Connect with us

Македонија

Ким Мехмети: Албанците од Македонија се ѕидари на сопствената несреќа

Published

on

На македонските Албанци често им се случуваат трагедии. Толку често се соочуваат со најстрашните трагедии што не само тие, туку и нивните владетели, речиси се навикнати на нив и ги прифаќаат како нешто што им паднало случајно, како фаталност на која ниту имаат бегство, ниту имаат спас.

И по воздушните катастрофи во 1993 година, кога животот го загубија 194 жртви, главно Албанци, по „Сопот“, „Монструм“, ликвидацијата на Харун Алиу со неговите другари, случајот во Куманово…, пред две години, во близина на Скопје, се случи автобуската несреќа, во која животот го загубија четиринаесет патници.

Пред неколку месеци се случи трагедијата наречена тетовската болница каде што исто така живи изгореа четиринаесет лица.

А сега дојде и палењето на автобусот во Бугарија, каде што бројот на жртви е ужасен и голем дури и за воени околности и природни катастрофи од библиски размери.

И сите овие трагедии имаат нешто заедничко: изјавите на македонските државници, на чело со оние на ДУИ, преку кои им изразуваат сочувство на семејствата на загинатите и ветуваат што поскоро разрешување на трагедиите. Секако, не заборавајќи да се прогласат и денови на жалост, фотографирани речиси покрај телата.

Значи, откако ќе се случат трагедиите, крадците кои треба да се борат со корупцијата зборуваат за сомнителни коруптивни елементи, оние кои треба да ни гарантираат безбедно патување за возење на автобуси без лиценци, се жалат иситите оние кои го комплетираа календарот за Албанците со црни денови и овде ветуваат брзо расчистување на трагичните случаи.

Но, дополнително, овие трагедии се поврзани со нешто многу презирно за Албанците од Македонија, што е поврзано со нивната заборавеност, заборав што им помага многу брзо да ја надминат болката и револтот, и да се вратат на смирението кон моќните и силните.

Пишува аналитичарот Ким Мехмеди за АЛМАКОС .

Македонија

Мечка на патот кон Калето на Тетово

Published

on

Пред неколку моменти! Мечка на патот кон Калето на Тетово, речиси на влезот во градот.

Фотографија од Идајет Шаини, 26.11.2024

Continue Reading

Македонија

КОЊАНОВСКИ ГИ ПРИМИ БАЛКАНСКИТЕ ПРВАЦИ ВО БОКС, БРАЌАТА РУСТЕМОВСКИ

Published

on

Градоначалникот Тони Коњановски денес организираше прием на браќа Рустемовски, Ружди,Ален и Ардијан кои настапија на Балканско првенство во бокс кое се одржа во Лозница, Србија и се вратија со победа обезбедувајќи златни медали.

Ален Рустемовски во категоријата до 57 килограми во финалето беше подобар од украинскиот ривал Денис Роздолски.Од друга страна, Ружди Рустемовски боксуваше и го победи домашниот боксер во Лозница, Стефан Чамовиќ од Србија. И двајцата наши сограѓани освоија златни медали.

Ардијан Рустемовски се закити со сребро, откако во финалето изгуби од Украинецот Зименко.

„Градоначалникот Тони Коњановски им упати искрени честитки на нашите сограѓани кои достојно ја претставија Битола и македонскиот бокс во Лозница и направија одличен резултат со желба и надеж во иднина да бележат поголеми успеси и нови победи“.

Македонија на ова Балканско Првенство кое се одржа во Лозница, Србија, успеа да се закити со два златни, еден сребрен и пет бронзени медали.

Continue Reading

Македонија

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи

Published

on

Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола во рамки на соработката со бизнис секторот обезбеди можност за користење стипендии за студенти од семејства со ниски приходи.

Апликативниот процес се реализира преку Центарот за кариера, алумни и доживотно учење кој работи во состав на УКЛО-Битола, а се однесува за студенти на Електротехничкиот отсек при Технички факултет-Битола.

-Нашите студенти може да учествуваат на објавен повик за доделување десет стипендии од програмата ЛОСТ за стипендирање студенти од УКЛО од семејства со ниски месечни приходи, студенти на Електротехничкиот отсек при Техничкиот факултет-Битола. ЛОСТ е проект на ЕВН Македонија АД Скопје, кои ќе доделат 10 стипендии во висина од 10.000 денари месечено, за студенти од семејства со ниски приходи. Повикот е со широк опфат и може да се пријават студенти кои прв пат се запишале во прва, втора, трета или четврта година, информираа од УКЛО-Битола.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк