Connect with us

Македонија

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ ПАРИ ПРЕД ВТОРИОТ КРУГ Пензиите пак ќе се исплаќаат порано, на 26 -ти октомври

Published

on

Пензионерите ќе може да располагаат со октомвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26 октомври 2021 година – се вели во соопштението од владината прес-служба.

Пензионерите со средствата од октомвриската пензија  преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа ќе можат да располагаат од 26 октомври, а готовинска исплата на пензии за оние кои не користат платежни картички ќе се врши од 26 до 29 октомври.

– Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец октомври 2021 година, и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25 октомври 2021 година. Со овие препораки деловните банки ќе обезбедат пензионерите да може да располагаат со октомвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26 октомври 2021 година – се вели во соопштението од владината прес-служба.

Готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, банките ја организираат во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата и тоа за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26 октомври (вторник), за пензии со висина 11.001-14.000 денари на 27 октомври (среда), за пензии со висина 14.001-18.000 денари на 28 октомври (четврток) и за пензии со висина над 18.001 денари исплата да се изврши на 29 октомври (петок).

Македонија

Полицијата морала да интервенира: Маж од Тетово ја истепал сопругата

Published

on

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.З.(36) од тетовско село поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ во врска со семејно насилство и „загрозување на сигурноста“.

На 20.11.2024, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга.

Continue Reading

Македонија

Ѓорѓиевски: Деновиве започнува целосната реконструкција на салата „Расадник”

Published

on

Во денешното гостување на емисијата ”Во живо, програма на градови, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, говорејќи за обновата на спортската инфраструктура во општина Кисела Вода, ексклузивно најави дека до крајот на оваа седмица ќе започне целосната реконструкција на култната сала Расадник.

-Во четврток или петок, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски и со Премиерот Христијан Мицкоски, ќе го најавиме официјалното отпочнување на градежни активности што подразбираат темелна, целосна реконструкција на салата “Расадник”. Тоа е еден симбол на нашта општина, место каде што своите почетоци ги има РК “Вардар”, но и нашиот министер Борко Ристовски, од кој имаме целосна поддршка. До крајот на неделава ги започнуваме градежните активности, завршена е тендерската постапка и избрана е фирмата изведувач која ќе го работи сето тоа и верувам е дека некаде до средината на мај наредната година, како што е предвидено со договорот со компанијата изведувач, салата да биде свечено пуштена во употреба и се надевам дека конечно и РК “Вардар”, конечно е се врати во својот храм, дома, во Кисела Вода-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски кој информираше и дека во овие три години во општина Кисела Вода се изградени и обновени 13 спортско-рекреативни центри, 6 спортски сали, 19 детски катчиња и 7 паркови со преку 80 000 м2 зеленило.

Continue Reading

Македонија

Meџити го поддржува Мицкоски за УСТАВНИ ИЗМЕНИ СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО

Published

on

Во однос на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за поддршка од повеќе земји членки на идејата за уставни измени со одложено дејство, и дали во Владата се разговара околу тоа, Меџити рече, дека тоа е потврда дека Владата е европски ориентирана и е во врвот на приоритетите.

– Секојдневно работиме во таа насока. Јас сум оптимист дека сме на прав пат, изјави Меџити.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк