Connect with us

Здравје

Др-Митов: Сопствениците на куче имаат ПОЗДРАВО срце!

Published

on

Љубителите на кучињата добро знаат колку топлина и чувство на задоволство им носат нивните верни миленици. Но, најверојатно не се свесни дека расте бројот на релевантни податоци според кои чувањето куче може да го подобри здравјето на срцето.

Имањето миленик, особено куче, повеќе студии го поврзуваат со намален ризик од кардиоваскуларни заболувања. Секако, тоа не значи дека постои директна каузална врска помеѓу овие две работи, но релацијата можно е да се одвива на неколку индиректни начини.

Кои се можните причини?

Неколку студии покажале дека сопствениците на кучиња имаат помал крвен притисок во однос на оние кои го немаат овој миленик. Како што рековме, се смета дека причините се индиректни. Всушност, се движат во неколку насоки и тоа:

• Прво, миленичињата имаат смирувачки ефект на сопствениците
• Второ, моќта на допирот веројатно игра исто така важна улога
• И трето, што можеби е и најважно – оние кои чуваат куче имаат зголемена или дополнителна физичка активност .

Статистиката вели дека сопствениците на кучиња имаат и пониски нивоа на холестерол и триглицериди од останатите

Покрај тоа што според испитувањата сопствениците на куче имаат помал крвен притисок, тие имаат и намалено ниво на уште еден значаен фактор за срцевото здравје – подобар липиден профил. Значи, пониски нивоа на триглицериди и холестерол во крвта.

Инетересно, но истражувачите заклучиле дека ова не може да се објасни само со подобрата исхрана, непушењето или BMI на испитаниците. Причините засега остануваа нецелосно јасни.

Повеќе:

https://drmitov.mk/сопствениците-на-куче-имаат-поздраво-2/

Здравје

ЕДНА ИСПУШЕНА ЦИГАРА КРАТИ 20 МИНУТИ ОД ЖИВОТОТ Дали пушењето е поштетно за мажите или за жените?

Published

on

Најновото истражување заклучува дека пушачите не само што губат години од животот, туку и нивниот здравствен профил се влошува побрзо. Така, 60-годишен пушач има здравје на 70-годишен непушач.

Најновото истражување открива дека пушењето сериозно го скратува животниот век, при што секоја испушена цигара им го намалува животот на мажите за 17 минути, а на жените за дури 22 минути. Ова се значително повисоки бројки од претходните проценки кои сугерираа загуба од 11 минути по цигара, објави британски Гардијан.

Истражувачите од „Јуниверзити колеџ“ (University College) во Лондон објавија дека штетата е кумулативна – колку порано пушачот ја остави оваа навика, толку повеќе животни години ќе добие. Анализата покажува дека ако пушач, кој консумира 10 цигари дневно, се откаже на 1 јануари, до 8 јануари ќе спречи губење на цел ден од животот.

До средината на февруари животот може да се продолжи за цела недела, а до август – за еден месец.

Студијата, нарачана од британското Министерство за здравство, заклучува дека пушачите не само што губат години од животот, туку и нивниот здравствен профил се влошува побрзо. Така, 60-годишен пушач има здравје на 70-годишен непушач.

Експертите апелираат – откажувањето од пушење на која било возраст носи значителни здравствени придобивки. Колку побргу се прекине оваа штетна навика, толку подолг и поздрав живот можат да очекуваат пушачите.

Continue Reading

Здравје

ЗДРАВСТВЕНИ БЕНЕФИТИ ОД ТИКВАТА: ПРИРОДЕН ИЗВОР НА ВИТАМИНИ И АНТИОКСИДАНСИ

Published

on

Тиквата е многу здрава храна, богата со витамини А и Ц, антиоксиданси и влакна. Таа помага за подобро варење, го зајакнува имунитетот, го штити срцето и го подобрува здравјето на кожата. Поради ниската калоричност и високата содржина на хранливи материи, е одличен избор за здрава исхрана. Еве некои од најважните придобивки од тиквата:

pumpkins 457716 1280
  •     Богата со витамини: Тиквата е одличен извор на витамин А, кој е важен за здравјето на очите, кожата и имунолошкиот систем. Исто така содржи витамин Ц, кој помага во подобрување на имунитетот и брзо заздравување на рани.
  •     Ниска калоричност: Тиквата е нискокалорична храна со висока содржина на вода, што ја прави идеална за луѓе кои сакаат да одржуваат здрава тежина.
  •     Антиоксиданси: Тиквата содржи антиоксиданси како бета-каротен, кои помагаат во заштита на телото од слободни радикали и го намалуваат ризикот од хронични заболувања, вклучително срцеви болести и рак.
  •     Добар извор на влакна: Со високата содржина на влакна, тиквата придонесува за подобро варење, регулирање на нивото на шеќер во крвта и поддршка на здравјето на цревата.
  •     Подобрување на здравјето на срцето: Калиумот кој се наоѓа во тиквата е важен за одржување на здрав крвен притисок и заштита на срцевото здравје.
  •     Подобрување на кожата: Витаминот А и антиоксидансите од тиквата можат да помогнат во намалување на знаците на стареење и заштита на кожата од оштетување предизвикано од сонцето.
pumpkin 2519423 1280

Тиквата може да се користи во различни рецепти, како супи, пире, печива и десерти, и е многу флексибилна храна.

Continue Reading

Здравје

Ако сакате да се вратите во друштвото на непушачи, ова е бројот на кој од ДЕНЕС може да се јавите за помош

Published

on

Од денеска се отвора телефонската линија на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за одвикнување од цигари.

Од денеска се отвора телефонската линија на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за одвикнување од цигари.

Телефонската линија ќе биде достапна секој понеделник и среда од 11 до 13 часот на телефонскиот број 078 285 873.

Македонија е меѓу земјите во светот со најмногу активни пушачи. Според истражувања на Институтот за јавно здравје, бројот на активни пушачи кај нас изнесува 45.4 отсто, со многу низок процент на луѓе – пет проценти, кои успешно се обиделе и откажале од пушење во последните години.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк