Connect with us

Македонија

Ги теравме луѓето да купуваат инвертори, а сега струја нема или е скапа

Published

on

Имаме еден огромен проблем, државата и раководството во државата ни спие за енергетската криза. На пример во месец мај Италија ги обезбеди сите потребни количини струја што може да ги произведе Босна и Херцеговина. Не сакам да верувам дека имаме толку неподготвени институции, вели за Утрински брифинг финансискиот консултант и аналитичар, Горан Рафајловски.

Утре е нов ден беше главната флоскула на оваа влада, а се однесувавме купи ден помини. Косово, да бидеме начисто нема да ни даде јаглен, а реално ние не извршивме ни редовно одржување на РЕК Битола. За ваквата ситуација оставката е најмалку што може да си поднесат тие луѓе кои стоеја зад оваа стратегија – вели Рафајловски.

Рафајловски вели дека компаниите кои добавуваат струја беа убедени дека ќе обезбедат ниска цена на струјата.

Тој вели дека одлуките сега треба да бидат многу рационални, а дека струјата сигурно ќе поскапи, па државата ќе мора да интервенира со високи суми од буџетот.

Ние под итно треба да тргнеме со гасификација, не да спиеме. Тековната криза можеме да ја надминеме со набавка на скапа струја од Норвешка која единствено е достапна на пазарот, а понатаму ќе работиме да го поправиме РЕК да купиме нов багер, конечно да ги изградиме Чебрен и Галиште и на крајот потребни се храбри одлуки а нив може да ги донесат само луѓе што знаат – вели Рафајловски.

Македонија

Ѓорѓиевски: Деновиве започнува целосната реконструкција на салата „Расадник”

Published

on

Во денешното гостување на емисијата ”Во живо, програма на градови, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, говорејќи за обновата на спортската инфраструктура во општина Кисела Вода, ексклузивно најави дека до крајот на оваа седмица ќе започне целосната реконструкција на култната сала Расадник.

-Во четврток или петок, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски и со Премиерот Христијан Мицкоски, ќе го најавиме официјалното отпочнување на градежни активности што подразбираат темелна, целосна реконструкција на салата “Расадник”. Тоа е еден симбол на нашта општина, место каде што своите почетоци ги има РК “Вардар”, но и нашиот министер Борко Ристовски, од кој имаме целосна поддршка. До крајот на неделава ги започнуваме градежните активности, завршена е тендерската постапка и избрана е фирмата изведувач која ќе го работи сето тоа и верувам е дека некаде до средината на мај наредната година, како што е предвидено со договорот со компанијата изведувач, салата да биде свечено пуштена во употреба и се надевам дека конечно и РК “Вардар”, конечно е се врати во својот храм, дома, во Кисела Вода-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски кој информираше и дека во овие три години во општина Кисела Вода се изградени и обновени 13 спортско-рекреативни центри, 6 спортски сали, 19 детски катчиња и 7 паркови со преку 80 000 м2 зеленило.

Continue Reading

Македонија

Meџити го поддржува Мицкоски за УСТАВНИ ИЗМЕНИ СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО

Published

on

Во однос на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за поддршка од повеќе земји членки на идејата за уставни измени со одложено дејство, и дали во Владата се разговара околу тоа, Меџити рече, дека тоа е потврда дека Владата е европски ориентирана и е во врвот на приоритетите.

– Секојдневно работиме во таа насока. Јас сум оптимист дека сме на прав пат, изјави Меџити.

Continue Reading

Македонија

Тепачка на Меѓународниот аеродром Скопје

Published

on

Вчера околу 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 15.30 часот на Меѓународниот аеродром Скопје, по претходна расправија две лица се испотепале меѓу себе.

„Јавниот ред и мир бил нарушен со физичка пресметка помеѓу А.Р.(33) од с.Марино, скопско и А.Д.(30) од с.Зелениково, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, се вели во полицискиот билтен.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк