Марко Бислимоски, првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика се дрзнува да ја споредува Македонија со Германија каде просечната плата е 3,800 евра или 238,464 денари, а во Македонија се движи околу 25 илјади денари.
„Голфот има иста цена и во Германија и во Македонија, а скоро сите имаме автомобили, а од друга страна цената на електричната енергија во Германија е многу повисока, додека ние после Косово и Србија имаме најниска цена на електричната енергија во Европа“, ова го истакна претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Бислимовски на телевизиско гостување пред два дена.
Дел од јавноста иако со потсмев го прифати ова споредување на Бислимоски главно поради фактот што тој не е дилер на автомобили, а цената на автомобилите е засебна област која зависи од опремата која се користи и колку чинат деловите за еден автомобил, многу ќе се сложат дека ваквото тврдење е смешно.
Понатаму, ако ја споредиме цената на струјата со просечната месечна плата, податоци кои беа достапни од Евростат, а ги анализираше Рефлектор, од графиконот може да се види дека Македонија е четврта земја во Европа каде граѓаните плаќаат 19.1% од просечната плата само за сметки за струја, што не лансира на врвот од Европа од земјите кои најмногу прават издатоци за сметки за електрична енергија од својот приход. Па по ова, Бислимовски не е во право кога вели дека Македонија има најефтина струја, затоа што граѓаните издвојуваат скоро 20 проценти од платата само за сметки за струја. Германците плаќаат 11,7% од просечната плата за еден мегаватчас електична енергија, кој во Македонија чини 19,1 отсто од просечната плата.
Дополнително, споредбата со Германија е исто нелогична затоа што според Канцеларијата за федерална статистика на Германија последните податоци говорат дека годишната просечна плата на еден германец е 46,560 евра, а месечната просечна плата е 3,880 евра или 238,464 денари. Додека пак во Македонија според последните податоците на Државниот завод за статистика од јули месец, просечната плата е 442 евра или 27.231 денари.
Со дополнителното зголемување на цената на струјата од 7,4% сега граѓаните за сметка од 6,000 денари за електична енергија ќе плаќаат 400 денари повеќе или на годишно ниво уште една дополнителна 13-та сметка за струја.
На големо негодување од страна на граѓаните, реакциите кон изјавата и споредбата со Германија на Бислимоски, граѓаните беа немилосрдни во коментарите од емијата, во револт и големо незадоволство затоа што после дваесетина протести за цената на струјата само овој месец, одлуката на Регулаторна и Владата останува со последното поскапувањето од 7,4 %.
Демократската унија за интеграција преку коминике реагира дека Делегацијата на Парламентот на Албанија при посетата на Скопје била шокирана бидејќи спикерот Африм Гаши во разговорот со нив зборувал на македонски јазик, со преведувач на албански јазик.
За интегративцит тоа не било според протокол туку дека, според нив, отворено се негира националниот идентитет.
„Го прашуваме претседателот на ВРЕДИ, Африм Гаши: дали беше намерен чин да се негира важноста на албанскиот јазик или погрешното верување дека албанскиот е само јазик на превод, причината зошто ја шокиравте делегацијата на Парламентот на Албанија за време на нивната посета на Скопје?
Зошто кога ви се обратија на вашиот мајчин јазик, решивте да одговорите и да го водите целиот разговор на македонски јазик, со преведувач на албански јазик пред граѓаните Албанци кои очекуваат да го заштити и промовира нивниот идентитет“?, велат од ДУИ.
Спикерот Гаши изјави дека „македонскиот јазик е единствениот официјален јазик во Северна Македонија, а албанскиот е преведен“. Оо оваа изјава ДУИ побара оставка од Гаши, пишува Телеграфи
Профилот ,,Раскажувачот” на Твитер прашува зошто членката на ДУИ која се закануваше со војна и изјавуваше дека ќе ги вади чизмите на УЧК од таван се уште добива 90 илјади денари месечно за членство во Управниот одбор на Телеком каде владата на Македонија има ,,златна акција” и именува неизвршни членови во извршното тело на компанијата.
Покрај за Шкодране Дарлишта на Раскажувачот не му е јасно и зошто на платниот список на Телеком се уште е Нина Ангеловска екс министерка за финансии во владата ана Заев која стана позната откако мистериозно ги извади парите од Еуростандард банка пред таа да пропадне
,,Зошто овие две сеуште се на платен список на Телеком каде земаат преку 1500 евра месечно.. Да ве потсетам дека едната од овие се закануваше дека ќе вади кондури од таван и калашников…”, прашува Раскажувачот.
Вечерва, на лизгалиштето кај Магнолија, го поздравивме 2000-тиот лизгач за само еден ден! Лизгалиштето, дел од „Зимска приказна“, стана центар на празничната магија што ја обединува Битола во овој зимски период.
Со поглед кон градскиот часовник, историските знаменитости и уникатната атмосфера на Широк Сокак, секој момент тука се претвора во вистинска бајка. Вечерта беше совршена, ветувајќи дека празничниот дух ќе продолжи да ги инспирира жителите и посетителите на градот.
Градоначалникот Тони Коњановски ги повика сите да се приклучат на магијата: да облечат лизгалки, да остават грижите настрана и да станат дел од најубавата зимска сцена во Македонија.
Битола продолжува да блеска како град на традицијата, историјата и радоста, каде празничниот дух никогаш не запира.