Connect with us

Македонија

Синдикатите ќе кpeваат бyнт пpoтив пpиcилната вakцинација

Published

on

Благоја Ралповски, лидерот на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), се жали дека новите мерки против ковид-19 предизвикале големо незадоволство кај нивните членови и ако власта остане на ставот да ги воведе, ќе се соочи со протести. Синдикалците предлагаат со стимулативни мерки за да се поттикне имунизацијата, а во спротивно нема да може да се контролира незадоволството, затоа што нема да се дозволи ниту еден работник да остане без работа, пренесува Плусинфо.

Новите мерки, според здравствените власти, треба да ги намалат последиците пред заканата од нов ковид бран, во кој се предвидува дека може и двојно да се зголеми бројот на заразени од опасниот вирус, дополнително ги поделија ставовите на граѓаните – голем дел од јавноста ги поддржува, но се на удар и на силни критики, па дури и се толкуваат како мерки за присилна вакцинација, иако е неизвесно кога ќе почнат да се спроведуваат.

И дел од стручната јавност се сомнева дека на ваков начин ќе се зголемува бројот на вакцинирано население и дека ќе се постигне заштита на здравјето на граѓаните. Некои дури одат дотаму што прогнозираат и засилување на антиваксерството, па за да не се случи тоа предлагаат да се размисли за стимулативни мерки кои можат многу повеќе да ја поттикнат вакцинацијата.

Експлодира незадоволството кај синдикалците

Во Комисијата за заразни болести нема доктори по медицина на трудот. Има голема недоверба. Кампањата власта ја остави само на тројца до четворица епидемиолози, не направи никаков чекор кон синдикалците, да седне со нив на иста маса, па така да го решаваат проблемот со вакцинацијата, вели Ралповски.

– Телефоните буквално прегореа, експлодира незадоволството. Илјадници прашања од вработените „зарем ќе го дозволите тоа?“, „ќе нè избркаат ли од работа по 30 години стаж?“ … Револтот е голем. Власта вели дека се спроведуваат исти мерки како и во Хрватска и во Србија, а сите знаеме што се случуваше таму и како тамошните власти заедно со синдикатите одеа на терен, спроведуваа едукативни кампања, имаа стимулативни мерки, имаа меѓусебен дијалог. Им објаснија на луѓето што се во недоумица за вакцините. А кај нас трчаа по провизии. Во Македонија нема ништо од тоа, настрана што во земјите со кои нè споредува министерот Филипче, тестирањето е бесплатно. Ние не сме антиваксери, но имаме многу наши членови кои се во недоумица. Ако останат на овие мерки донесени без анализи, кампањи и скрининзи ќе бидеме принудени на протести – вели Ралповски.

Стопанската комора на Македонија вчера побара да се воведе задолжителната вакцинација и во приватниот сектор. Само така, сметаат тие, ќе се постигнат колективни резултати во борбата со вирусот, но и ќе се овозможи континуитет на деловните процеси.

Спротивно на ова барањето на Комората, Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) смета дека се кршат основните човекови права и затоа бараат Владата, како што вели Ралповски, да размисли пред да ги донесе.

Тој објаснува дека трошоците за ПЦР тестовите не можат да ги платат работниците, затоа што над 80.000 вработени во јавниот сектор се на минимална плата, која не е доволна да се преживее.

Против најновите предлози е и Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Оттаму наведуваат дека вакцинацијата мора да биде резултат на лична определба на работниците и не смее да се спроведува со присила.

И Сојузот на стопански комори (ССК) е против задолжителна вакцинација за вработените во приватниот сектор.

– Нашиот став е дека правото на вакцинација која не е задолжителна е лично право на избор и не треба да се ограничува. Сметаме дека многу подобар ефект наместо со репресивни ќе се постигне со стимулирачки мерки и со навремено обезбедување на повеќе видови вакцини и релевантни информации за нивната безбедност – наведува ССК.

Извор: Плусинфо

Македонија

ШОКАНТЕН ИНЦИДЕНТ ВО АЕРОДРОМ Маж ја нападнал сопругата и ѝ се заканувал со нож

Published

on

Според информациите од СВР Скопје, по пријавата, полициски службеници веднаш реагирале и го лишиле од слобода насилникот. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

36-годишен скопајнец е приведен откако бил обвините дека физички ја нападнал неговата 35-годишна сопруга, како и нејзината мајка.

Инцидентот бил пријавен вчера, а се случил во домот на подрачјето на општина Аеродром, каде мажот ја нападнал сопругата, ја удрил, оштетил дел од покуќнината и ѝ се заканил со остар предмет. Понатаму, се заканувал и на нејзината мајка.

Според информациите од СВР Скопје, по пријавата, полициски службеници веднаш реагирале и го лишиле од слобода насилникот. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Македонија

„НЕМАМЕ ВОДА ЗА ГАСНЕЊЕ АКО СЕ ПОЈАВИ ПОЖАР НА СПРАТОВИТЕ“ Мемеди откри детали за Детска клиника и тврди дека се прави хајка против него

Published

on

Во последните 14-15 години од нашата Клиника заминале 40 специјалисти, половина од нив во пензија, а половина во приватното здравство и се поставува прашањето, зошто се случил ваков егзодус на стручен кадар од Детската клиника? Тоа прашање треба да се анализира. И овој проблем јас сум го наследил. Затоа, ваков гаф во смисла на кадар во институција, особено на Детската клиника, е прашање што треба да се решава во од, тоа не може преку ноќ да се реши, смета Мемеди.

Хидрофорот што обезбедува висок притисок за хидрантите што ни се по спратови во случај на пожар од 2018 година е надвор од употреба. Замислете, денеска да имаме пожар по спратови, ние немаме притисок, односно немаме вода за гасење пожар, рече директорот на Детската клиника, Реџеп Мемеди.

Тој истакна дека изминатиов период се води кампања против Универзитетската клиника за детски болести и лично против него, иницирана од поединци кои имале лични интереси и болна намера за власт и позиција, преку злоупотреба на детски судбини.

– Тие поединци многу добро знаат дека за дезинформациите, клеветите и расистичките натписи, кривично се одговара и затоа, немаат смелост да излезат јавно со име и презиме, туку се кријат позади лажен „Фејсбук“ профил. Меѓу другото, имаше тенденција да се прикаже дека за време на моето директорување, што беше само три месеци во октомври, сега четири месеци, има голема стапка на смртност на Детската клиника, но фактите го говорат спротивното – рече Мемеди на денешната прес-конференција.

Во однос на смртноста на Детската клиника, Мемеди рече дека сега има двапати помала стапка на смртност во споредба од пред пет години.

– Од прикажаната табела со податоци од информатичкиот систем на Детската клиника, јасно се забележува дека сега имаме скоро двапати помала стапка на смртност во споредба со пред пет години, односно трипати помала смртност во споредба со пред девет или 10 години, кога имало во просек и по девет умирања месечно, т.е. на секој трет ден по еден смртен исход просечно, во време кога други директоруваа со Детската клиника и имаше друга власт во државата – рече Мемеди.

Во четирите месеци откако е директор рече дека наишол на многу наталожени проблеми, нерешени со години. Кујната е во амортизирана состојба, лифтовите се стари над 40 години и два од нив се вон функција, а надвор од употреба е и хидрофорот од кој се напојуваат со вода хидрантите.

– Кујната каде се подготвува храната за децата и за бебињата е во комплетна амортизирана состојба, со инвентар што е над 20 години стар, што е многу тешко да се одржува по стандарди како што треба, со простории што се руинирани. Во вакви простории на Детската клиника, со години се подготвува храната за деца. Ова не е високоризично? Веднаш презедов мерки – изготвување решенија и сега сме во фаза на решавање на овој проблем – просторно и во обезбедување комплетно нова опрема и инвентар. Има неколку пумпи за вода што секојдневно прават дефекти, секоја недела имаме проблем и недостаток на вода. Една од тие пумпи е хидрофор што обезбедува висок притисок за хидрантите што се на спратови во случај на пожар и тој хидрофор од 2018 година е надвор од употреба. Замислете, да имаме пожар по спратови, ние немаме притисок, односно немаме вода за гасење пожар. Е, ова е високо ризичен момент – рече Мемеди.

Најави дека за кратко време ќе биде обезбедена комплетно нова пумпна станица, а за лифтовите рече дека се работи на проект и ќе се монтираат комплетно нови лифтови. Како што посочи, додека е тој директор набавен е нов ЕЕГ апарат.

Мемеди информираше дека кога стапил на функцијата, имал десетици барања, немало апарати за мерење тензија, монитори.

Во однос на забелешките од инспекцискиот надзор дека на Клиниката дежураат специјализанти, Мемеди рече дека специјализантите се присутни во секое време.

– Недостатокот на кадар е системски проблем што се провлекува со години. На нашата Клиника дежураат и специјализанти, меѓутоа во секое време тука се достапни специјалистите, кои исто така дежураат. Значи, не дека немаме специјалисти дежурни кои апсолутно дежураат. Меѓутоа, секако дека имаме сериозен недостаток на кадар. Во последните 14-15 години од нашата Клиника заминале 40 специјалисти, половина од нив во пензија, а половина во приватното здравство и се поставува прашањето, зошто се случил ваков егзодус на стручен кадар од Детската клиника? Тоа прашање треба да се анализира. И овој проблем јас сум го наследил. Затоа, ваков гаф во смисла на кадар во институција, особено на Детската клиника, е прашање што треба да се решава во од, тоа не може преку ноќ да се реши – смета Мемеди.

Тој нагласи дека во однос на забелешките од надзорните комисии за трите починати деца изминатиов период, само во едниот случај имало стручни забелешки.

– За кои јас сум презел мерки и ќе има индивидуална одговорност и веќе има. А во вториот случај за новороденчото од Струмица, наодот од стручниот надзор тврди дека нема никакви стручни пропусти. За последниот случај, наредната недела ќе има стручен надзор и ги очекуваме официјалните конкретни наоди – информираше директорот.

Околу преземените мерки за двајца лекари за смртта на 14-месечното бебе, директорот појасни дека согласно законските задолженија, тој формирал комисија за утврдување одговорност за дисциплински престап врз основа на официјалните извештаи од Комисијата за стручен надзор и постапката е во тек.

– Има законски рок од 60 дена, Комисијата да одлучи за мерките за одговорност за конкретните колешки – додаде Мемеди.

Continue Reading

Македонија

За изборот на членовите на судскиот совет потребен е цензус од повеќе од половина од гласачите. Постапката за разрешување на претседателот на советот ќе биде јавна, а може да биде започната по барање на само два члена од ова тело.

Published

on

Барање за поведување на дисциплинска постапка на член на советот, можат да побараат најмалку 10 судии. Ова се дел од предложените измени и дополнувања на законот на судскиот совет, за кои денеска се организираше првата јавна дебата.

Учесниците со поделени мислења околу цензусот за избор на судии. Генерално се согласуваат дека предложените измени имаат солиден текст.

Професор Давитковски дополни дека проширување на листата за кандидати за членови на судскиот совет е оправдана оти тоа е еден од начините да се зголеми довербата во правосудтсвото.

Претседателот на Судскиот совет Весна Дамева, очекува со новите измени да има квалитетен избор на судии, кои ќе треба да понесат одговорност ако се огрешиле.

Министерот за правда Игор Филков, се надева на квалитетни решенија за функционален и независен Судски совет. Ќе се организираат уште три јавни дебати. На крајот од годинава се очекува да се излезе со конечно решение, односно предлог за најавените измени на законот за Судски совет. Конечното законско решение се очекува да биде донесено најдоцна до јуни наредната година.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк