Connect with us

Македонија

Радев со УЛТИМАТУМ од Брисел: Бугарите мора да влезат во македонскиот УСТАВ

Published

on

Претседателот на Бугарија Румен Радев за време на престојот во Брисел за европското електронско издание Еуроактив изјави дека Република Македонија мора да го промени својот Устав. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Радев ова би бил чекор кон решавање на спорот меѓу Софија и Скопје.

Според Радев, се смета дека Бугарија и Македонија се во процес на повторно преговарање за Договорот за пријателство и добрососедство, но тоа не е така.

-Ние сме во процес на барање начин за подобро спроведување на овој договор. Договорите треба да се почитуваат. Ова е главен предуслов за да се биде член на ЕУ. Договорите на ЕУ мора да се почитуваат на ист начин, истакна Радев.

Според него, најголемата грижа на Бугарија е што Република Македонија не ги применува основните принципи и вредности на ЕУ, како што се човековите права и недискриминацијата.

-Пред четири години верувавме дека договорот ќе ги реши проблемите во билатералните односи, на ист начин како што тоа го правеше Договорот од Преспа, но денеска има заостанување по сите точки од него. Расте говорот на омраза против Бугарија, нема политичка волја за отстранување навредливи текстови во учебниците, нема политичка волја да се запре фалсификувањето и уништувањето на бугарското културно и историско наследство во овој дел од светот, вели Радев.

Дискриминаторскиот третман на македонските Бугари трае со децении. И тоа, вели тој, треба да престане. Според него, денес повеќе од 120.000 македонски граѓани имаат и бугарско државјанство и тие, посочува Радев, не се само бугарски државјани, туку и граѓани на ЕУ, а тоа значи многу кога станува збор за човековите права.

-Македонските Бугари мора да бидат третирани подеднакво со сите други групи на луѓе споменати во нивниот Устав. Се работи за принципи, а не за преговори. Сакаме да видиме неповратни и одржливи резултати, законски обврзувачки, рече бугарскиот претседател.

На Република Македонија и требаа шест месеци да го спроведе Договорот од Преспа со Грција, па дури и го сменија името на својата земја, вели Радев и реторички прашува зошто е толку тешко да се додадете еден, единствен збор – „Бугари“ во Уставот на Република Северна Македонија.

Македонија

Земјотрес почувствуван во Македонија

Published

on

Земјотрес со јачина од 2,1 степени според Рихтер утрово е регистриран во Македонија.

Според првите информации од ЕМСЦ, епицентарот е на 21 километар од Кичево.

Continue Reading

Македонија

Илиевски: Нека е честит Денот на албанската азбука!

Published

on

Градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски, упати честитка по повод Денот на албанската азбука, истакнувајќи ја важноста на јазикот и културното наследство. Тој порача дека различностите се богатство што треба да го негуваме и дека општина Брвеница ќе продолжи да гради заедништво и меѓусебна почит меѓу заедниците.

Continue Reading

Македонија

Меџити: Албанската азбука е составен дел од идентитетот на секој албанец

Published

on

На свечената академија, кој што се одржа во Владата на Република Македонија, по повод Денот на албанската азбука, свое обраќање имаше и првиот вицепремиер Изет Меџити.

– Конгресот во Битола беше повикот од бришењето и асимилацијата на албанскиот јазик од меморијата на албанците. Оваа мобилизација на албанската интелигенција и политичкото раководство во Битола во 1908 година, токму во времето на востаничките движења на балканските народи, означи нов моментум за албанците на почетокот на 20 век. 

Меџите додаде дека како прв вицепремиер му е чест да биде домаќин на официјалните манифестации кои ќе се одржуваат во текот на денот по повод Денот на албанската азбука.

После свечената академија во Владата, како што кажа Меџите ќе се продолжи со Научен симпозиум во Институтот за албанско наследство, доделување на наградата 22 Ноември во Собранието, како и културно уметнички манифестации во Битола.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк