Connect with us

Македонија

ЌЕ ГРМИ НА ГРАДСКИ: Влезниците за Македонија – Исланд се распродадени 🇲🇰

Published

on

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе има целосна поддршка на натпреварот против Исланд во рамки на квалификациите за Светското првенство (СП) затоа што целосниот капацитет на Арената „Тодор Проески“ е распродаден.

ФФМ прво во употреба ги пушти Северната и Јужната трибина, а по победата над Ерменија во Ереван (0-5) и ремито на Романија и Исланд кое ја стави Македонија во пол-позиција за бараж за првпат во историјата, влезници за овие трибини снема.

Поради големиот интерес, во продажба излегоа и влезници за Источната и Западната трибина, а неполни 24 часа по отворањето и на овие трибини, влезници веќе нема.

Секако, овој натпревар ќе се игра пред посетеност според протоколите, односно за заштита за ширење од коронавирусот. Натпреварот меѓу Македонија и Исланд се игра в недела од 18:00 часот, а доколку нашиот нациоанлен тим победи, ќе заврши на втората позиција на табелата.

Македонија

Николоски: Браната на Отињa во Штип ќе ја завршиме до 2026 година, определивме дополнителни 2 милиони евра за нејзина доизградба

Published

on

Браната на река Отиња ќе ја завршиме до 2026 година, нешто што многу влади ветуваа, ние ќе ја изградиме. Определивме дополнителни 2 милиони евра за нејзината доизградба, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, при денешната посета на општина Штип

Вчера се распиша тендер за доизградба на браната на Отиња, што конечно ќе значи завршување на овој долго ветуван проект. Определивме 2 милиони евра дополнително за завршување на браната, очекувам крајот на овој месец да имаме избран изведувач. Вкупната вредност ќе оди некаде 8 милиони евра кои што ќе се инвестираат во изградба на браната и оваа брана ќе има значење не само за Штип туку и за целиот реион бидејќи покрај за наводнување ова езеро ќе биде и за рекреација и ќе значи за сите граѓани од Источна Македонија. Она што е Мавровското Езеро за Западна Македонија, браната на Отињa да стане за Источна Македонија. Ова е проект кој што многу влади го ветувале, еве конечено со тендерот што вчера го распишавме ќе го завршиме. Можам да ветам дека до крај на 2026 година ќе биде завршено езерото, а веќе 2027 година во летната сезона да се користи. Вкупно смо оваа година за Штип инвестираме 12, 5 милион евра“, изјави министерот Александар Николоски.

Continue Reading

Македонија

Трошела службени пари за приватни цели

Published

on

ДКСК иницира постапка против екс министерката за култура

Антикорупциската комисија иницира постапка за злоупотреба на буџетски средства за приватни цели од страна на поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. Членот на комисијата Зоран Богоевски рече дека наводите за злоупотреба на парите се случила на службено патување во Лондон по повод 30 годишнината од дипломатските односи со Велика Британија.

„Наводите за употреба на буџетски средства за приватни цели се потврдуваат, со што се констатира дека биле потрошени средства за приватни цели. ДКСК ќе постапи во рамки на своите надлежности и ќе иницира постапка до надлежните органи“, рече членот Зоран Богоевски.

По извршениот увид во документите испратени од министерството за култура, за патувањето било побарано аванс од 1300 англиски фунти, од кои според ДКСК, 280 фунти не можат да се квалификуваат како трошоци за репрезентација и дополнително уште 485 фунти не биле потрошени за службени цели. Антикорупциска ги потврдува наводите од претставката и иницира постапка пред надлежен орган.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ неодамна излезе со обвинувања кон пратеничката на СДСМ и поранешна министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која, како што соопштија од партијата, додека ја извршувала функцијата во Владата трошела пари од буџетот за лични потреби и луксузирања.

Continue Reading

Македонија

АНТИКОРУПЦИСКА БАРА ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА ЧЛЕН НА СУДСКИОТ СОВЕТ Барал одговорност за врховни судии за предмет во кој адвокат била неговата сестра

Published

on

Според ДКСК игнорирањето на судири на интереси на членовите на Судски совет, кои вршат надзор и контрола на работењето на секој судија во државата, создаваат можност од влијание и вршење притисок врз судиите кои постапуваат во постапките каде што членовите на Советот имаат блиски лица, а со тоа на директен начин се влијае на самостојноста и независноста на судската власт.

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе поднесе иницијатива до Судскиот совет и до Здружението на судии за дисциплинска постапка против член на Судскиот совет поради „судир на интереси“ и поради „пристрасност при вршењето на функцијата“. Причина е што тој бил иницијатор да се поведе постапка за утврдување на одговорност на судии во Врховниот суд, кои постапувале во предмет во кој адвокат била неговата сестра.

По предметот реферираше антикорупционерката Цвета Ристовска, која рече дека имаат претставка против член на Судскиот совет од познат подносител, во која се наведува дека пријавениот се наоѓа во состојба на судир на интереси и при вршењето на функцијата покажува пристрасност и се раководи од приватен интерес.

– Во претставката се наведува дека член на Судскиот совет поднел барање до Судскиот совет да се поведе постапка за утврдување на одговорност на судии на Врховен суд, кои  биле и членови на Судечкиот совет кој одлучувал по вонреден правен лек, ревизија на предмет. Тужениот во овој предмет го застапувало адвокатско друштво во кое сестрата на члнот на Судскиот совет обавува адвокатска дејност – рече Ристовска.

Таа додаде дека членот на Судскиот совет во барањето за постапка за утврдување на одговорност на судии на Врховниот суд, навел дека тие постапиле нестручно и несовесно при вршењето на својата судиска функција.

– Службените лица, меѓу кои се и судиите и членовите на Судскиот совет, се обврзани во вршењето на функцијата да постапуваат совесно, стручно и одговорно, да ги почитуваат етичките норми, како и да внимаваат на евентуален судир на интереси. Тие се должни да го пријават постоењето на приватен интерес и да се изземе пред расправа и одлучување. Со оглед дека блиско лице, сестра на член на Судски совет била полномошник на странката која ја изгубила постапката пред Врховниот суд, не само што членот на Судскиот совет не смеел да постапува, туку не смеел ниту да се јави во улога на иницијатор за  постапка за одговорност на врховните судии – нагласи Ристовска.

ДКСК констатира дека, пошироко гледано, игнорирањето на судири на интереси на членовите на Судски совет, кои всушност вршат надзор и контрола на работењето на секој судија во државата, создаваат можност од влијание и вршење притисок врз судиите кои постапуваат во постапките каде што членовите на Судскиот совет имаат блиски лица. Со тоа на директен начин се влијае на самостојноста и независноста на судската власт, која треба да ја гарантира токму Судскиот совет.

Според ДКСК, членот на Судскиот совет постапил спротивно на членовите 73 и 75 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, со што сторил прекршок, за што Комисијата ќе поведе постапка за издавање прекршочен налог.

Тој постапил  спротивно и на член 33, став 4 од Законот за Судски совет, кој е основ за поведување на дисциплинска одговорност, па ДКСК до Судскиот совет и до Здружението на судии ќе поднесе иницијатива за поведување на постапка за дисциплинска одговорност.

Судскиот совет и Здружението на судии се должни по поднесената иницијатива за дисциплинска постапка на член на Советот да донесат одлука најдоцна во рок од 60 дена.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк