Connect with us

Македонија

„Македонската “интелектуална елита” на СДСМ вчера доживеа оргазам од “ШЌиптаризмот” на ДУИ“

Published

on

Младиот правник Умејр Муамеди кој со своите објави на Фејсбук ги сруши сите табуа околу соживотот на Македонците и Албанците во Македонија сега повторно брилијантен со статус за вчерашните случувања со киднапираниот пратеник на Беса, Кастриот Реџепи.

-Македонската “интелектуална елита” на СДСМ вчера доживеа оргазам од “ШЌиптаризмот” на Дуи.

Од вчера, за мене Универзитетски професор од СДСМ кој се радува на тоа што се случи вчера е еднаков на просечен административец од Дуи.

На пример Пендаровски, Шекеринска, Спасов или Фрчковски веке ми се исти како типовите со таблици 007 и темни стакла што се курчат низ Дебар Маало или пак како типовите кои пукаат по свадби. Исти се, гадни и одвратни.

Македонија

Над 300 војници добија по 10.000 денари за гаснење на пожарите

Published

on

Денеска над 300 храбри припадници од армијата добија парична награда за нивниот неуморен труд и посветеност при справувањето со пожарите. Благодарност за секој од нив кој со својата храброст и професионализам придонесе во борбата со огнените стихии. Вашата храброст е наша гордост, објави на својот Фејсбук профил министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

И Независниот синдикат на одбраната информираше дека 320 војници кои беа на терен и ги гасеа пожарите кои летово ја зафатија Македонија, се наградени со по 10.000 денари.

Независниот синдикат исто така посочи дека по разговорите кои ги воделе со министерот Мисајловски, министерството ги исплатило заостанатите средства од потпишувањето на Колективниот договор, заклучно со јуни. Односно, зголемување по 15 отсто и 30 отсто за период од февруари-јуни, потоа, за посебен степен на образование, учество во комисии…

Continue Reading

Македонија

Таравари: Функционери на ДУИ се повикуваат во обвинителствата, наскоро ќе се види кои се тие

Published

on

Министерот за здравство, Арбен Таравари во одговор на новинарско прашање на настан во Гостивар посочи дека има сознанија оти функционери на ДУИ се повикуваат во надлежните обвинителства. Тој не спомена конкретни имиња.

– Верувам дека за кусо време ќе видите кои се тие. Не знам, не работам во полиција, ниту во обвинителства или судови. Ако ви треба таква информација, прашајте таму. Но, знам дека многу луѓе и често се движат таму, рече Таравари.

За прозивката во изјавите на лидерот на ДУИ испратени од Цирих деновиве, дека ВЛЕН ги урива достигнувањата на Албанците кои се постигнати изминативе 22 години, Таравари посочи дека ДУИ не се занимава ниту со јазикот, ниту со знамето, туку со заштитата на имотот и најави некои функционери ќе понесат одговорност за нивното работење кога биле на власт.

– Колку што имам информации, процедурите течат, некои функционери на ДУИ веќе се движат по канцелариите на истражните органите и обвинителствата, кога ќе го направат тоа ќе го направат надлежните државни органи, немам точни информации, но знам дека се движат низ тие канцеларии, рече Таравари.

Continue Reading

Македонија

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешниот министер за култура Хусни Исмаили

Published

on

Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Тетово поднела кривична пријава против Х.И. поранешен министер за култура, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата од член 353-в ст.1 и ст.2 од Кривичниот Законик.

– Пријавениот Х. И. во својство на службено лице- министер во Министерството за култура, ја злоупотребил својата службена положба и овластување со неизвршување на својата службена должност на начин што во периодот од 27.06.2019 до 30.08.2020 година, на ден 24.07.2020 година, несовесно постапил на начин што потпишал решенија и склучил договори со правни и физички лица за финансирање на проекти во вкупен износ од 31.824.000 денари, иако бил свесен дека со извршениот ребаланс на буџетот од страна на Владата на Р.С.Македонија објавен во Службен весник бр.126 од 15.05.2020 година, недостасуваат финансиски средства за веќе преземените тековни обврски во однос на годишните конкурси за финансирање на проекти, се појаснува во соопштението од Финансиската полиција.

Со горенаведените дејствија, се подвлекува, пријавениот Х. И. предизвикал штета на Буџетот на министерство за култура по основ потпишани решенија и склучени договори во износ од 31.824.000 денари.

Извор: Независен.мк

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк