Connect with us

Македонија

Таткото ја силувал, мајката ја подведувала за проституција за 500 денари, на крајот ја продале во Косово за 3000 евра

Published

on

По претходно донесената Наредба за спроведување на истражна постапка, обезбедени Наредби за приведување на осомничени лица од судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција даде насоки на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Министерството за внатрешни работи за преземање на дејствија.

Во акцијата се приведени тројцата осомничени за кои постои основано сомнение дека првоосомничениот сторил две продолжени кривични дела и тоа кривично дело – Родосквернавење и кривично дело Трговија со дете, додека останатите двајца осомничени сториле продолжено кривично дело Трговија со дете.

Првоосомничениот, татко на шест деца, од кои на три малолетни девојчиња, искористувајќи исти прилики во подолг временски период извршувал обљуба со една од своите малолетни ќерка. Во исто време второосомничената злоупотребувајќи ја својата положба, како мајка на детето кое не наполнило 14 години, го подведувала девојчето да врши полови дејствија за паричен надомест со третоосомничениот. Таа му го носела девојчето на третоосомничениот, во неговата куќа и за паричен надомест од по 2.000,00 денари, а понекогаш од по 500,00 денари, ја принудувала да се соблекува и да има сексуални односи со него. Доколку детето – одбиело, мајката употребувала физичка сила.

Исто така, првоосомничениот злоупотребувајќи ја својата положба како татко, ја продал својата ќерка, на маж од Косово кој го пронашол преку интернет. Откако бил исплатен паричен надомест од 3.000,00 евра, девојчето било однесено во Косово заради склучување на присилен брак. По два месеци тоа дошло на гости кај нејзините родители, а првоосомничениот со оправдување дека било многу далеку не ја вратил во Косово и продолжил да врши обљуба врз својата малолетна ќерка.

Во текот на денот осомничените се изведени пред судија на претходна постапка кој го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и на сите осомничени со решение им определи мерка – притвор во траење од 30 дена.

По насока на јавниот обвинител малолетничките се згрижени од страна на ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи – Скопје. За кривичните дела за кои се товарат осомничените е предвидена казна затвор во траење од најмалку 10 години, односно 12 години за дејствијата за кои се товари третоосомничениот.​

Македонија

Меџити: Обезбедивме 6 еколошки автобуси за ЈСП Скопје, а планираме уште 120 електрични за целата држава

Published

on

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, објави дека Министерството со поддршка од Европската Унија успешно обезбедило 6 еколошки автобуси кои ќе бидат донирани на ЈСП Скопје во текот на наредната недела.

„Ја разгледуваме и можноста за набавка на 100-120 електрични автобуси, со што би понудиле одржливо решение за јавниот превоз во земјата и значително би го подобриле квалитетот на воздухот, особено во Градот Скопје,“ истакна Меџити.

Предвидено е новите автобуси да бидат распределени не само во Скопје, туку и во други општини со организиран јавен превоз. Меџити подвлече дека Владата ќе продолжи да работи напорно за доброто на граѓаните, ставајќи ја нивната благосостојба во прв план.

Continue Reading

Македонија

Филипче: Ќе соработувам со сите за да се спротивставам на лошите политики на власта

Published

on

„Ќе соработувам со сите за да се спротивставам на лошите политики на власта“ рече денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче на 30-от партиски конгрес и изјави дека СДСМ ќе го вратат на победничките патеки.

Тој рече дека нема волшебно решение преку кое СДСМ ќе биде владејачка партија.

Наведе дека е потребно многу работа и дека да се води државотворна партија е посложено од операција. Порача дека со многу критики се согласува и тие ќе бидат водилка, а за поразот на изборите, рече дека не е крај, туку нова шанса.

„Точно е дека ЕУ и НАТО не се мачкаат на леб, граѓаните сакаат ефикасна држава“, додаде Филипче.

Смета дека биле сервилни кон коалицискиот партнер, не се справиле до крај со криминалот на претходниците. (Фокус)

Continue Reading

Македонија

Исчезнат е Виктор – најблиските бараат помош од граѓаните

Published

on

Чиетиресет и едногодишник од селото Младо Нагоричане бил пријавен за исчезнат вчеравечер од неговата мајка.

– На 22.11.2024 година во 20.30 часот во СВР Куманово М.Н.(62) од село Младо Нагоричане пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот син В.Н.(41), информираат од Секторот за внатрешни работи.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Апел за негово пронаоѓање се врти и по социјалните мрежи.

На 19.11.2024 од својот дом се одалечува Виктор Николиќ.Од тогаш му се губи секоја трага,се замолуваат сите ако го имаат видено или ако имаат некоја информација да се јават во најблиската полициска станица или на број +38970568382.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк