните делови ќе бидат само од дожд. Ќе дува умерен, а на планините силен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и снег, а на околните планини од снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец кој краткотрајно ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 4 степени.

Во деновите од викендот ќе има повремени врнежи, кои во западните и јужните делови ќе бидат поројни и обилни (над 60 l/m2). На планините врнежите ќе бидат од снег од 40 до 50 см, на повисоките места од 10 до 30 см, а во некои пониски места од дожд и снег и ќе се формира помала снежна покривка. Во југоисточните делови ќе бидат само од дожд. Ќе дува умерен, а на планините силен северен ветер. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно со магла по одделни котлини.

Continue Reading

Македонија

Засилени инспекции на Пазарниот инспекторат по повод „Black Friday“ и непочитувањето на Законот за заштита од пушење

Published

on

Апелираат до сите трговци и угостители, да ги почитуваат законите, а своите дејности и услуги да ги вршат во согласност со законските прописи.

Државниот пазарен инспекторат ќе врши редовни и вонредни надзори за време на викендот, а посебно внимание ќе биде посветено на продажните акции за „Black Friday“ со цел спречување на доведување во заблуда на потрошувачите и примена на измамнички трговски дејства. 

Од Пазарниот инспекторат информираат дека до нив во континуитет пристигнуваат поплаки за пушење во угостителските објекти поради што ќе се вршат и надзори согласно Законот за заштита од пушење.

-Исто така, ги охрабруваме граѓаните, секоја неправилност која ќе ја забележат да ја пријават во Државниот пазарен инспекторат на 191 или на www.dpi.gov.mk, стои во објавата од Државниот пазарен инспекторат.

Continue Reading

Свет

Генерален штрајк во Италија поради владиниот буџет

Published

on

Генералниот штрајк во Италија доведе до откажување на летови, прекин на јавниот превоз, затворање на некои училишта и ограничувања на здравствените услуги во петокот во знак на протест против буџетските планови на владата.

Најголемиот синдикат CGIL се противи на намалување на социјалните бенефиции, јавните услуги и инвестициите, а синдикатот UIL бара инвестиции во безбедноста на работниците по серијата несреќи на работното место.

Штрајкот е предизвик за десничарската влада на премиерот Џорџа Мелони, која се обидува да ги намали владините трошоци за да се усогласи со европските правила.

И покрај затегнатите јавни финансии, владата минатиот месец усвои државен буџет кој вклучува намалување на даноците за 24 милијарди евра и повисоки трошоци, понизок данок на доход и намалувања на социјалните бенефиции за работниците со средно и послабо платени.

Иако штрајкот требаше да трае цел ден, министерот за транспорт Матео Салвини минатата седмица одлучи дека прекинот во сообраќајот може да трае најмногу четири часа за да се олеснат прекините.

Останатите работници би можеле да ја напуштат работата целото работно време, а вработените во железничкиот патнички и товарен превоз воопшто не учествуваат во штрајкот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк