Connect with us

Скопје

Наставник кој физички нападна ученик во основно училиште во Бутел ќе оди на дисциплинска комисија

Published

on

Овој случај е пријавен во полицијата.

На видеото кое е објавено на социјалната мрежа „ТикТок“ се гледа како возрасен човек тепа дете во училница. Прво му удира две шлаканици по лицето, на двата образи, одеднаш, а потоа го зграпчува и го крева во воздух и го спушта на земја.

Директорката на училиштето за „Слободен печат“ потврди дека случајот го пријавила во полиција. Наставникот повеќе години предавал во тоа училиште.

Не дозволувам насилство во моето училиште. Разговарав и со наставникот. Нема што да признава или да не признава, има видео. Мојата работа ја завршив најодговорно и пријавив во МВР. Родителите на детето се обидов да ги добијам, но биле на пат и не ми одговорија на повикот. Ќе следува дисциплинска комисија. Ученикот е во 7 одделение, а наставникот е по англиски јазик, изјави директорката.

Скопје

Ѓорѓиевски: Драчево ја слави новогодишната зимска бајка

Published

on

Вечерва Драчево блеска во празнична магија со манифестацијата „Новогодишна зимска бајка“, организирана од Општина Кисела Вода. Насмевките на децата, топлината на заедништвото и звуците на македонската музика ја претворија оваа ноќ во незаборавно доживување.

„Оваа бајка ја создадовме за сите наши жители, особено за најмладите, кои вечерва уживаат во магијата на празниците. Наша цел е да ја задржиме оваа традиција и да создадеме уште повеќе моменти што ќе ги поврзат нашите семејства и заедницата,“ изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Манифестацијата започна со настапот на детскиот фестивал „Поточиња“, каде децата пееја, играа и се фотографираа со Дедо Мраз и нивните омилени цртани јунаци. Забавата продолжува со настапи на македонски музички ѕвезди како ДНК, Огнен Здравковски, Лина Пејовска и Андријана Јаневска.

„Новогодишна зимска бајка“ ја покажа силата на празничниот дух во Драчево, привлекувајќи стотици жители и посетители. Со оваа манифестација, Драчево ја зацврстува својата позиција како една од најактивните заедници за време на празниците.

Continue Reading

Скопје

Дел од Сопиште без вода, цистерна ќе кружи низ улиците

Published

on

Поради уличен дефект на водоводен цевка Ф 110мм, во долот над Црквата Св. Мина н.Сопиште, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улица 1, непарните улици 3,5,7и 9 и парните улици 8,10,12,14 и 16.

Како што соопшти РЦУК, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 18:00 часот до завршување со работните активности.

Поради непристапност на теренот кај што се наоѓа дефекто истиот ќе се пролонгира за утре, 23 декември.

Како што соопштуваат од РЦУК, обезбедено е цистерна со питка вода која вечерва и утре ќе кружи низ горе наведените улици кој немат вода во н. Сопиште.

Continue Reading

Скопје

Без струја утре делови од Аеродром, Сарај и Кисела Вода

Published

on

Без електрична енергија утре ќе бидат корисниците од дел од општините Аеродром, Сарај и Кисела Вода, а задутре корисниците од Општина Карпош.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија, утре од 7:00 до 16:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Божин Николов“, „Хаџи Трајко“ и „Горно Лисиче“, во делот кон селото Долно Лисичче.

Од 8:30 до 16:00 часот, корисниците од објектите во околината на Езеро – Треска во Сарај, а од 11:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата „Милан Мијалковиќ“.

Во вторник, 24 декември, од 19:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата Струшка во Општина Карпош.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк