Connect with us

Македонија

Филипче: Не размислувам за оставка

Published

on

Министерот за здравство Венко Филипче не размислува да поднесе оставка поради актуелните случувања во СДСМ.

Одговарајќи на новинарското прашање, кусо одговори дека не размислува во таа насока.

Во врска со одговорноста за пожарот на модуларната болница во Тетово, тој рече дека одговори треба да се бараат кај Обвинителството, бидејќи тоа не била во негова надлежност.

Се уште нема конкретна информација за можноста да се набави вакцината „Спутник“, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Оваа вакцина, истакна Филипче, во одреден период не беше на располагање. Сепак, во овој момент, како што напомена, има доволна количина од другите вакцини.

-Заклучно со денеска имаме 200.000 вакцини „Фајзер“ со различен рок. Има доволно вакцини, најавени се и донации од европските земји, потенцира министерот.

Според него, нема конкретна информација кога ќе стигнат најавените 250.000 вакцини на „џонсон и џонсон“ од Данска.

-Беа најавени во два наврата – еднаш како информација и можност која ја прифативме и пред неколку недели со дефинитивна потврда дека може да се наменат за нашата земја. Рокот на тие вакцини е до 2023 година, но конкретен датум се уште не ни е јавен, рече Филипче.

Во врска со лекот на „Фајзер“, истакна дека се уште е во фаза на клиничка студија и затоа засега нема да се набавува.  

Македонија

Мечка на патот кон Калето на Тетово

Published

on

Пред неколку моменти! Мечка на патот кон Калето на Тетово, речиси на влезот во градот.

Фотографија од Идајет Шаини, 26.11.2024

Continue Reading

Македонија

КОЊАНОВСКИ ГИ ПРИМИ БАЛКАНСКИТЕ ПРВАЦИ ВО БОКС, БРАЌАТА РУСТЕМОВСКИ

Published

on

Градоначалникот Тони Коњановски денес организираше прием на браќа Рустемовски, Ружди,Ален и Ардијан кои настапија на Балканско првенство во бокс кое се одржа во Лозница, Србија и се вратија со победа обезбедувајќи златни медали.

Ален Рустемовски во категоријата до 57 килограми во финалето беше подобар од украинскиот ривал Денис Роздолски.Од друга страна, Ружди Рустемовски боксуваше и го победи домашниот боксер во Лозница, Стефан Чамовиќ од Србија. И двајцата наши сограѓани освоија златни медали.

Ардијан Рустемовски се закити со сребро, откако во финалето изгуби од Украинецот Зименко.

„Градоначалникот Тони Коњановски им упати искрени честитки на нашите сограѓани кои достојно ја претставија Битола и македонскиот бокс во Лозница и направија одличен резултат со желба и надеж во иднина да бележат поголеми успеси и нови победи“.

Македонија на ова Балканско Првенство кое се одржа во Лозница, Србија, успеа да се закити со два златни, еден сребрен и пет бронзени медали.

Continue Reading

Македонија

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи

Published

on

Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола во рамки на соработката со бизнис секторот обезбеди можност за користење стипендии за студенти од семејства со ниски приходи.

Апликативниот процес се реализира преку Центарот за кариера, алумни и доживотно учење кој работи во состав на УКЛО-Битола, а се однесува за студенти на Електротехничкиот отсек при Технички факултет-Битола.

-Нашите студенти може да учествуваат на објавен повик за доделување десет стипендии од програмата ЛОСТ за стипендирање студенти од УКЛО од семејства со ниски месечни приходи, студенти на Електротехничкиот отсек при Техничкиот факултет-Битола. ЛОСТ е проект на ЕВН Македонија АД Скопје, кои ќе доделат 10 стипендии во висина од 10.000 денари месечено, за студенти од семејства со ниски приходи. Повикот е со широк опфат и може да се пријават студенти кои прв пат се запишале во прва, втора, трета или четврта година, информираа од УКЛО-Битола.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк