Приказната за Лони Вилсон (38), поранешна манекенка и поранешна сопруга на Џереми Џексон (41), ѕвездата на „Чувари на плажата“, продолжува да ја тресе светската јавност.
Многу мажи паѓаа по некогашниот атрактивен модел на совршената линија, а таа денес по улиците на Лос Анџелес бара храна во контејнери. Лони Вилсон од секси милионерка стана непрепознатлив просјак, и со години се бори со зависност од опијати. Таа исто така паднала во тешка депресија.
Поранешната убавица американските папараци ја фотографираа во непрепознатливо издание додека копаше во ѓубрето пред неколку месеци, а тие фотографии го обиколија светот. Кога фотографиите стигнаа во јавноста, неколку нејзини поранешни пријатели и познаници започнале акција за да и помогнат и да се тргне од улицата, но не успеале.
Лони, рекоа, само се истуширала и јадела во хотел и се вратила во живот на улиците на Лос Анџелес. Таа на новинарите им кажала дека повеќе нема телефон, но има доволно храна и место за спиење. Таа претходно изјавила дека не треба да се тушира една година, бидејќи е толку сигурна дека никој нема да ја силува на улица.
Инаку, бурната врска помеѓу Џереми и Лони беше обележана со доаѓањето на полицијата неколку пати на вратата од нивниот дом. Имено, актерот ја претепал Лони Вилсон, и ги скршил ребрата и го повредил вратот.
Со него се омажила кога имала 29 години, во 2012 година, но многу брзо се развеле. Пред пет години, таа доживеала нервен слом и ја загубила работата како асистент во центарот за естетска хирургија.
По траумата поради врската со Џереми, зависник кој почнал да се дрогира за време на снимањето на „Чувари на плажата“, таа никогаш не се лекувала кај психијатар, туку се препуштила на разни пороци.
На денешен ден во 1993 година, авионот „Јак-42“ на авиокомпанијата „Авиоимпекс“, кој летал на релацијата Женева – Скопје, се урна во близина на Охрид. Леталото било пренасочено кон охридскиот аеродром поради лошите временски услови, но се срушило на само 4 километри од пистата, меѓу селата Горно Лакочереј и Оровник пишува 4news.mk.
Во оваа трагедија животите ги загубија 116 патници и членови на екипажот. Единствениот преживеан патник подоцна им подлегна на повредите. Како причини за несреќата беа посочени лошото време и наводно недоволната комуникација помеѓу посадата на авионот и аеродромските служби.
Истата година, само неколку месеци порано, на 5 март, на скопскиот аеродром се случи уште една голема авионска трагедија. Патнички авион од типот ФОКЕР 100 на компанијата „Палер Македонија“, кој превезуваше 97 патници, се урна при полетување. Во оваа несреќа загинаа 86 лица. Како причина за падот на Фокерот беше утврдено дека крилјата на воздухопловот не биле размрзнати, што доведе до дефект и пад.
Овие две трагедии го потресоа македонското воздухопловство и јавност. Поради сериозноста на ситуацијата, тогашниот министер за урбанизам, градежништво, комуникации и екологија, Антони Пешев, си поднесе оставка. Овие настани остануваат длабоко врежани во колективната меморија како најцрните денови во историјата на македонското воздухопловство.
Погледнете ја реконструкцијата која за прв пат е направена за овој лет.
На 18 ноември 1874 година е роден Крсте Петков Мисирков основоположник и кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис. Автор е на „За македонцките работи“, прва книга на современ македонски јазик која ги демаскира пропагандите и зборува за македонската посебност.
На 16 ноември 1995 година замина Петре Прличко, легенда на македонскиот театар и филм. Со својот неповторлив талент и харизма, остави неизбришлива трага во културата, а публиката и денес го памети по многу незаборавни улоги. Неговата омилена улога, како што самиот изјави, остана ликот на Мандана.